...правило бр. 1 користам само сол од Алкалоид и секогаш земам најмало пакување од 250 г за да го потрошам побргу и да земам ново пакување каде ќе има „тазе“ јодираност... ... кај нас сосема мала покачена ТРО антитела укажуваат на Хашимото без да се зема во предвид и други фактори што ја покачува истата антитела АМА НЕ ОД ТИРЕОИДЕАТА како автоимун одговор... кај нас ако ТРО антиела е 90 или 150 веднаш ти доделуваат Хашимото, што треба да има оправданост со високи износи до 2 000 .... од некаде таму...107- 120 страница на ова тема лани пишував следователно иако не наидов на подршка или барем некој да се спореди и проба како мене... еве денес точно после една година... тиреоидните хормони се уште ми се под контрола во нормала, без никаков внес на готов хормон Еутирокс, а сигурна сум дека кај вас има покачување на доза поради појавување на здравствено проблеми т.е. негативните симптоми поради дисфункцијата на тиреодиеата
Јас сум голем противник против вештачки медикаменти. Инаку терапија еутирокс примам еве скоро 6 години,ама кога би зела во обзир колку редовно пиев таблетка овие 6 години,нема да ми се собере ни дека сум ги пиела една година. Да,и сега не земам со месеци таблети,упорно се инатам со мојот организам на кој му е се полошо,ама од друга страна па и во периодите кога земав поредовно терапија мене ми беше исто лошо,немав никакво подобрување. Знам дека јодот е премногу корисен за тироидната,ама дека ќе направи тој магија,чисто се сомневам... На крај на краиштата,ова нашето секако не е болест,туку само "состојба" и не верувам дека постои трајно решение за оваа состојба. Кога еднаш ќе се почне со терапија нема враќање назад. А изборот е индивидуален,некој избира да си ја зема редовно терапијата,додека некоj мора да биде и како мене нели
Како тебе се додека не ги осетиш трајните последици на инаетењето... Не знам какви ти се резултатите и точната дијагноза, ама ако си хипо со хашимото... не би те поддржала во одлуката... 10 години ја имам, од кои 7 активно пијам терапија. ДАЛЕКУ од добро ми е. Ете само на папир добри се резултатите, ама барем поткрепено е тоа што ми е најважно... Уште ми паѓа коса, уште осеќам умор итн итн... ама тоа е. Хипо е, пробај со природно, па пак направи анализа. Ако не оди, тогаш еутирокс. Антитела не правеше?
Лилит,и јас според моите доктори на папир сум добро. Небитно е што косата ужасно ми паѓа,немам циклус со месеци,се препотувам,имам тахикардија и во лежечка состојба,значи без да се изморам нешто,замисли. Мака мачам да симнам барем еден килограм,анемична станав дури од неуспешните диети и режими и уште мал милион несакани последици имам од проклетата "состојба". Инаку,хипо сум да.Тсх те ми скока,те ми опаѓа. Во глобала последниве испитувања покажуваат демек ок ми е,ама треба да земам доживотно еутирокс,а јас не земам. Во периодите кога земав редовно не гледав никакво подобрување...така да..искрено не знам што е најпаметно да се прави.
Пиј... Не знам дали си родител или не и дали воошто сакаш да станеш, ама ако ти е дел од планот и те како е битно. Еве еден момент со хипотироидата, прво мислев дека ми е од грижи, ама веќе година дена, ако не и две, немам редовен сон. Еден од низата лоши работи кои можат да ти се случат од хипо, ама тоа е... Размисли добро... зошто со секој ден незимање терапија си го ставаш срцето под ризик.
Денеска и ги пратив резултатите на докторката, ми вика супер се резултатите. Не знам веќе што да мислам. Што подразбираш под природно, да земам некои суплементи, витамини, не знам што треба, не сум воопшто упатена ? Немам никогаш антитела испитано.
