Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. yes

    yes Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    18
    Еве јас ке споделам мислење со тебе.Јас со години пијам лекарства за жлездата (15 год) и бидејки сега планирам бременост, морав да се распрашам за тоа кај докторот што ме води.Тој рече вака:веднаш штом ке дознаеш дека си бремена ке дојдеш кај мене да ти ја зголемам дозата бидејки еден дел од лекот ке го превзема детето.Инаку за сите што се плашат,бидејки прочитав се и сешто би им кажала дека вистина ова пореметување не треба да го третираат како болест,што би рекол мојот лекар,и навистина мислам и јас дека не треба да се прави драма од ова.Стануваш наутро пиеш таблета и толку е,се си тече нормално.Поздрав и се извинувам што надополнив и нешто друго во врска со ова пореметување :)
     
    На Menasss и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.321
    Допаѓања:
    158.406
    Олеснување...бре!И мене ми беше шубе,ама вака кога ќе слушнам,дека супер си тече и тој дел,добро ми доаѓа.И мене истото ми го рече докторката,дали случајно или планирано,еден ден кога ќе останеш бремена,веднаш кај мене да дојдеш.
    Божица,стално го тупам за таа јодирана вода.Консултирај се со докторот околу неа и ако имаш можност набави си ја од Србија,зошто овде ја нема.
    http://www.bbminaqua.com/?page_id=47
    Фини препораки има,еве го баш делот за бремени жени зошто се препорачува,а плус за тироидна жлезда.
     
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    259.828
    Пол:
    Женски
    ^Lilit јас уште првиот пат кога прочитав за водава во некој твој постар пост ја барав овде ама ја нема.
    Сега ми се резултатите добри, но сепак докторката ми ја зголеми дозата од 50 на 62,5 за да и на следната контрола по месец дена биде добро нивото на тсх во крвта. Не е некој проблем само што ќе мора секој месец да проверувам. И јас веднаш после тестот за бременост отидов кај докторката па по два дена на гинеколог :)
     
  4. ivo-na

    ivo-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    39
    Кај мене пред 6,7 години ми се појави на десната страна на вратот чворче, на почетокот не се приметуваше толку многу и можеше да се примети само кога ја вртев главата на страна. Најпрво го примети мајка ми ама не обрнав многу внимание на тоа бидејќи многу паничари. Со тек на време стануваше се поголемо и така се решив да одам на доктор. Најпрво отидов во државната и ми кажаа оти ги прават тие тестови ама моментално ги немале, за 3,4 месеци требало да ги добијат :o . И така си отидов на приватно ми направија испитувања на крвта и ми закажаа кај докторка која доаѓаше кај нив во болницата. На ехото се потврди оти имам чвор, неколку пати бев на испитување на Патофиза, еднаш пиев радиоактивен јод, иначе сум кај д-р Миладинова, не пиев баш никакви лекови и ми кажаа дека треба да се оперирам. Откога се оперирав нагло ја намалив тежината, и не пијам ништо од лекарста, до сега се е ок, само за контрола закажуваат после многу време, наредната контрола ми ја закажаа за дури после 9 месеци од кога се јавив.
     
  5. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    239
    Јас веќе една ипол година пијам Еутирокс од 25мг,а сега последен пат кога бев на контрола ми ја зголемија само за викенд да пијам од 50(значи 2 од по 25).Инаку немам никаков проблем со слабеење,но затоа косата страшно ми паѓа,имам сува кожа и многу лесно запаѓам во депресија :( Ме интересира сите вие што го имате овој проблем кога и како престана да ви паѓа косата?
     
  6. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
    Јас имам слична ситуација како твојата, само јас пијам цела седмица доза од 25мг.Значи и мене страшно ми паѓаше косата еден период, е сега ми паѓа ама во помала мера.Незнам дали е од шампонот кој што почнав да ги користам или од нешто друго ама сега помалку ми опаѓа косата.Значи сега користам шампон против опаѓање на коса од фолтен.Пробај можеби и на тебе ќе ти помогне.
     
