О, Боже... А јас мислев и они ќе се регулираат со еутироксот ((((( Значи јас да си земам селен и омега под хитно треба...
Здраво девојки. Имам намалена работа на тироидната жлезда. Пијам 4 год Еутирокс од 50мг и 75мг. Одам на контрола на интернист кај др Елизабета Солева на 6 месеци при што хормоните се ок и продолжувам со терапијата. Последниве 6 месеци се обидуваме да добиеме бебе. Минатиот месец во консултација со гинеколог ме прати на хормонско испитување на 3 ден од менструација. Резултатите стигнаа, ТСХ покачен ,дозволено до 4.6 а мене ми е 7.7. Ме интересира дали сте имале вакво искуство и што следува за да се нормализира ТСХ и дали потоа сте останале бремени? (Прашувам за да се информирам додека да отидам на доктор)
Ke ostanes bremena ne mu ja misli i jas ostanav so eutoroks no pod 2 ili 2 treba da e tsh najdobra e taa vrednost
Трет пат правам анализи за тироидна,(ова во последните 4 години). Првите две беа во ред, Последната има резултати кои отскокнуваат од референтните вредности. На лекар сум дури следната недела. Некој ако може нешто околу вредностите да ми каже - TSH 0.017 (0.4-4.5) - FT4 32.3 (9.5-25) Знам дека моменталната состојба не е конечна. Најмалку уште еднаш после месец, два би требало д аги проверам пак. Но, ме интересираат вашите искуства. Со какви резултати започнавте терапија? Што мислите за намелен ТСХ и покачен фт4? Ви благодарам однапред
Девојки препорака за доктор кој работи со фонд за проверка на тироидна жлезда. Јас редовно одев во 8ми Септември на ендокринологија ама откако се породив никако нема термин за преглед. Еве 9м не ми е проверена тироидната. Кај кои доктори одите?
Obavezno ispitaj T3, Ft4, Antitpo Jas odam kaj Daniela Miladinova na klinika(preku vrska odam kaj nea) Privatno e dobra Tanja tireodijagnostika, karanfilski vo atikor.
Имаш зголемена функција на тироидеа или хипертироидизам. Примаш ли некоја терапија? Не ти се во ред вредностите.
Не се сеќавам дали имам прашано тука. Како и да е, пак ќе прашам зашто, очигледно, ми се нема разјаснето: Од Хашимото паѓа коса, така? Ама не само напред/назад/странично, туку од целиот скалп истовремено по малку. Прашањето е: Дали ова би се поправило т.е. дали косата ќе си израсне и ќе се врати во првобитниот изглед откако ќе се регулира терапијата за средување на хормоните?
Едно прашање... имам интолеранција на лактоза, млечни производи избегнувам дека многу проблем ми прави на стомакот со подуеност, грчеви, болки, лигава столица... а пак секој ден имам мака со стомакот, не толку голема како кога ке внесам повеќе млечно, но сепак имам грчеви и нелагодност на стомакот. Случајно прочитав сега на еутироксот дека содржи лактоза, што во овој случај?
Ќе си отидеш прво на ехо на тироидна - кај интернист сум била јас. Па после ми дадоа упат бев на ендокрионологија за да испитам тироидни хормони преку крвна слика. Е сеа не знам по ск кај е најдобро нека ти каже некој друг за тоа.
Искрено неможам да одам по клинкиве во Ск бев пред некој ден и веќе никад нема да одам заглавив цел ден ,а знаеш какви се газдиве малце . Би сакала дирекно да одам преку крв ,да не правам еха и такви раб Сепак фала ти многу
Па би требало да се поправи. Јас не сум имала некое посериозно опаѓање на косата. Можам да кажам и дека не ми паѓа повеќе од претходно ко не ми беше откриено хашимото и хипотироидизмот. Исто ми паѓа минимално при чешлање.