Побарај си второ мислење. Не знам колку години имаш, но иако е во референтните вредности ако си во 20тите години треба тсх да е понско.
25 имам. Да, знам дека е малку високо, пред точно 5 месеци ми беше 1.49. А и верувам дека доколку сум хипо би ми нагласила докторката. Секако ќе побарам второ мислење. Фала ти.
Не сум родител и не ми е во план да бидам во скоро,ама секако дека сакам да се остварам на тоа поле. Уф,на 27 ми сум на контрола кај друга докторка,неколку сменав и џабе не знаат да обрнат никакво внимание освен да клукаат со апчиња. За нередовниот сон сум исплашена,страшна несоница ме мачи....изгледа ќе морам,да ги земам редовно од утре еутироксот
Со или без еутирокс, несоницата може и да остане. Со години пиење кај мене веќе се гледа... дали сум со 4-5 часа сон во текот на 24 часа, уморна сум, ама не можам да спијам и тоа е тоа... или кубурам испрекинато, спијам 2-3 саати се будам, па презаспивам на уште малце. Не очекувај дека ќе најдеш доктор кој ќе ти обрне внимание толку како што ние очекуваме. И јас ги сменив и сфатив дека такви се едноставно незаинтересирани да се носат со светски медицински трендови. А ризикот е голем да си без терапија.
... јодот не прави магија, тој е составен дел на хормонот треба 4 молекули јод за да се формира Т4 хормон, ако нема ЈОД нема формирање на Т4 дали можеш тоа да го разбереш? пример - ти давам тенџере со вода, сол, шпорет и ти велам ај направи ми шпагети ... ТИ како ќе ми зготвиш шпагети ако истите не ти ги дадам? ќе ми речеш ај дај ми шпагети па ќе зготвам! Јодот не се создава во нашиот организам, ниту пак го има во било која исхрана И НЕМА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ЈОДИРАНОСТ ниту во вода, ниту, леб ниту солта... дали тоа го разбираш? и ако не се внесе по тој пат како ќе се формира Т4 хормонот ако нема ЈОД...многу просто, ќе речат старите јадии ореви, јагоди во состав има јод...ами како ќе има во состав јод која водата која се вадат тие НЕМА ЈОД оти не се јодира веќе водата туку само се хлорира? и затоа никој не се замара со овој проблем туку се дава готов хормон Еутирокс ( и хипо и хипер е поради недостаток на Јод, само механизмот е поинаков во организмот) ... и кога влегува готов хормон Еутирокс во телото, штитната жлезда и тоа што малку работа ќе прекине оти влегува вештачки хормонот во телото... и кога штитната жлезда НЕ РАБОТА нејзините клетки се видоизменуваат се собираат,се сушаат со појава на разни формаци како цисти, јазли нодуси... зашто не ви е јасно ова? ниеден ендокринолог не може да ме убеди, а нека повели на дебата со мене во секое време, со факти,офффф леле
Imaat jod samo morskite plodovi jas koga koristev sprej od algata fucus vesicolosus trebase terapija ta endokrinolog ot da mi ja prekine
...точно морските плодови имаат јод...НО знаеш колку треба да јадеш секојдневно за да го дополниш јодот како нормална вредност? (што мислиш зошто има често стерилитет или спонтани абортуси? една од причините е недостаток на јод, трудница дури треба до 200-250 мцг дневен внес, деца до 150, а возрасен човек доволно 200 мцг) дали тоа ти е твоја нормална храна од твое поднебие? си пораснала со морски плодови?? можеш дневно да јадеш килограм од таков специјалитет? не би рекла... но покрај другото што треба да се смени во исхраната ДА ! треба еден ден да посветиш на морска храна, или морски риби !