  7. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    и мене еден период почна да ми паѓа косата и си купив капсули што се за коса и нокти и сега многу малку ми паѓа,може со тоа да пробаш да пиеш витамини за коса и нокти што се.
     
  8. miss-glamorous

    miss-glamorous Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Јас имав проблем со тероидната жлезда од 11 годишна возраст(веднаш по разводот на моите родители, па стресот беше причината за нејзино појавување) и примав терапија еутирокс од 50, која ја примав 7 години, значи речиси додека не наполнив 18. Инаку мој совет за справување со болеста е всушност сама да бидеш решена да си помогнеш, се додека сама не си поставив внатрешен мир не оздравев. Не дозволувај сенешто да влијае на тебе и не размислувај толку на болеста едноставно препушти му се на животот. Одвојувај време кое ќе биде посветено само на тебе за да се релаксираш и опуштиш. Јас не применував некоја посебна исхрана, а и во текот на тие 7 год редовно вежбав со што полека ја регулирав тежината, која подоцна се врати во нормала. Ако имаш уште прашања, би била пресреќна да ти одговорам, а со тоа (се надевам) и да ти помогна. Поздрав и се најдоборо!
     
  9. carina

    carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    нова сум на форумов и јас како паталец би сакала да го споделам искуство со хипертиреозата.веке 3.5 год ја лечам оваа состојба и на крајот ја ставив во нормала,а за ова време милион пати ми досло на памет да ја оперирам жлездата.на почетокот се леќев на патофиза,но откако видов дека нема резултати решив среката да си ја пробам на приватен доктор.одев на многу места и барав мислење од секој ендокринолог или патофизиолог за на крај да отидам кај др.каранфилски во атик кор и решив да го послушам него.бев скептик дека некогаш ке ја излечам жлездата,но професорот ми рече дека ке ме излечи доколку бидам дисциплинирана и ги слушам неговите совети(не да не пушам туку и да не бидам во зачадени простории,да ги пијам редовно апчињата-тирозол и да избегнувам стресни ситуации.значи по 1.5 год на патофиза и 2 год кај каранфилски ја ставив жлездата во нормала,па сега можам да си планирам и втора бременост.од мое искуство би ви препорачала да не си губите време на патофиза туку да си одите во атик кор.поздрав на сите
     
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Пред 5-6 години при рутинска контрола ми рекоа дека имам чворчиња (?) на тироидната жлезда. Лекарот ми рече дека не е страшно, во ова поднебје повекето сме имале такви.
    Пред две години, пред да ја ставам спиралата проверував хормони. Се сеќавам дека ги проверив и Т3 и Т4 и беа во нормала.
    Меѓутоа, јас не се чуствувам добро. Да, имам две мали деца кои ме исцрпуваат, ама имаат и други жени. Постојано сум преморена до степен да насабајле неможам да станам од кревет. По цел ден се влечам ко претепана низ дома. Депресивна сум секој ден, само прашање е до кој степен. Енергијата ми е еднаква на нула. И со килажата имам проблем, гојазна сум. Кога јадам нормално, не се дебелееам, ама и кога почнувам диета, кога бројам калории симнувам 2-3 кг и толку што многу ме разочарува. Ноктите ми се кршат, косата ми е убава дури ми е кратка. Користам професионални шампони и маски, пиев Мерц таблетки и пак сега гледам дека ми се расцветува ама не на врвовите туку на средина на влакното па се кине при чешлање. Постојано ми излегуваат (на моја возраст!!) акни и покрај сите третмани и скапа козметика, а кога ке поминат ми остануваат модринки на лицето каде што била бубуљицата. Под голем стрес сум константно. Не пушам, не пијам. Сите симптоми ми личат на проблем со тироидната.....
    Со децава немам време да чекам ред со часови на клиника, плус не сум од Скопје па закажав кај Др.Муратовска во Систина после празнициве. Скап е прегледот ама нека иде се у таквото, само се надевам дека ке најде што не е во ред со мене и ке ми помогне.
     
