Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Терапијата за хипер не е доживотна... Како и да е, добро е пред да почнеш било што да побараш и второ мислење.
    И ако веќе почнеш со терапија, да почнеш со најмала доза. Немам искуство со хипер, но
    Некои симптоми личат на хипо, а некои на хипер... Како и да е, пред да почнеш терапија, те советувам да направиш комплетно испитување ако не испитале се, па ако треба и два пати во различен ден и лабораторија
    (TSH, fT3, fT4, anti-TPO). Ako на ехо се види дека има јазли на тироидната, можеби треба да се направи пункција, да се види какви се. Што и да е, побарај и второ мислење. И не се секирај, што е тука е, ќе се среди :) Пиши што ќе ти кажат, па ќе се советуваме
     
    На s1a1n1d1r1a1 и bijonse им се допаѓа ова.
  2. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Е па не знам како одат точно тие хипо-хипер. Претпоставувам бидејќи ми рекоја зголемена функција- хипер. А уште немам официјална дијагноза баш заради тоа што ми препорачаа уште еднаш да ги повторам хормоните пред да почнам со терапија.
    Случајно ојдов кај една воопшто што не ме бендиса докторка Снежана мислам во Битола на болница. Јас сакав кај друга Кети бидејќи имам слушнато дека е добра. Ама кај неа слободен термин има на 16 декември. Матичната ми препорача да одам еднаш кај оваа и да ми даде терапија ако е потребно оти за еден месец може и да ми се влоши состојбата со косата конкретно. А после на 16ти јас посекако ќе си одам кај Кети оти не планирам кај оваа да одам.
    Јазли немам но ми била зголемена. Што и да значи тоа. Набрзина прегледуваат никој ништо не ти објаснува. Утре затоа ќе одам со тетка ми заедно и нека се расправа таа таму.
    Иначе и овај упат ми е за 3 хормони не ми е за многу. Не знам јас стварно шо да преземам кога тие треба да ми кажат и да ме упатат. Прв пат се среќавам со оваа состојба и стварно не знам како треба ете затоа и овде прашав.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    секој организам е различен но една е штитна жлезда со иста функција кај сите со потреба на ЈОД , никој не ја лечи причината , а ова давање на еутирокс однсно готов хормон НЕ Е ЛЕЧЕЊЕ од лекарот туку само под инерција давање доза според некоја шема горе доле 25мг, 50мг,100мг еутирокс зависно од лабораториските тиреохормонски вредности за да се остранат веке појавените лоши последици ОД НЕДОСТАТОК НА ЈОД кој знае колку време како дефицит во организмот, нашето тело ќе реагира да имаше околу нас ЈОД , но ние сме област со дефицит на јод и во исхрана и во земја и во вода... ќе ти дадам само пример како дете мало тукушто заодено го гризе и јаде зидот во собата.??... или дете надвор играјќи зема со рака и јаде земја ? да да земја ! ...првото дете има недостаток на калциум и природно само си го надокнадува , другото дете има недостаток на железо и на таков начин сака телото да надокнади...а со јод?? како кога никаде го нема? тоа е многу важен елемент во нашето тело што го нема и упорно не го внесуваме и не се формираат тиреохормони оти нема ЈОД , за да се синтетизира Т4 треба да се ,,спои аминокиселина со јод,,, нема ЈОД нема Т4 тогаш збувнува ТСХ да провоцира да се создава оти телото веќе трпи лоши симптоми...
    направите еден експеримент за значението на Јодот , земите едно скоро овенато цвеќе било какво ставете го чаша со вода во која ќе ставите малку јод... кажете ми што ќе се случи по 2,3 дена ??:f:
     