Koristev vo forma na sprej taka da nez sto e kako e a veruvaj mi pomagaat I te kako no jas nemam hasimotov sindrom samo visok tsh
... јас се чудам што се мачите од доктор на доктор од ендокринолог на друг, тој - таа подобар во таа и таа институција??? во што подобар кога сите даваат готов хормон дали си хипо или хипер се дава само тбл готов хормон и ништо друго- точка ! подобар дека едниот ќе ти го даде по шема три дена 25 мг па 50 мг или ќе ти го зголеми намали? тоа Ви е стручноста? лелеееее и мислите дека Ве лечи со нешто? само ви ги штимува дозите да немате негативни симптоми од пореметена штитна жлезда и толку, затоа што телото кога добива готов хормон некогаш самиот лачи свој хормон и тогаш се предозира со хормонот и пак лоши симптоми, или ако пак следниот ден скратите од хормонот со внес, а штитната жлезда може баш сега да не лачи ич и вие паѓате во недостаок на хормон и пак имате лоши симптоми ...ете тоа не можете да го разберете?? и сето тоа што телото се мачи да работа со секој свој орган што има улога, како меѓудругото е штитната жлезда? тешко ли е тоа да се разбере?? и како ќе работа штитна жлезда ако нема свои хормони? а како ќе има свои хормони ако нема од што да ги создаде, а таа ги создава од 4 молекули ЈОД ? тешко ли е тоа да го сватите? лелеллелеее
...сега малку потешко, Ти треба да си го познаваш телото и да знаеш како ќе регира треба да направиш баланс со постепено намалување на готовиот хормон - Еутирокс за да одредиш дали воопшто ти работа твојата штитна жлезда и ослободува колку толку малку хормонче... после појачуваш исхрана со јод и препарати постепено секој трет ден со постепено намалување на вештачкиот хормон Еутирокс, а тоа ќе го осетиш со лошите симптоми да мируваат или да се благи и ретки ...тоа доаѓа како одвикнување од нешто што телото сега ти зависи, постепено треба одвикнување од вештачкиот и внесување на ЈОД да се создаде природниот хормон ...рамнотежата кај сите ќе биде различна затоа секој за себе треба да си знае, смени навики за солта, немој да јадеш зелка, брокула оти тие содржат супстанци кои му „земат“ местото на јодот во исхраната и верувај ми за шест месеци ќе се исчистиш од вештачкиот хормон Еутирокс, а ќе го активираш природниот хормон Т4 ете тоа треба да се направи... ПОСТЕПЕНО велиме во тек на шест месеци!
Многу си ми контрадикторна да знаеш. Еднаш велиш уствари,нагласуваш со големи букви како си купувала често сол(за да биде тазе јодот,кој притоа го нагласуваш со големи букви,ко ние овде да сме паднати од марс. А потоа велиш не веруваш ни на јодот дека никој не ја контролира ни водата ни солта Не мора да се тераме на сила да веруваме во твојата теорија сите,теорија која патем од лани ти наидува на отпор тука.... Како си земаш за право да велиш дека одиме џабе по други доктори па како не сме сваќале со факти што е и како е Значи секој пишува тука од мака,а не да се надмудрува
Мене ама ИЧ не ми е јасно после читањето на коментариве тука... Имам хашимото со хипо... Последен пат ми беа океј резултатите. Секој ден пијам еутирокс. Не осеќам лично подобрување, исто ми е... Ама не се некои кој знае какви симптоми, дури имам некои кои се нетипични за хипо, а типични за хипер... Како на пример тресење на рацете. Лекарката ми рече дека кафе не влијае... Некаде читав дека влијае. Цигарите? Мора ли да се чека 30 минути после земање таблета, или повеќе треба? Како тоа во хипо можело да се исуши па да се створат јазли? Кај секој се случува тоа? Ако не, тогаш немојте да генерализирате, само ги плашите луѓето на форумов. И, не ми е јасна уште една работа: Кај мене, во однос на јадењето, што смеам а што не смеам? А јодот? Некаде чув дека млечни производи не требало после 10 сабајле. Ништо конкретно и ништо што се повторува насекаде како обавезно, секогаш различни мислења. На кое да верувам ????