Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Како што има напишано Lilit многу е битно кога се здебели дали пред да пиеш терапија или откога ја почна, зашто и јас пиев тирозол и откога почнав да ги пијам се здебелив 8-9кила, а тоа е резултат мислам дека од терапијата бидејќи ти ги нормализираат хормоните,барем кај мене кога ја примав терапијата бев на граница за хипотироидизам,но ја регулирав тежината со УН диета,а инаку на контроли одам кај проф.д-р Миладинова на Патофиза во Државна.
     
  2. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Драги девојки каде можам да ја проверам и се што треба за Тироидната жлезда??? Какви се вашите искуства ?Каде е најдобро?
     
  3. ohi

    ohi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Јас се прегледав во државна-патофизиологија и нуклеарна медицина- но некако не сум баш задоволна затоа што воопшто не ти обрнуваат внимание така да ти препорачувам да одиш во приватна болница, ако прочиташ во претходните постови девојките имаат напишано за добри приватни лекари каде што тие се прегледувале - прочитај ќе најдеш
     
  4. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    пред некое време ми дијаностицираа тироиден папиларен карцином во напредна фаза со мноу метстази низ вратот ме оперираа ми ја извадија тироидната и лимфните жледи во вратот примив радиоактивен јод и пред еден месец почнав да пијам еутирокс од 100 милиграми 150 милиграми секое сабајле половина и пол таблета. Е сеа читав тука низ форумов дека треба да се пијат секое сабајле во исто време на гладно прашањето ми е дали мора секое сабајле во исто време затоа што секој ден станувам во различно време некоаш ги пијам и во два саат попладне :worried: и колку време од кога ке ги испијам не смеам да јадам обично одма полсе тоа пијам кафе се надевам дека не смета тоа.
    друго ме интересира дали после таква операција смее да се пуши и ако се пуши дали е можно да настанат некои компликации од цигарите и колку време нема да смеам алкохол дали алкохолот смета на таблетите ај ако знае некој нека пише затоа што несмеам да ја прашам докторката за ова поради моите.
    исто полсе операцијата имав страшни проблеми поради недостаток на калциум грчеви пијам шумливи таблети ако знае некој кои се подобри исто нека пише
     
  5. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32

    И јас сум оперирана пред 3 месеци само мене ми извадија дел од тироидната не цела и сега пијам еутирокс од 50 милиграми знам дека треба да се пие наутро еден саат пред да јадеш е сега и јас станувам во различни периоди и не го пијам секогаш во точно саат бидејќи докторката ми кажа едно на ден апче а не на толку саати да го пиеш, :lol: а дали смее да се пуши незнам бидејќи не сум пушач,но мое мислење ако си брзо сега оперирана да ги оставиш некое време цигарите,а за после не верувам дека ќе ти сметаат,а и незнам како можеш сега да пушиш мене еден месец ме затегаше вратот не можев убаво вода да се напијам и да голтам а не па и да пушев,а за алкохол како што напишав пред некој пост знам да се напијам по некоја чаша вино или нешто друго,но без претерување и до сега не сум осетила нешто да ми наштети,некои луѓе треба цел живот да ги пијат овие апчиња така да не верувам дека никогаш нема да се напијат. :lol:
     
  6. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    девојко незнам колку сериозно ги сваќаш работиве но сметаш ли дека треба да продолжеш да пушеш цигари и да пиеш алкохол после операцијата?!?! не ми е јасно...
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  7. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    па цел живот ли да не се непијам алкохол или да не запалам цигара :o :o :o
    па со да правам друго 20 години имам ...
    ебате животот мој со ке го имам :(
     
  8. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029

    девојче ти животот го имаш и ќе го имаш,нормален живот само ако ти сакаш така и ако ти така размислуваш,а не е живот ако имаш или си имала здравствени проблеми па сега ајде да преживееш и да земеш да пушеш или да пиеш,напиј се никој не ти забранил,но јас те прашав дали навистина тоа ти го сакаш...
    секогаш се ставам од страната на другиот,и затоа не би направила нешто такво,а сепак ќе живеам :yawn: :yawn: :yawn: но има премногу други работи со кои тоа ќе го направам за да би имала квалитетен живот...
    не го сваќај непушењето и не пиењето како еден недостаток за живот...на крај краева сама си одлучуваш за тебе,голема си :yawn: 20 години...од искуство со другарка јас го напишав само моето мислење!

