Ligavarnik moojjj sakammm te Od tolku so me iznenadi ispobrkav se i ne mozam da ti pisam ...Sakam te i ja najveke ligavarnik moj ...I ovoa ne go ocekuvav ....Aj lov juuuuu ❤❤❤
Со мајка ми бевме да испитаме хормони на своја рака, без препорака од доктор. Кај мене нивото на тиреостимулирачки хормон (TSH) ми е 0,8 а во референтна вредност стои 0,5-5,2. Слободниот тироксин (Т4) ми е 12,1 а во референтна вредност стои 9-19. Дали е загрижувачки тоа шо тсх е блискѕ до ниска граница?
Каде ги испитуваше хормоните? Сакам да отидам приватно ( без упат) но во Авицена е 800ден од хормон. @LollySky можеби ти или некој друг знае каде би можела да испитам, но да не е толку скапо? Фала
@Avery Мајка ми начекала купон од Групер, мислам дека се викаше Пзу Павлина, се наоѓа во Кисела вода, кошташе околу 1000 денари за двете, за испитување на TSH, T4, FSh, LH, пролактин и естрадиол. Ама таа што работи таму врска нема од земање крв, на мајка ми 10тина минути се мачеше да и најде вена и и направи огромен подлив, достигаше до половина подлактица и половина надлактица, а јас, имав болка во цела рака 5-6 недели што потекнуваше од делот кај шо ме боцна.
Во Amedela имаше промотивен пакет TSH+fT4 за 800 денари ама не знам дали сеуште важи. Во глобала, најдобро е да проверуваш grouper, често даваат купони лабораторииве. За пзу Павлина имам слушнато дека имаат стари реагенси и не им се точни резултатите. Јас лично приватно имам проверувано само во Авицена.
@Оленка* @LollySky фала ви многу девојки. Изгледа, сепак во Авицена ќе одам. Почнав буквално се да испитувам таму, по неколку лоши искуства со лабараторииве. Чувствувам некои промени во организмот ( лоша крвна слика, срцебиење, слабеење, чудно чувство во грлото, поспаност, блага депресија), а не можам да оценам дали имам реален здравствен проблем или сепак се работи за манифестации поради константен стрес.
Здраво женски! Едно прашање до вас,испитав хормони и излезе дека тироидната со пролактинот ми се бајаги покачени. Би сакала да ми препорачете некој добар приватен ендокринолог бидејќи на државна знам дека е гужва а и се чека многу за термин. Фала ви
Jac ти препорачувам сепак да одиш на ендокринологија, и таму можеш со приоритетен упат, секој ден. За доктори, сите се добри, Гордана Пемовска, Саша Јовановска, Искра Битоска, Тања Миленковиќ... Сите се и професори или асистенти на Медицински Факултет така да нема збор за стручност. Од приватни, мислам дека баш и нема приватен ендокринолог.
Фала ви... во понеделник одам по упат од интернистот па ќе видам што ќе направам,ако ми закажат за брзо одам прво на државна
@Avery Предлог: Можеш да отидеш кај матичен гинеколог и напорно да инсистираш да ти даде упат за испитување барем на тироидни хормони. Не знам како е со реагенсите на државно, во мојот град носат еднаш на 3 месеца.
Женски паталци,имам прашање.. Дали тоа што имаме проблеми со тироидната ги зголемува ефектите на стресот и покра терапијата? Освен што чувствувам напнатост во грлото кога ќе се изнервирам, ми се растреперува цело тело, почнувам да заборавам, да сум несмасна, деконцентрирана, омалаксана... Познато ви звучи?? Си патам од тироидната веќе 5години (намалено лачење) и во последно време засилена ми е реакцијата на телото при стрес. Пробувам да ја најдам причината. Ви се случило?
Se e toa od tiroidnata ...Istoto mi se slucucase i na mene , a vo posledno vreme bese mnogu pocesto . Jas 13 godini bev so hipo i znam kako ti e , sega otkako ja izvadiv se cuvstvuvam mnogu podobro
Пред месец и пол правев ехо на дојка, и докторот ми рече да си ја проверам тироидната, бидејќи изгледала груба на изглед. Матичната ме прати на интернист и испитав тироксин, и бидејќи беше во ред, интернистот одлучи дека нема потреба од снимање. Пред неколку дена забележав поткожни безболни топчиња на вратот во ниво на тироидната. Имам исти и на други места (под вилицата, под увото, на средина по должина на гркланот), некои болат, некои не. Не ме праќаат на снимање, а загрижена сум. Чаре?