Девојки, сакам да ве прашам дали некоја од вас има искуство со хомеопатија? Прочитав по странски форуми многу позитивни работи околу третирање, па дури и лечење на Хашимото, но не сум сретнала искуства во Македонија. Ако некоја од вас има искуство, ќе ми биде мило ако споделите
Само што случајно се пипнав во пределов околу тироидна и осетив дека имам доста големо топче. Ми препорачаа да закажам преглед во Интермед Арт, за крв и ехо на тироидна, па искуство од таму дали сте задоволни?
Не знам за таму.Јас бев кај Каранфилски постар е човекот ама начитан и убаво ќе ти објасни а не другиве од памет да те извадат.Сум задоволна од човекот мана е што е приватно.Се наоѓа кај грчка амбасада.
Ако ова е она позади Градежен, не знам колку си спремна да одиш кај лекар кој е со малку многу адреналин. Скока, гушка, мавта со раце....Како за кого, мене ми беше пренападна и пренапорна.
Завчера на ехо ми најдоа чвор на тироидната кој не се знае дали е активен или не, па ме интересира дали симптомите на гушење и отежнато голтање кои ги имам веќе 8 месеци да се резултат на тоа? Дали имам рак?
Mи рече да правам биопсија. Според ова што го читам чвор - јазол ако е активен може да биде знак за папиларен рак.
Здраво. Имам еден проблем само незнам дали е овај тој проблем со тироидната жлезда. Пред месец дена бев на пат, и наеднаш почна да ми се запира дишењето , 1 минутаа можев слободно да дишам а 3,4 мин се повеќе ми се спречуваше дишењето, и се така додека стигнав до болница. Кога стигнав ми рекоја дека ми е од замор и немам ништо. После два дена повторно истото чуство, буквално ко да ме стегнал некој за вратт , се борев за воздух и се така до ден денес. Плус тоа се здебелив наеднаш 8,9 кила, и благо многу ми се јаде. Осеќам и психичко нарушување, страв, лоши мисли , сумливост , недоверба итн.. Ве молам за помош
Немој така да размислуваш и мене на ехо ми најдоа неколку чвора и не ми предложија биосија, само треба да се следат....ти кажаа која големина се? Во секој случај не значи дека е рак, тоа е не дај боже ако испадне дека се малигни..што се сомневам дека е твојот случај. За да бидеш мирна направи биопсија, верувам дека е се во ред. Не се опасни проблемите со тироидот, запамти го тоа, тоа е во ептен ретки случаи...те молам пиши како и и што направи . Поздрав
Ги проверив тироидните хормони и испаднaа ниски, под нормалата Anti - Tpo и Anti - Tg. Разговарав со интернистот кој ми рече дека не значат ништо овие ниски тироидни вредности, и стварно веќе не знам веќе што да правам зошто секаде бев а причината за субфебрилната температура не ми ја најдоа. Значи, веќе скоро месец имам темп. која се движи од 36,9 до 37,5. Пијам ибупрофен кој секогаш не е од помош за снижување на температурава. Воедно после туширањето кое го правам со цел да ја намалам температурата ми се појавуваат и големи или мали бубулички/пликови кои ме чешаат и црвенеат. На лицето завчера се нафрлив долу меѓу образите и вратот, бев на алерго тест и се испостави дека не сум алергична на ништо. Исто, понекогаш ми се јавува и нагон за повраќање и чудна вртоглавица која трае 2-3 секунди и поминува. Единствено на оториноларингологија ми рече докторката дека сум затната па ми препиша химорал оперил и марисол, кои ги користам речиси една недела но, не помагаат зошто наутро ми е секогаш затнат носот. (Иако немам симптоми на настинка и спијам со ширум отворена балконска врата). Вчера бев на испитувања, поточно на микробиологија и имунологија. На микро немаа реагенси за CRP (и уште за нешто немаа реагенси, но не се сеќавам за што), ми земаа крв за проверка на хелиобактери и брис од носот и грлото. Па, сега ги чекам и овие резултати.. Патем, малаксана сум, лошо спијам и се мислам повторно да им појдам на инфективно со резултатите кои ги прибавив во текот на овие две недели и да ги замолам да си ја вршат работата наместо да ме препраќаат низ цела државна зошто буквално секаде бев! На хематологија (каде ме одбија без испитувања со аргумент дека крвта ми е во ред), оториноларингологија, стоматологија, гинекологија (правев ехо на матка), кардиологија (исто екг и ехо), направив ренген на плуќа, потоа бев на пулмологија и алергологија, ендокринологија, микробиологија и имунологија (од последниве три чекам резултати во текот на следниве денови). Ако се утврди дека не е синусен воспалителен процес или хелиобактери јас веќе стварно немам каде да одам. Преостанува да се помирам со оваа температура, ова чешање по телото проследено со црвенило на мало - големи пликови, постојано црвенило на двете страни на образите и тоа е тоа. Инаку, заборавив да напоменам уште неколку битни детали, а тоа е дека од лани имам проблеми со ниско железо но добар хемоглобин. Анемија од која мислев дека се јавува гушење, меѓутоа еве од tothema-та која ја користев неколку недели претходно се поправи железото, но ми се покачи температурата и почнаа тегобите што прави да се сомневам да не е резултат од терапијата со tothema-та и витаминот це. На лекар ми рекоа дека не би требало овие ампули да предизвикаат такви реакции, што значи се оградуваат од фактот дека може да е последица на нив.. Исто правев ренген на хранопровод и плуќа пошто ми рекоа дека причинитело за субфебрилната температура може да биде тоа, меѓутоа наодите се во ред... Преку овој пост ве молам сите оние кои повеќе се разбирате од оваа област да ми дадете мислење за целокупнава ситуација. Знам, долг е постот, но ве молам, бидејќи ми треба помош.
Ako i tie rezultati ti se dobri sigurno se raboti za psihogena temperatura opustise ne e nisto strasno pisi na google psigogena temperatura i procitaj
Да Јана, размислував и за таа опција меѓутоа CRP-то, (кое претставува биолошки маркер), ми изнесува 30, што е високо и упатува на некое жариште, односно на некој воспалителен процес во телото или инфекција која не може да се лоцира. Не верувам дека е психогено (иако повторувам дека размислував и за таа опција поради анксиозноста), но психата не може да генерира високо CRP проследено со температура и чудни црвенила по телото после туширање, што се дефакто физички симптоми, кои не можеш да ги предизвикаш по пат на автосугестија. Денес се мислам да одам и по упат од интернист за правење тумор маркери. Можеби немам тумор, но се надевам дека маркерите може да претставуваат аларм за одреден абнормален процес кој се одвива во некој орган од телото.
napravi se sto e potrebo za da bides mirna zanam kako ti e i zanam deka si zagrizena eve i jas cela vecer ne sum spiena deneska me ceka gastroskopija i mnogu se plasam
Провери ги и другите автоимуни болести, прочитај за симптомите, на пример, на лупус. Освен врз тиреоидната, зрачењето од бомбардирањето влијаеше и на појава на ревматоиден артритис, лупус, псоријаза итн. Мораш ти да истражиш и да им спомнеш на лекарите, тие самите ништо нема да ти откријат, полни се со суета, а не со знаење.