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    @s1a1n1d1r1a1Ќе бидам искрена 5 години се влечкам кај нас на болница и никој не ми обрнал внимание ич,од почеток одев кај др Златко,тој е така повеќе стручен ама и тој не се замараше многу многу,ќе ми запишеше симптоми и промени од контрола до наредна контрола и толку,сум била и кај Кети и Снежана и ништо тие бетер беа и од претходниов доктор,и ми остануваше уште др Јован,еве кај него одам 2 год,и го молев буквално јас лично да ми прави ехо на тироидата,ни на интернист не ме праќаше,едвај еднаш,и само Тсх ми дава да испитам...прегледот ми трае кај него 1 мин буквално,сам си пише нешто ме прашва дали имам промени некакви и одма ме пушта да испитам хормон,ич несакам да одам кајнего ама морам,тој лично ме закажува и ме води кај него,а порано ме закажуваше матичната кај што сакам јас.
    А на интернист бев кај 2 млади волонтерки,на кои им бев глушец лабараториски,џабе одев помош никаква :D
    Сума сумарум,ако успееш да најдеш термин кај Златко таму да си одиш,пак ќе речам има знаење големо,само и тој не се замара многу,ама види пробај си ја среќата,спрема овие другиве е поарен :D
    Јас сум хипо и еве 5 год пијам еутирокс,а никакво подобрување немам,на ехо нема никакви промени,преку крвта е стабилизиран тсх а надворешни промени јас уште имам,тежината ми се зголемува,косата ми опаѓа,се препотувам,менструален циклус немам некогаш и по 5 месеци и што уште не :D докторов ми вика морам да пијам доживотно,не знам...
     
    Последна измена: 10 ноември 2016
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Posto ne sme cvekinja, da rezimirame: spored tebe tiroidnata moze da se izleci SAMO so vnesuvanje na jod i Eutiroks ne treba da postoi.
    (Btw i luge koi ziveat pokraj more imaat problemi so tiroidna)
     
  6. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Dozata regulirajte ja so doktorot. Jas osetiv promeni tek so najvisoka doza
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Dr. Brownstein , укажува за ,,гоитрогени ,, супстанции односно бром,флуор,хлор кои воопшто не се потребни на организмот немаат никаков терапевтски ефект, а ние го внесуваме на различни начини и тие го завемаат местото каде би требало јодот да се сврзе и затоа тие уште се познати како причинители на гушавост , бром е познат канцероген кој се сврзува за рецепторите на јодот ( најчесто во дојките) и затоа ако им се направи испитување на особите со рак на дојка ќе се увиди појачана присутност на овие халогени како бром и флуор во споредба со жените што немаат рак на дојка а истите депониран им е јодот во дојките со тоа може да се каже дека јодот има антиканцерогено дејство , инаку ДА ! женските гради ( дојки) се главни депоа на јодот и затоа е важноста голема за оптимален секојдневен внес на јодот како за работа на штитната жлезда , така и за нормална структура на дојката , исто така голема концентрација на јод се наоѓа и во јајниците , така да недостаток на јодот доведува до губење на рамнотежата на еднокриниот систем , така да нема шанса некој да има урамнотежени хормони без адекватна количина на јод.
    ... многу здравствени работници ,,се плашат,, од јодот оти не се целосно запознати со негова биохемија и физиологија и затоа денес многу од нив едногласно се позади тоа дека ЈОДОТ доведува до хипотироидизам а усвари јодот помага за нормализирање на тироидната функција !:!:
     
  8. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    веке нема да коментирам , оти гледам дека цинично се однесуваш , јас сакам да помогнам и не се откажувам не само тука туку и на друга реална страна ...
    ти реков можеш да се удавиш во јод покрај море ....прашање дали се ресорбира во тебе СЕКОЈДНЕВНО преку уста на жалост не иде преку кожа па сега ми даваш пример за покрај море?а богами денес покрај море не јадат секојдневно морски плодови со килограми за да го дополнат јодот од нив ,сите се на џанк храна дефинитивно, и секоја морска сол не содржи јод ако не проверено и потврдено со сертификат.
    има многу примери ...може да се пие секојдневно кило сируп со железо против анемија, прашање дали се ресорбира железото , ако нема Вит Ц ...итн :(
    Еутирокс не е лек - тој делува како лек на симптомите поради недостаок на ЈОД и немање Т4 хормон...НО НЕ ЛЕЧИ тој е хормон вештачки е внесен за да ја извршува функцијата што треба да ја прави штитната жлезда , внесување на готов хормон ја прави постепено штитната жлезда трома оти нема јод и таа ќе си ја изгуби тотално функцијата , затоа велат доживотно со еутирокс за хипо или со ПТУ за хипер ...а тие што внесуваат готов хормон само со време све повеќе ќе ја зголемуваат дозата како умира функцијата на штитната жлезда до тотално хирушки остранување доколку се појават јазли, нодуси цисти и зголемување на штитната жлезда оти нема со што да функционира и така реагира со притискање на душникот -нема назад ! :(
    ...инсулин е хормон од панкреас? така ? ни ја средува гликозата од крв ја носи во клетките кај што и е местото ? така ? ако нема инсулин гликозата во крв е со висока вредност и прави лоши работи во телото - симптоми дијабетски ? така ? и за да се избегне тие лоши симптоми се внесува готов хормон инсулин за да врши работа што не ја врши панкреасот кој веќе не лачи инсулин ...:worried:слична приказна ...и тука се прават грешки , но тоа е друга тема !
     
