Денес правев ехо на тироидната жлезда и наодот беше дека е на граница на зголемување. Дополнително треба да испитам хормони. Пред 4-5 месеци кога испитував TSH ми беше 1.49. Што мислите, има ли простор за паника, да побарам ли второ мислење? Инаку бев во Интермед арт.
Пак јас во врска со Еутирокс. Пиев апче Јазз сега и прашањето ми е дали треба да чекам 4 саата за да земам Еутирокс или можам веднаш т.е. дали апчето(Јазз) се рачуна како храна? Дека нели на гладно се пие Еутирокс а сега не знам како да се рачунам. Вода знам дека смее колку сакаш.
Дали некој се суплементира со Т3? Дали имате информација дека се препишува/препорачува од доктори во Македонија или дека воопшто го има по аптеки, во било која таблета, без разлика? Или некој на своја рака да го нарачува/пие? И ако зема, какви му се промените во резултатите.
Пред 7 месеци ми се појави циста на десниот лобус на тироидната ,хормоните ми се ок,ми правеа и пункција,не примам лекови ,сега бев на контрола и повторно е наполнета ,за 2 дена повторно ми е закажена пункиција.Затоа што имаме ист проблем ме интересира дали често одите на пункција?
Здраво Да прашам нешто.. пред бременоста пиев 25 и тсх ми се движеше 2, 2ипол.. некогаш и 3. Останав трудна и одма рипна на 6, па бременоста ја поминав со 75х5 и 50х2, тсх ми беше 2,2ипол. Се породив пред две недели и на 5ти ден од раѓање ми проверија 2 и нешто ми беше... денеска пак проверив 0.7 ми е (никогаш не ми било толку ниско), дали да одам да ми намалат доза?? Зашто продолжив со 75х5 и 50х2 и мислам дека ми е многу...
Мене др ми рече додека ќе дојам истата доза да ја пијам ако не осетам некаква нелагодност. Ама ако е толку ниско секако консултирај се со доктор.
Мене ми смета изгледа... зашто одеднаш пред неколку дена издишав во градите и се намачив за повеќе млеко да имам... Денес пред да проверам не се напив апче и огромна разлика има во млеково, имам цел ден полни гради... Зар е можно да е од тсх?
А зошто да не, хормон е тоа, којзнае на што се делува оди си на лекар не прекинувај терапија на своја рака ама оди на лекар обавезно.
Ако ти е за утеха,и мене пред неколку месеци ми беа покачени вредностите и тоа разликата беше во проверка на TSH за само два дена,се консултирав со двајца доктори од нуклеарна медицина и двајцата ми рекоја дека е ок,не било страшно,а интернистот ми рече дека не е нормално да имам разлика во два дена. Првото испитување ми беше многу низок тсх а вториот пат покажа многу висок,и тоа што сум на терапија еутирокс. Не знам што да мислам и кој да верувам,ама се работи за хормони сепак,разни шокови се случуваат во телото и организмот трпи нормално.
... терапија значи пиење лек за излекување или лечење на некоја болест, конкретно си пиела Еутирокс што преставува хормон кој го дополнува тиреоидниот твој природен хормон поради нефункционирање на тироидната жлезда, ЕУТИРОКС НЕ ЛЕЧИ, тој само го дополнува недостатокот на хормонот кој создава несакани здравствени проблеми, значи ЕУТИРОКС САМО НЕ ДОЗВОЛУВА да ги имаме лошите симптоми, кога ќе се прекине со него тие пак се појавуваат и затоа секогаш пиењето на Еутирокс е доживотно со постојано зголемување како на еднократна доза или зачестеноста.... за да ја направиле штитната жлезда да работа како треба и Т4 Т3 како тиреоидни хормони да се во нормала со што ТСХ исто ќе биде „смирен“ во нормала... и да не дозволуваме со внесување на готов хормон како таблети да функцијата на жлездата да се губи со закржлавување на нејзиното ткиво створејќи се нодули, јазли и цисти кои мораат по хирушки пат да се остранат или пак целосно целата штитна жлезда и се поради недостаток на ЈОД .... сто пати ќе кажам треба да ја ја активираме како треба да работа штитната жлезда САМА и да создава САМА свој хормон , а не ваму само готов хормон да се внесе како Еутирокс!