Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.218
    Те немаше, гуглаше и ништо не докажа, затоа што се поби. Во зависност од користењето на методот се одредува и референтните вредности.

    За твоја среќа го најдов резултатот дома. Мојата грешка е што реков дека е 63, но било 60. Но докажува дека тоа што упорно го зборуваш дека не е точно.
    DSC_2998.JPG
    И сега?
    И да дополнам. Во цела декада малтретирање, имам правено анализи кои по метод и тсх и т4 го изразувале во двоцифрени и троцифрени вредности. ЗАВИСИ ОД МЕТОДОТ што го применува лабараторијата.
    Овој конкретни ти е од патофиза и не знам што метод користат. Но од авицена знам дека е EАCLIA метод и ти е се едноцифрени со заокружено до два децимали.
    Аман веќе, следно и предупредувам модератор, загрозуваш туѓо здравје!

    Пак ќе ти речам, ок да си ентузијастична, ама појади неколку векни леб па после. Памтам и ја бев таква, ама не ги убедував другите да одат по мојот пат. Туѓо здравје во свои раце, а да не сум доктор - НЕ.

    Господ здравје да и даде на Лоли скај со ашвагандата.
     
    Последна измена: 18 ноември 2016
    На s1a1n1d1r1a1, joy1, kavadar4anka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е од луѓе што се праат стручњаци на форумов. Уште полошо - доктори со тесна специјалност.
    Ајде сега на сите да дозволиме да не лечи некој си член тука и да игнорираме се што ни кажувале докторите уназад со години кои поминале мин.10 години во изучување на таа област.
    Договорено?
     
    На LollySky и Lilit им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.218
    Следно ќе барам од модератор да ја среди темава.
    Не може ова вака.
    Среќа па и разбирам руски, кај корени, па и ради тоа почнав и да го учам, фатив да гуглам од кај вади информации. Не, не сакате да знаете од кај ги вади. Надри лекари.
     
    На izmislena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Сликите кои ги вади се коментари од форуми. Какви лекари, какви бакрачи
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Да ве замолам повеќе информации за Ашвагандата ...како се употребува и од каде ја земате .
    Дали е безбедна за нас со Хашимото и Хипо ...инаку сум на безглутенска исхрана ,без млечно и шекер 5 год ...далеку подобро од претходно
     
  6. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Ашвагандата ја имаш во Свонсон - се пие една-две таблети дневно и нема никаков ефект.
    Исто како и безглутенската исхрана - за мене. Кажи ми - какво подобрување осеќаш?
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.218
    Има и во Биокосмос, 260 денари, по една на ден, а 60 таблети се.
     
    На izmislena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Симптомите што ги имав претходно како тахикардија .,стегање околу вратот ,болки во желудникот ,опстипација , скоро и да ги немам ...ама навистина треба упорност ,цврст карактер , а резултатот ќе го осетите( бар кај мене беше така) после некоја година полека симптом по симптом ќе си исчезнуваат (пишувам од лично искуство) ....многу повеќе енергија ,отоци никакви ...за до душа и претходно немав многу ...повеќе околу очите ми беа , немам вртоглавици ,железото ми е супер само со исхрана
    ТСХ ми е веќе 5 год околу 2 а антителата си варираат кај мене обично ми се високи ...но важно ми е што немам некои проблеми како што читам и панични напади ,изостанок на менструација барем тоа ми е ок
     
    На Onyx и LollySky им се допаѓа ова.
  9. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...што не е точно? за да кажеш нешто ,,не е точно,, мора и да докажеш со објаснување закани од тип на предупредување на модератор ама апсолутно не ме ме плашиш, не прекршувам ниедно правило за комуницирање во социјални мрежи,напротив истиот треба да се заблагодари да има присутно медицинско лице кое колку толку се труди нешто да направи доколу го споделува своето искуство од посети на европски & светски конгреси, симпозиуми , работилници од едукативен карактер од разни области на медицината, јас ќе пишувам во интерес на вистината, ТИ не мора да ме читаш или повели покани некој ендокринолог овде па малку да дебатираме нека тој ме убеди, зарем сите МКД портали со различни упатства од медицинска област се точни?кои таму гарантира ,,загрозување на здравје,,? е тука е проблемот во што се побив? продолжете вие споделувајте си разни недокажни клинички лекарства преку ноќ избиени на пазарот, ниеден еднокринолог немате на ниеден форум каде може да помогне и на таков начин вон својата ординација, давајќи одговор на сите поставени прашања? а? или нивна работа е ( како напиша погоре една членка? да разговорот со него не траел ниту 5 мин препиша само нова количина на хормон и ајт контрола по 3 месеци ) ... тоа ли е лечење на хипо состојба на штитната жлезда? со само давање на готов хормон и ради реда мерење на тирео хормони недајбоже да не го предозирал или не дал доволно се додека не се откаже од функција скроз штитната жлезда и оперативно ќе мора да се острани? :(
     