    Последна измена: 11 ноември 2016
  9. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Мене пак ми рекоја Јован и Кети биле најдобри. Наводно. Кузнај како е...
    Иначе сигурно треба промена на дозата... Чим не ти се повлекуваат симптомите. Ако имаш пари на приватно да си одиш најарно... И јас би отишла ама немам пари моментално :(
    Не знам стварно шо да речам.... Жално е вака шо е.
    Не знам кој пат да го фатам. Дали да одам да не одам да примам терапија да не примам... Никој не ми е за вервање........ Ова Снежана се запна на приватно да ме пушта кај некој шо му вервала таа демек да испитам хормони.Како можи така јас не знам.
    Ко лудача ми е. Не ме ни ислуша салам.
    Ми се смачи. :(
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    А не ви даваат матичните да си закажете во Скопје на нуклеарна медицина? Пошто таму не е вакво... Се ќе ви испитаат...
     
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Не знам... Тука не пуштаат... И тука сите различно кажуваат.....

    Има некој на приватно сакам во Битола?
    Кажете ако знаете немам нерви веќе....
     
  12. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Побарајте си од матичните упат за во Скопје. Пошто они нема да ви дадат приоритетен - прво ќе ве пратат на интернист и на интернистот објаснете му дека сакате во Скопје. Не се исплати приватно - ќе те маткаат секој месец со контроли, ехо секој месец - минимум по 1500 денари е секој преглед... Во Скопје на нуклеарна ти закажуваат најчесто за 3 месеци на почеток, а после поретко... И прегледот чини од 120-190 денари, зависи што ќе испитуваш. Секако се и најстручни а и зашо да плаќате приватно кога фондот ви покрива?
     
    На Onyx, LollySky и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Не знам дали можи така... Ќе прашам баш..
    Мене еден доктор ми вика не ти паѓа косата од тироидната, друга докторка ми вика од тоа е.
    Пола коса ми падна веќе страшно станува... Понеделник ќе одам и на дерматолог.
    Ако не ќе барам ете за Скопје.
     
  14. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Јас не сум од Скопје затоа ти кажувам дека даваат. И кај нас има доктори кои се праат дека разбираат проблеми со тироидна, ама никој паметен не оди кај нив :)) А косата и те како може да паѓа од проблеми со тироидната
     
    На LollySky и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  15. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    На преглед за тироидна пред 1 месец , беше констатирана намалена функција и докторот препиша Еуториск 50 мг. После 1 месец, тироидата е во нормала.
    Дали е можно да има нешто поради стресна состојба и поминати 2 недели во болница??
     
  16. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    А да те прашам приватен интернист може да ме упати во Скопје?
     
  17. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    da, jas taka idev poslednite 2 pati posto si gi utnuvav terminite koi mi bea zakazani.
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Е па ко така ќе одам на дерматолог да видам шо ќе кажи па ако не кај интернист и Скопје ќе дојдам... Нека ми кажи некој салам оти ќе полудам.
    Фала ти.
     
    На izmislena му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.655
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Денеска бев на патафизиологија,и точно два часа поминав.Резултатите за една недела;)
    Тамо нема мој термин,и е многу неорганизирано....бар по мене,таков впечаток добив:)
    За сите што ќе одат,да си знаат:hai:
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kavadar4anka

    kavadar4anka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    4.388
    Пол:
    Женски
    баш заради тоа одам на приватно во АТИКОР и се завршувам за 2 часа, и преглед и резултати и терапија
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.