    поздрав и секое добро ;)
     
  9. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    да имав рак јасно ми е тоа... него прашањето ми беше колку време нема да смеам да пијам и дали штетат цигарите.
    зашто искрено живот без тоа... што ќе искочам неде и сокче ќе пијам да не идам офтопик
     
  10. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    да не бидам оффтопик имам болка на тироидната жлезда и на ехо ми кажаа само некаква хипоехогеност но дека можело и ништо да не значи?дало треба да се загрижам?

    а за девојкава над мене немам коментар,очигледно неможеме да се разбереме,твоите ставови не ги сваќам баш,но сепак почитувам твое мислење,а за живот без цигари и алкохол-останав ваква :yawn: :yawn: :yawn: па јебига може и со сокче да се живее!!!
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.325
    Допаѓања:
    158.415
    Сеедно дали станувате во различно време,мора да бидете одговорни.Наместете си го алармот во 9 сабајле,оставете си таблета и вода до креветот пред да си легнете,па сабајле испијте и продолжете си со спиење,па така што и кога ќе станете веднаш ќе можете да јадете и да пиете кафе.
    И не е за запоставување фактот дека МОРА во истиот час и НЕ СМЕЕ да се јаде час потоа.Тоа како оче наш во глава,а докторите кај нас се страшно неодговорни.И мене не ми кажаа во државна првиот пат кога бев и затоа ми се влоши премногу потоа.Со јазли и слични глупости...
    А што се однесува до калциумот,тоа е затоа што ти е извадена и параштитната жлезда која е одговорна за калциумот.Затоа ќе си земеш калциум во таблети и плус,витамин д,односно ќе се сончаш повеќе,затоа што е најдобар начин на создавање на природен витамин д,а тој пак е одговорен за апсорбција на калциумот во организмот.

    Едит.Сугестивно почна да ме гуши ама баш во моментов и мислам дека ми расте тироидата.Готово ,одма дијагноза си ставив...
    Принцес,како забележа дека нешто не е во ред со тироидата?!Кои ти беа симптомите?!
     
  12. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    и уште едно прашање заборавив рацете за 3 месеци ми станаа како на баба многу ми се збрчкаа нормално ли е и што може да се направи.
    и исто заборавив сега имам страшни болки во рамењата а порано го немав тој проблем незнам зашто
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.325
    Допаѓања:
    158.415
    Јас ќе ти кажам,ама кажи ми ти тоа погоре шо те прашав. :D
    Тоа ти е се од тироидата.Купи гератамин нео и пиј,а рацете мачкај ги со вазелин со невен и д пантенол,па во кеси,така пола час,медитирај.
    А за рамениците,не знам,може и да нема везе.
     
  14. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    не сум видела прашањето хаха
    па имав огромни жлезди потечени и цело време косата пуштена ја носев пошто многу се приметуваше 4 години си идев така потечена пошто никој несакаше да дојде со мене а ми беше страв сама да идам и на крај почнав и крв да плукам и несоници имав страшни отидов и ми кажаа дека е рак.
    7 пункции ми направија а тоа многу боли незнам колку еха скенови свашта.
    на крај никој неќеше да ме оперира пошто многу ризично било и сум била млада па еден месец ми бараа доктор и накрај ме оперираа приватно и ми рекоа дека сум имала многу голема среќа што се ок испаднало :) :) :)
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.325
    Допаѓања:
    158.415
    Ајде нека е со помин! :D
    Штом поминало,не е на одмет малку позитивност!
    Епа сега,биди редовна во терапијата,затоа што ти е од голема важност.Дали сама ќе се будиш со аларм или некој од твоите по дома што станува порано,сеедно,ама пожелно е да направиш ритам и континуитет кој би бил ист како кога би функционирала тироидата.Затоа што од неа директно хормонот оди во крвта и си ја извршува функцијата,немаме проблем со јадење и слични воздржувања,ама затоа што се зема орално,мора да е на празен стомак заради апсорбцијата на хормонот.
    Искористи ја сега таа среќа најдобро што можеш! ;)
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  16. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    прекрасна новост ми кажаа на патофиза пак ќе треба да пијам радиоактивен јод за неколку месеци, поголемо малтретирање и психофизичко исцрпување нема. Пред да го примам не смеам да пијам еутирокс еден месец а тоа значи дека ќе ги имам сите можни симптоми на хипотиреодизам ќе бидам преморена од едно обично местење кревет а камоли нешто потешко. После тоа се пие јодот на онкологија во тие ненормално мизерни услови кај што има едно мало никакво прозорче колку само да разликуваш ден од ноќ. По неколку дена дома во изолација нема да смеам да излезам од соба цела недела недела и пол. Ај тоа и ќе помине ама многу е тешко кога немаш никаква подршка од никого. Сите она абе ај ништо не ти е. Си знам јас најубаво колку не е ништо на 20 години да се чуствуваш како баба од 90 за ништо да не си способен.
    И така ви викам, ви ја пренесов оваа дефинитивно " прекрасна " новост, и ај нека ми е со лесно.
     
