Оф мори муко. Да. @LollySky За мене сте ист човек... Лоли и Џоли...богдачува не ми замерувај. Која ретарда сум...
Не би рекла 2, доволно е 1 час. Јас порано чекав пола час, па пиев кафе. Резултатите ми беа ок, но не идеални. Во последниве 7-8 месеци, откако се убив од читање по странски форуми - почнав да пијам кафе точно 1 час после Еутироксот. Резултатите никогаш не ми биле подобри.
Aбе кафето во ваков случај треба да се исклучи скроз. Ама оди па напрај го тоа до крај. Пробував со безкофеинско ама...АМА!
За ова читав многу истражувања, и јас мислев дека целосно треба да се исклучи, но го сменив мислењето. Скоро сите истражувања велат дека кафето може да и наштети на тироидната доколку се консумираат повеќе од 300 мг кофеин во денот, а тоа се отприлика 3-4 шољи кафе. Верувам дека сите сме свесни дека повеќе од 2 или 3 кафиња не би требало да пиеме во денот. Некои од студиите дури велат дека кофеинот штити од канцер на тироидната жлезда. Проблемот е што повеќето го пиеме насабајле за расонување и потребно е време да се створи навиката да не се консумира ништо 1 час по таблетите.
Има најново истражување дека пред еутироксот да поминат најмалку 8 часа без ништо и дека не влијае тоа дека после пола час не смее да се јаде/пие. Пробав и навистина нема никаква разлика,тсх најмногу до 3 ми е.
Девојки вака На Мајка ми беше на преглед во Филип Втори од причина што качубаше висок притисок и чуствубаше изнемоштеност и и најдоа некои сенки на тероидната и ја пратила да испита хормони.Сабајле беше да ги испита хормоните и и рекоа дека има сменет облик на тероиднаѕа жлезда(најверокатно зглолемување) и чворови или јазли за кои и рекле народно кажано дека се тумори и ја праќаат на биопсија.Што се однесува на хормоните и се супер ама и рекле дека мора да напраи биопсија за да се испита ткивото на јазлите.Е сега премногу сум загрижена и не знам дали има простор за паника или первентивно сите на кои ќе им најдат чворови ги праќаат на биопсија и колкави се шансите да е малигдно ткивото или карцином.Ве молам ако има некој што знае или имал вакво искуство нека ми објасни зошто ќе полудам дур да стасаат резултати.
Јас имам чворови, не ми правеле биопсија затоа што ги следат тие чворови и нема промена. Како и да е, не можеме да ти кажеме дали има место за паника или не, резлтатите ќе си покажат. Инаку процентот за карцином на тироидна е многу мал.
Уживај, мисли позитивно. Можеби баш тоа што периодов не мислиш многу на режими на исхрана, т.е. не се оптеретуваш со тироидната придонело всушност да го намалиш стресот а со тоа и да имаш подобри резултати. Не верувам дека се заменети резултатите, едноставно си варираат. Мене на пример во зима секогаш ми се многу подобри отколку во лето.
Она прв пат сега оди па најверјоарно затоа ја праќаат на биопсија и рекоа не било страшно ама мора да се утврди какбо ткиво се? А промената на обликот на тироидната жлезда е од чборовите?Вие ја имате?
Да, имам промена мала на тироидната, никогаш не ми кажале дали е од чворовите. Биопсија не ми спомнале, искрено може да е и бизнис пошо Филип втори е сепак. Не дигајте паника, ќе бидат резултатите брзо.
Јас никогаш не јадам после 9 наевечер, а Еутироксот го пијам најрано во 6. Резултатите ми беа лоши се додека не почнав да чекам еден час пред кафе и плус продукти што содржат калциум не консумирам 4-5 саата после лекот. Мислам дека за ова со Еутироксот секој треба да си го проучи телото и да открие што функционира најдобро кај него.
Некаде имам читано дека некои го земаат Еутироксот пред спиење, па можеби и тоа би било добра варијанта за да може сабајле на раат да се испие кафето. Факт е дека терапијата е доживотна па затоа не треба земањето на терапија да создава стрес. Мене би ми било стрес да се лишам од утринското кафе
Исто... и јас така имам пробано, ама во тој случај не треба да јадам ништо после 6.30-7 пошто јас во 10.30 - 11 си легнувам, а нели 4 саати треба да пројдат од последниот оброк. Ама ете, на некој ако му одговара и тоа било опција.
Најубаво е сами да си одредите дали нешто влијае или не на резултатот. Мене ТСХ според последно испитување ми е 1,14(реф.вредност (0,8 - 5). Т4 - 13(10-20), антитела <5 (<34). Пијам наутро одма после станување, претежно станувам во исто време сега, до пред некој месец секој ден различно. Кафе пијам одма инаку не функционирам. Дозата на еутирокс ми е 50мг, секој ден.
Супер ти е дозата. Т4 да се качи баарем уште малку би било супер. Мојата е 125мцг... Кафето не влијае на тироидните хормони, ама на адреналните парче прави. Кога не го пијам кафето ми спласнува стомакот...ама оди не пиј. А на тсх најмногу ми влијае лебот. Ама и од ашвагандата ми е ова луѓе. Ја пијам како што треба и веројатно она е "крива" за резултатот. Уште сум под импресии. Ама утре одам да направам во авицена. Ако потврдат и таму... ќе се радувам на раат. За бепка може уште пониско, 0,3 да се симне, идеално би било.
за Метформин не знам само Еутирокс примам, смееш да пиеш, па хормон е фактички кој ако не го примаш како таблета организмот ти го лачи, не е антибиотик па да внимаваш. Види мислења во темата наназад ќе видиш дека сите пијат и не им пречи.