Поготово со здравствово наше,ќе преживеат само тие што имаат или многу моќ или многу пари а најдобро и тоа и тоа .Додуша едното со другото си оди заедно.
Абе луѓе,дали е можно после 3 години,никој доктор да ми каже дека со повисок ТСХ не можеш да останеш рабремена.Мене сиве години ми беше до граници на нормала,но 3,7 после 4,5 ,сега 5.5 ......Па на памет не ми паднало дека е високо и е проблем.Висок ми беше пролактинот,па мислев само тоа е проблем....Го намалив ,ама еве за ТСХ не знаев.Имав симптоми верувале или не,ако ми беше на висока граница.Бев уморна многу спиев,омалаксана стално,нон стоп ме факаја настинки вируси....Пиев со години антибиотици,па табети за алергија,па за желудник.Леле катастрофа,само да знаев дека ова било причина за моиве маки...Депресивха состојба,напади на паника понекогаш навечер.....Нон стоп бев болна,и очајна,незнаејки сто да правам......Еве ,верувале или не,5 дена пијам еутироксин и полна сум со енергија и спијам по 7 саати,а спиев по 12 и пак уморна.Многу сум лута на докториве искрено....Години патев,некаде 6 или 7,замислете ми беше лошо....Дај Боже да се среди сега.Пзд
Докториве се чудесии, и мува не ги лази. Повеќе можеш сам да научиш од интернет и форуми. Важно сега си ок
имам килажа зголемена особено околу стомак Јас не можам да поверувам дека за 5 дена почна пообрување.Години изгубив така,в кревет повеке време ,за никаде и ништо бев.Не можев од денес за утре да планирам да отидам некаде,не знаев дали ке сум во состојба да станам од кревет
Од патофиза мене Миладинова не ми остави впечаток,вообразена,дрска и зборови со клешти да вадиш.Не ја препорачувам. Ги препорачувам Даниела Поп Ѓорчева,Оливија Васкова и Ангелина Богдановска. Исто И Ана Угринска не ми се допадна ,ме прими и не ме допрегледа,имала предавања,тоа прв пат ми се случи за 15 години одење. проф.Васкова е далеку поспонтана и попријатна . Сега одлучив да се префрлам на ендокринологија. Јас кога ми беше тсх 45. Сега исто се чувствувам така кога тсх ми е над 3.5. Затоа сметам дека тсх граница е идеална до 3./Пред извесно време кога повторно бев уморна и поспана знаев дека е покачен и излезе 5,9 ,зголемивме доза и веднаш стана подобро.
Што мислите каде да одам на контроли да ми ја следат состојбата на патофиза или на ендокринологија. До сега имам одено на ендокринологија, а некои ми кажуваат дека се позадоволни од докторите на патофиза. Што мислите?
Ендокринологија дефинитивно, сепак се работи за хормонски пореметувања кога е во прашање тироидната жлезда, па ендокринолозите се експерти за тоа. А за ехо на тироида секој може да направи.
И јас препорачувам ендокринологија, патофиза се постручни во однос на следење на промените на ткивото на тироидната, но ендокринолозите се тие кои се постручни во поглед на хормоните. Ендокриниот систем е како машина, и кога еден дел функционира пореметено (во овој случај тироидната) тоа може да повлече и дисбаланс на останатите хормони и органи од ендокриниот систем, или пак обратно, некој друг ендокрин орган кој функционирал пореметено да предизвикал нарушување на работата на тироидната жлезда.