  17. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    како си ја продолзивте д аја зњемате терапијата со промане на саатот?
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Се тестирав лани некаде на крај на август, два пати, вториот пат за FT3 , првиот пат беа следниве резултати:
    FT4 - 15,8 ( 9-25)
    TSH - 0,36 (0,4-4,5)

    Повторен тест за една недела:
    FT4 - 17,7
    FT3 - 5, 3 (4,2-8,1)
    TSH - 0,46

    Ми кажаа дека тироидната ми е нормална-еутироидна на граница на хипертироидоза (поради намален TSH, во граници на нормална но на долна граница), не ми дадоа терапија само рекоа на контрола за 4 месеци. Јас уште не сум отишла, не од немање време туку од немарност, нареднава недела обавезно, само да отидам да ја најдам сестрата да ми најде побрзо термин.
    Тироидната ми е повеќе или помалку, како кога, задебелена и тоа откако знам за себе. Од симптомите ги имам испомешано, понекогаш замор, претерана чувствителност, нервоза, нередовен мес циклус, сува кожа, слаби нокти... При јака нервоза чувствувам стегање, како да не можам да голтам. Некогаш при замор чувствувам тахикардија. Но овие симптоми ги имаат и оние кои немаат проблеми со тироидната.
    И секогаш кога читам на интернет за проблеми со тироидната или слушам муабети за тоа јас го чувствувам стегањето во пределот на тироидната. Психички доаѓа до промени во неа. Тоа се гледа и во разликата во резултатот, како само може да се промени нивото на TSH за само една недела од 0,36 до 0,46 (од хипертироидоза до граници на хипертироидоза, односно нормална). Можеби дека првиот пат не знаев што се ќе ми проверуваат и бев повозбудена.Значи не само на 4 месеци туку треба човек да ја контролира на 1 недела. Јас и реков на докторката дека имам промени, симптоми таа вика сите имаме симптоми промени не се оптеретувај со тоа не мисли ништо не ти е, дојди на контрола. Сакаше да каже да не го доживувам тоа стресно. Хормоните можеме да ги избалансираме и со тоа што ќе се обидеме да ги совладаме емоциите и да бидеме посмирени, спорт здрава храна вода тоа е веќе познато.
    Кога ќе се опуштам заборавам на симптомите кои дел исчезнуваат. Но во денешно време неможеш да го избегнеш стресот, тој е дел од тебе затоа ни е потребна голема самоконтрола.

    Јас бев на преглед кај д-р А.Угринска, прв пат, не знам како е кај другите, какво искуство имате со докторите на патофиза, дали да одам пак кај неа.
     
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.203
    Допаѓања:
    259.845
    Пол:
    Женски
    Девојки има ли некоја од вас искуство со бременост и хипотироидизам? Јас само сакам да споделам искуство со некоја ако го поминала овој пат.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. M-lady

    M-lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    6
    Pa ne e nisto strasno samo mora na vreme da se odi na kontrola i da se pijat apcinjata na vreme ,jas ja otkriv na vreme pred 5 6 meseeci i se mi ide dobro samo so mrazam da idam na kontroli bidejki ima mnogu guzva vo bitola site se turkat i ne e so brojcinja sk mozi e so brojcina ama vamu ne e. pa odi ic ne e strasnooo


    neka e so pomin !!! :D

    [mod-kirilica:100l1xqt][/mod-kirilica:100l1xqt]