Провери си ги антителата, јас ги имам истите симптоми само со покачени анти тела али тоа не е страшно се додека хормоните ти се во ред (барем така ми кажа ендокринологот). Поздрав и без грижа
Мене па обратно ми кажа штом антителата се во ред не е страшно само редовна контрола. Со високи антитела задолжително терапија!
Леле стварно не знам на кој треба да се верува веќе. Ќе побарам и друго мислење со резултативе па ќе видам што ќе ми кажат.
Мене хормонот ми е малку над граница,имам и минијатурно поткачени антитела но бидејќи ехото е ок-не ме ставија на терапија ќе ја следат состојбата.. Сакам да кажам дека не е само лаботарориската анализа фактор за дијагноза... Сега да ве замолам за совет околу исхрана за подобрување на состојба хипо?
Да и јас планирам истото да го направам барем за 2 месеци. Не ми се чека несакам да губам време планирам бременост. Мене антителата ми се во ред и Т4 и Т3 ТСХ то ми е 4.8 и не ми даде терапија само контрола за 6 месеци. А мојот наод води кон хипотероидија
Кога се работи за бременост треба стварно да обрнат повеќе внимание, дури и мене ми рече докторкава да дојдам одма ако планирам бременост. Но претпоставувам дека големиот број на пациенти и недостигот од кадар си го прави своето, секако на второ мислење ма да за толку кратко време не знам дали ќе има некои промени. Мене од април до сега ми се исти резултатите, да можам да спречам заболување би пробала ама ми викаат нема начин плус и наследно е.
здраво женски ве молам искуства досега сум немала проблеми, ве молам ако некој знае денес испитував за тероидна од што може да е толку високо немам никакви симптоми ? Ми рекоа дека може да е нешто од воспаление и дека треба да бидиш отечен ако мн е висока тсх и ке има изостанок на меструација менс ,јас ништо не чуствувам освен што бев настината овој месев тсх ми е 59 а скалата е 0,25-4,00 фт4 1,75 ) 10,6-19,4) на др место ми е тсx >30 (3-4) реф вредности фт4 20 од (0,77-1,92) на двете места сосема е различно заради вредностите но сепак е многу -колку време се зема терапијата, дали е ризично за бременост ? ве молам искуство !
Резултативе се чудни. Каде испитуваше? Мене некако најсигурни ми се лабораториите во Државна Болница или Авицена.
Висок ти е доста Тсх. Терапија доживотно се зема. Ризично е ако е многу висок. Оди што може побрзо на специјалист.
да знам ..ама јас немам никакви симптоми ако е толку висок ,и досега сум немала проблем,ако е стварно така досега требало да имам гушење и воопшто менструацијаа, ќе отидам на приватно пак да проверам
@anita123 , се сложувам со Sesil, побарај си приоритетен упат за на интернист или ендокринолог, не чекај да се развијат симптоми.
Ако може некој да ме информира дали е се во ред?Овака ми изгледа ок но добро би ми дошло и деуго мислење.На 3ти ден правено.
Ако планираш бременост ТСХ треба околу 2 да ти е. ФСХ и ЛХ треба да ти се приближно исти во спротивно укажува на полицистични јајници или изостанок на овулацијата. Сепак докторот ќе ти каже најдобро
Па да,за бременост ми е.Имам полицистични а тсх ми беше лани 4.6 баш граница ама еве се намалило...малку... Фала
Да прашам нешто. Дали на секоја контрола на тироидната ви прават ехо, или само првиот пат кога сте отишле?
На првиот преглед, и потоа еднаш годишно ако нема ништо сомнително, а ако има јазли веројатно почесто.