  10. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ..опомената на модераторот ќе ја сватам како укажување на непожелноста на мојот труд од ова област на форумот без никаков доказ и познавање за тоа што завзема страна на лаик член во интерес на комерцијална страна на форумот со задржување на квантитетот во интерес на квалитет ...така да залудно се трудам да помогнам , останете ми со здравје ...
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.218
    Сега стана и медицинско лице...
    Девојче, Бјонсе, Иги Азалеа како год, ова не е медицински факултет, нема да докторираш тука, јасно ти е?
    Ние се согласуваме дека докторите кај нас не се ок и не се во тек, ама не па до толку. Ти даваш ризични совети од кои некого може да го чинат живот.
    Својата потреба да се докажуваш насочи ја кон помалку опасни теми од оваа.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    580
    информативно
     
  13. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    За ашвагандата прочитав дека е адаптогено растение кое би требало да ги балансира хормоните, односно да ја среди хормонската нерамнотежа пред се на хормоните од надбубрежната и тироидната жлезда, а преку тоа да влијае и на баланс на целиот ендокрин систем.

    https://draxe.com/ashwagandha-proven-to-heal-thyroid-and-adrenals/
    http://hypothyroidmom.com/the-many-benefits-of-the-adaptogen-herb-ashwagandha/

    Како што имам пишувано, граничен случај сум, т.е. хашимото субклинички хипотироидизам дијагностициран пред година и пол (тсх се движи од 3.1-5.9, фТ3 и фТ4 во нормала, антиТПО помеѓу 90-250) , што би се рекло идеален кандидат за експерименти со природни лекови и исхрана пред евентуално да почнам со еутирокс.
    Лично сметам дека е прерано да пишувам за искуство и ефект од ашваганда затоа што ја земам само околу месец и пол. Моментални ефекти кои ги почувствував се општа смиреност, чувство на топлина неколку часа по земањето, а единствен да речам подолготраен ефект е што за прв пат по можеби три години циклусот ми е на 28 дена а обично се движи помеѓу 37-50 дена (помеѓу другото благословена сум и со полицистични јајници). Не можам да кажам дека е ради ашваганда, само еден месец е поминат ама сепак ќе продолжам.
    Не би пишувала повеќе за ашваганда за да не ја фалам прерано, истражете по интернет. Јас ја пијам како прав од корен на ашваганда, по едно мало лажиче на ден растворено во чаша топло млеко со лажица мед.

    Наjнов моj експеримент, од вчера почнав со ендонорм. Конечно ке ja решиме дилемата дали делува :D
    Планирам да го пиjaм два месеци, стартувам со TSH 4,2.
     
    На Lilit и izmislena им се допаѓа ова.
  14. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Ако е медицинско лице-нека отвори тема: побарај совет од доктор (за проблеми со тироидна во случајов)
    Е дури тогаш ќе ангажирам близок човек ендокринолог кој ќе ја стави на место.
    Дискутабилно е дали е медицинско лице - ваков човек едноставно НЕМА време да се препукува на форуми (не е само овде, и на кајгана врши тортура по оваа тема).
    Да даде еден-два совета, разбирам. Мене еве овој пост ми одзема 7 минути од времето. Нејзините се барем дупло и ги постира секојдневно по минимум 5. Плус вадење скриншотови од форуми и квази медицински портали. Ова е веќе некаков психолошки проблем, ама има покомпетентни од мене што би требало да го прокоментираат тоа.
     
    На Lilit и LollySky им се допаѓа ова.
  15. La niña

    La niña Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали некој се соочува со симптом проблем во видното поле и инфекција пред да му дијагностицираат тироидна? Имам непријатно чувство во вратот каде што се наоѓа жлездата цела една недела. Или дали може лекарствата да ми направат проблем со штитната жлезда?
     
    Последна измена: 20 ноември 2016
  16. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    jas imav loso vidno pole i namalena funkcija na tiroidata ama zaradi hipofizata
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.654
    Пол:
    Женски
    @LollySky ме зaинтересирa,зa aшвaгaндaтa.Кoристиш еутирoкс вo кoмбинaцијa сo aшвaгaндaтa или сaмo неa? И кaкo дoјде дo oвaa дoзa зa кoристење?
     
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Не Lunicka, се уште немам почнато еутирокс. Вредностите на TSH ми се гранични, 4.2 е последната, па пробувам да ja активирам жлездата по природен пат. Еутирокс секако не ми бега, и да не успеам :)
    За ашваганда читав на интернет, постирав погоре линкови од две страни а има и многу други. Пишува дека е прва по коja треба да се посегне при проблеми со тироидната и надбубрежните жлезди. Дозата ja пишува на кесичето од ашваганда, а препораката за со млеко и мед ja прочитав по интернет. Ашвагандата во прав е малце така специфична, да не кажам гадна, а на овоj начин сосема ми е ок и можам да ja пиjaм без проблем
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.654
    Пол:
    Женски
    Кaкo штo се инфoрмирaв aкo веќе се пoчнaлo сo терaпијa не требa дa се кoристи aшвaгaндaтa...рaзлични стaтии рaзличнo пишувaaт...
     
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Минатиот месец tsh ми беше 4.6, по нецел месец повторување на резултатите tsh 2.5 без никаква терапија.
    Ме пратија да испитам антитела за Хашимото.
    Истражував на нет за ова и тука читав ваши коментари....
    И немам некое прашање посебно...
    Веројатно е така да се зголемува/намалува?
     
    На meckicka и LollySky им се допаѓа ова.