Јако! Не бе,ок е,се трпи,малце тромавост и желба за поише сон,ама добро е.Терапијчето малце кренато за 25мг и супер е.
Драги Феминки, ми треба вашата помош. На една од моите најдобри другарки и е дијагностицирано ова http://en.wikipedia.org/wiki/Hashimoto's_thyroiditis Може ли да ми кажете нешто повеќе за оваа болест? Прочитав дека може да дојде до откажување на срцето и мускулите.. Шо знаете вие за ова? Имате ли совет како да и помогнам.. Навистина не знам шо да и речам.. Мн ли е сериозна оваа болест? Однапред ви благодарам за помошта.
Ако не се прима терапија,да,ќе се случи,ама за да се случи треба да поминат многу години со болеста без никаква терапија.Не е тешко да се забележи,па сигурно нема поминато повеќе години откако го има,а не знаела.Во превод не е ич страшно,дали е хашимото или не,во принцип различен е третманот,дали ќе се отстрани тироидата или не,ама во суштина сите го примаат еутироксот без кој не се може и ги демнат истите или сличните работи.Така што нека ги следи упатствата од докторите како ќе се справи со хашимотото и потоа редовно ќе си ја зима терапијата и нема ама баш никаков проблем.Ма какво откажување на срце,какви мускули што ви паѓа на памет.Хашимото може прочитавте,е автоимуна болест со што тироидата сама од себе се уништува,со што не лачи доволно хормон,може да се случи и на хипо и на хипер болни или па и да не бидат,па одеднаш да се случи со што во телото се случува промена исто како кај хипо,односно отсуство или намалено присуство на хормоните. За да дојде до такво нешто...организмот треба да се истоштува многу години во отсуство или мало присуство на т4 кој го активира т3 хормонот кој е важен за сите процеси во органзимот,размена на материи,раст и развој на ткивата.Со тоа доаѓа до слабеење на мускулите,со тоа и срцевиот мускул.Сигурно над 10 години без третман,може да дојде до такво нешто,а под терапија никогаш.Знаеш што значи да дојде до тој стадиум?!Да не може да стане од кревет и организмот тотално да крахира. Не си правете филмови и не се плашете без врска.Ако од нешто МОРА да бидеш болен,ова е најлесната болест која можеш да ја избереш од листата. Нема простор за паника.
Хелоу, мај нејм ис Геа енд ај јуз Еутирокс ту Нема ни една недела како бев на преглед во Атик Кор,појдов за едно,а се испостави сосема друго Ги прочитав сите мислења во оваа тема, од некои навистина се вознемирив,па нема многу да зборувам за себе, ќе ви кажам за баба ми која имаше рак на тироидната. Лекар и беше професорот Каранфилски, кој и ја дијагностицираше болеста.По 6 год. од операцијата, се појавија метастази на левиот колк, беше оперирана и вметнат вештачки,но тоа претставуваше само затишје пред бура, болеста продолжи да напредува, метастазираше на белите дробови, мозокот и коските, е тука веќе беше крајот.Како и да е, од операцијата па се до смртта поминаа 18 години,18 години таа се бореше со болеста. Јас имам малку покачено ниво на Т4, ама за среќа ептен навремено е откриен недостатокот на хормонот и сега сум на терапија.На ехото немаше никакви јазли, единствено не многу забелеително е изменета структурата на жлездата.Како и да е,јас сум оптимист и верувам дека се ќе си дојде во најдобар ред со тек на времето и потребната терапија.
добро бре луѓе внимавате што пишите или не, па ке г о здрмате човека не се пиши одма најстрашното има на првата стр се објаснето .... и после фала лилит ова она лилит не е ни доктор ни стучнак но барем знае што пишува ...секој збор и и на соодветно место да прашам инаку колку долго не јадите ништо, саат пола саат одкако ќе го ипиете апчето? јас по саат јадам
Јас јадам пола саат откога ке го испијам апчето, но не гледам на саат. Обично ке станам ке го испијам и потоа се мијам, па додека да поставам за јадење и понекогаш и повеке знае да помине а понекогаш и порано. Не се придржувам ептен строго
Не, од понеделник до петок станувам рано за на работа па го пијам помегу 7:00 и 7:30. Додека сабота и недела кога ке станам тогаш. Не се секирај немора да има одредено време сепак не е антибиотик, но најважно е секогаш да е на гладно.
Мене мојата лекарка ми рече да се потрудам апчето да го пијам во ист период наутро (не дека неможе различно ама така биле најдобри резултатите) и барем 1саат после тоа да јадам, помалку никако (иако во упатството пишува пола саат).
јас доста панично од старт го имав сватено ова поврзано со др пробелми ...и така да во ист период го пијам
Јас пијам во 7 наутро без утка и за викенди,затоа што телото ми го има прифатено тоа темпо.И не јадам,ни пијам еден час потоа и гледам да не јадам доцна навечер за да ми биде празен желудникот наутро,јес да се случува да јадам доцна...ама тоа е сега.
Здраво на сите, јас сум нова на форумов па бидејќи пред извесно време ми е откриена намалена функција на тироидната жлезда почнав да примам терапија еутирокс 50 по половина таблета па ме интересира доколку некој знае да ми одговори дали смеам да отидам на годишен одмор на море. Однапред Ви благодарам.
Дали е нормално тироксинот доколку е 0,8 и дали ако тој е во ред треба да се прават др испитувања како со е снимање односно ехо н атиреоидната жлезда?
фала за одговорот.Само јас се немам убаво изјаснето мислев дали се ево ред доколку тироксинот е0,8 дали е во нормалните граници,мислев да не имам намалена или зголемена функ?јас го испитвав овој хормон заради тоа што косата ми пага не ми се познава ама сакам да ми престане.а на ехо не бев затоа што мирекоа дека не требало ако тироксинот бил ок.
Слушнав дека проблемите со тироидната жлезда, можеле да се излечат со помош на акупунктура. Дали некој од вас има слушнато за ваква алтернатива и доколку некој пробал,ме интересира има ли некакви резултати?
Здраво на сите сакам да ве прашам дали е можно да е од тироидната жлезда тоа што во последно време во грлото чувствувам қако залак што неможам даго голтнам.инаку др нешто од симптомиве не сум забележала посебно