Гледај си тебе што ти прија што не, батали статистики од нет. Се е индивидуално, зависи твојот организам како реагира. Ако од нешто ти се засилуваат симптомите гледај да го намалиш внесот и обратно. Еве баш за брокулата, еден период се отепував од брокула јадење, послето прочитав дека не треба да ја земаат лица кои имаат проблеми со тиродната. Ама во тој период имав пак доста големо подобрување на резултатите. Колку што јас себе се имам анализирано не е до состојките ништо, до стресот е кај мене.
Исто! Да си жива и здрава! )))) И кај мене се влошуваат симптомите коа сум под стрес. Неам приметено дека реагирам на млеко, цигари, кафе, салати, сол и слично... Одлично! Така ми кажа последниот пад и лекарката.
TSH 3.33, FT4 12, Anti TPO 22.8, Anty-thyroglobulin <20 Мислења за резултативе? Докторот вика состојбата мора да се следи, ама не сум за терапија. Лабораторија за 6 месеци.
Здраво, вака правив резултати од три лаборатории, па некој ако знае да ми каже дали се во ред и мислење ваше за ова 1.TSH - 2,225 (0,38-4,31) FT4 - 1,04 (0,82-1,63) 2.TSH - 3,40 (0,39-6,16) FT4 - 1,44 (0,8-2,00) 3.TSH - 1,54 (0,39-6,16) FT4 - 1,53 (0,8-2,00)
Има ли некој искуство со овие таблети и колку се препорачливи ? Кои други суплементи би требало да се употребуваат ?
... иди како граѓанин, имаш право да прашаш во Јавно здравје, прашај кога последен пат зеле мустра од сол и испитале ЈОДираноста! имаше афери со сол односно со амбалажата на Тузланската сол, а внатре чудна супстанца како сол, ама никако таа добра стара Тузланска сол.... и не само кај нас туку и пошироко имаше таков проблем, да не спомнам кој го амбалажираше овде., затоа верувам само на реномирана фабрика како Алкалоид каде става датум на јодираност, јас не реков дека сте паднати ,,од Марс,, тоа сама си даваш епитет, јас само сакам да помогнам ако некој има слух, но како гледам -нема , па затоа е дојдено до ова ситуација воопшто во земјава... Јас би те прашала едно или прашај било кој од докторите, ендокринолозите колку пациенти ,,излечиле,, со проблеми со хипо и хипер тиреоза ? само тоа КОЛКУ СЕ ИЗЛЕЧЕНИ? сакаш да ти помогнам ? Н И Е Д Е Н ! ...земај Јод и Селениум.. биди во друштво со мене ! и прочитај малку како настанува Т4 хормон дека треба Јод и дека ТСХ мора да се покачи кога нема доволно Т4 да го фаворизира, а кога ќе добие телото Јод ТСХ се ,,смирува,, и доаѓа све во нормала.... тоа е недостаток кој одведува до болест која зависи од вештачки хормон Еутирокс со пршање на ден која жлездата ќе се оперира од јазли. цисти оти тиреоидејата не работа самата ...
Пред два месеци испитував хормони и тогаш тироидната беше 1кома нешто а сега 4,7 .дали треба да бидам загрижена... Докторот вели нормално е бидејќи фсх хормон ми е покачен
Јас ги пиев пред да отидам во целост на еутирокс. Како за почеток се супер алтернатива за одложување на терапијата. Ама откако ќе почнеш со терапија не треба да ги пиеш. Имам позитивни искуства бидејќи имав циста на тироидата која со келпот ја снема. Ама повторувам, со еутирокс не.
Не зимам јас сеуште терапија, сакам да пробам со вакви некои суплементи, па затоа прашав дали вреди да се проба. А дали додека ги пиеше правеше проверка на хормоните и дали имаше некое подобрување, освен тоа нели со цистата?
Jas imam I od dvete posto kelp e edna a fucus vesicolosus e druga alga blagodarenie na fucus vesicolosus malku falese da mi go prekinat eutiroks no da napomenam jas nemam hasimotov sindrom negohipotireozata mi e od hipofizata
Во однос на резултатите не баш значително. Речиси секое хипо кога тогаш преминува во хашимото. Јас имам многу малку антитела, на почетокот не бев, но со тек на време, неизбежно е...
Здраво женски, некое искуство со покачена тироида во бременост? 5та недела сум, денес ги земав резултатите 7,9 ми е тироидата. Ми ја покачија дозата, но сепак се исплашив многу