  11. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Заборавив да потенцирам дека имам многу многу сува кожа, што гледам дека е еден од симптомите за намалена функција на тироидната жлезда а и психичката успореност (последниот испит неможам да го подготвам две години).
     
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    259.828
    Пол:
    Женски
    Shana ништо нема да изгубиш ако се прегледаш, барем ќе си бидеш на чисто што се случува со тебе. Деталите кои ги наведе упатуваат дека можеби имаш проблеми со тироидата но бидејќи се општи и чести (замор, сува кожа, опстипација, зголемена тежина...) никогаш не сме на сигурно без крвна анализа и ехо. Со среќа на прегледот и се надевам ќе имаш подобрување.
     
  13. vestape

    vestape Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам дијагноза Thiroiditis Hashimoto веќе 3 години. Земам редовна терапија. Исчезнаа веќеспоменатите симптоми. Дали некој знае што значат параметрите ТАТ: а-ТРО? Дозволената граница е помалку од 60, а кај мене е 698? Поздрав
     
  14. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Примам терапија од еутирокс кој треба да го пијам насабајле,сега треба да одам на контрола денот кога имам закажано треба да се напијам апче па да одам крв да ми земат или тој ден не треба да пијам,ако знае некој да ми каже бидејќи не ми е јасно баш ова,а треба да одам на контрола сега. :lol:
     
  15. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    и тие незнаат шо казуваат еднаш ми рекоа да не имам утрото пиено апче,па др пат т.е следнаа контрола ми рече нема врска е сега дали овој пат зависеше од нешто или незнам што беше..
     
  16. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32

    Пробав да се водам по некоја логика дека може треба да се напијам за да видат со таа доза лек како функционираат хормоните,после си викам може не треба да се напијам за да видат после одреден период дали ми се стабилизирани и стварно незнам што е точно :lol:
     
  17. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    sekako deka treba da go ispies, jas taa terapija so eutiroks od 25mg. ja koristev 4godini i nema veze dali si na kontrola, sabajle na gladno napi si se apce..pozz :)
     
  18. ohi

    ohi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Vestape TPO се антитела, тие антитела треба да ја заштитуваат тироидната жлезда, но кај хашимито болеста твојот имунолошки систем произведува поголем број од тие антитела каде што тие сами се завртуваат против организмот и наместо да ја штитат ја напаѓаат тироидната жлезда....инаку се дава мислам истата терапија како кај намалена функција на жлездата и ги има тие симптоми, но има и случаи каде што би можела да имаш ТРО, но да немаш пореметување на хормоните, во тој случај треба да одиш на контроли за да следи понатамошната состојба

    поздрав
     
  19. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Здраво девојки,

    Исто и јас имам проблеми со тироидната веке 4 години. Имам Хашимото. Одам на клиника на контроли кај Оливија Васкова, но таму многу се чека. Јас лани во ноември заказав за оваа година во септември.
    Моето прашање е: Да ми препорачате некоја друга докторка која работи приватно или пак ако имате некои информации да не работи приватно погоре споменатата докторка.

    Поззззз
     
  20. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Знам дека една докторка Мери од клиника се префрли во Систина да работи,доста ја фалеа и додека беше на клиника неа,но сепак за на приватно е поскапо само хормоните да ги прегледаш се 1500денари,а плус ако треба ехо и други работи,јас одам на клиника на прегледи обично ако треба да одам на контрола за месец,два докторката го пишува тоа на резултатот и треба со тоа да отидеш и ќе те прими не мора да закажуваш,а ако се во ред резултатите и само на обични контроли треба да одиш тогаш се закажува телефонски и се чека подолго,но не треба да се плашиш ако резултатот бил во ред.