BREMENA SUM 37 NEDELA A OVA MI SE REZULTATITE FT4 8,5 OD 8,5 DO 20 TSH 2,3 OD 0,4 DO 4,5 DAALI NEKOJ MOZE DA MI KAZE DALI SUM HIPER ILI HIPO I DALI TREBA DA PRIMAM TARAPIJA
koga rabotam ili sum aktivna ne cuvstvuvam no koga ke se smiram go cuvstvuvam srcebienjeto, ne mnogu cesto, mozebi vo denot 2 pati megutoa mnogu e silno mislam deka se pomestuvam od polozbata vo koja se naogam ako sedam...
Ако ова што си го напишала ’од - до‘ е нормална граница, тогаш се’ ти е во ред. Само ова FT4,незнам што е тоа, е на долната граница,ама тоа незначи дека си хипо.
девојки здраво дали ке можете да ми ги кажете симптомите за нарушена функција на тироидната жлезда? утре треба да одам да ја испитам па нз зошто ми рекоја така поздрав
Ke Ve molam za vase mislenje...pred pola godina imav spontan abortus, posle 3 meseci mi utvrdija deka imam narusuvanje na f-cijata na tiroidnata, mi rekoa deka moze pricina za abortusot da e токму tаа и ми препишаа терапија еутирокс 75, сега скоро 2 месеци ја примам терапијата не се чувстувам бас најдобро и качив некој колограм а сега почна и косата да ми паѓа ...... и покрај сите проблеми сега сакам пак да забременам но се плашам...тироидната уште не ми е стабилизирана ми беше 30 сега се спушти на 20 а на контрола ке одам следниот месец...ме интересира дали со нестабилизирана тироидна мозам воопшто да останам бремена и што во бременоста..се плашам да не родам дете со физичко или психичко пореметуванје ли да ја наследи мојата болест.. поздрав
Здраво Јас сум нова на форумот.Неколку години одев на преглед бидејќи ми беше близу граница, немав никаква терапија. На последната контрола ми кажаа веќе да не одам на прегледи. Сега по моја волја направив тест на крвта и ми покажа ТСХ 11,56. Закажав преглед кај д-р Каранфилски. Дали некој ќе знае да ми објасни каде точно се наоѓа ординацијата, дали е во близина на хотел Амбасадор? И за колку време се готови резултатите кај овој доктор? Поздрав за сите
Bapa ухх многу високи вредности на TSH имаш, и најверојатно од тоа бил абортусот! Јас пред да останам бремена видов дека ми е покачена вредноста на тсх ама ми бесе некаде 6 па почнав со 25мг еутирокс, па кога останав бремена се зголеми вредноста на тсх па ја зголемив и дозата бидејки докторката ми кажа дека е пожелно да биде под 2 вредноста во текот на бременоста. На последните 2 контроли сум под 2 со 75мг еутирокс, внимавам на исхраната и сакав да ти напишам дека од почетокот на терапијата до бременоста за одприлика 9-10 месеци изгубив 10 кг. Мој совет, советувај се со ендокринологот за бременоста и мислам ќе ти сугерира да почекаш да ја намалиш вредноста на тсх за да немаш недај боже повторно проблеми.
Да ве прашам,кои се симптоми на нарушена ф-ја на тироидата?Дали вадењето на крајници има врска со нарушувањето? Едит:најдов за првото прашање,а второто???
^ Прва страна, Лилит има се објаснето! А крајници и тироидна жлезда не би требало да има никаква врска!
Да,да тоа го прочитав и се замислив зошто сите што ги оперираат крајниците после 1-2 години почнуваат да ја качуваат килажата(било да се деца или пак возрасни)
Јас имам зголемена тироидна жлезда а немав никакви сиптоми и тоа случајно ми ја открија во школо,бидејќи имаше преглед на ехо за тироидна и тогаш ми беше многу зголемена одев на редовни контроли пијам апчиња Еутирокс и сеуште одам на контроли ама на неколку месеци,бидејќи јас сум во пубертет докторката ми рече дека ќе треба да ги пијам додека не искочам и додека не се стабилизира,ми рекоа дека се прават операции но ништо со тоа пак ќе ги пиеш апчињата не ни помислував на операција...ми рекоа дека жлездата ќе се стабилизира на некое одредено време но ќе морам на контроли да одам...па тоа е тоа кој го интересира нека праша веќе ги пијам апчињата 3год.
gi imam site simptomi na HIPER ama mi e strav da odam da proveram dali e do toa se leci li pozz do site [mod-kirilica:1drxc2pa][/mod-kirilica:1drxc2pa]
Колку повеќе одложуваш,толку полошо за тебе и не знам зошто ти е страв да одиш.Зарем е поубаво да живееш во незнаење и константо да се плашиш,а ништо да не ти е?!А ако ти е и одложуваш со месеци и години,е тек допрва ќе има работи за плашење. А што се однесува до бременоста претходно што сте напишале.Мојата докторка едно ми има речено,ако останеш непланирано бремена,одма да дојдеш кај мене без оглед кој ти е планот,а ако се си е со ред,планирано,исто така да ме известиш навремено затоа што е многу важно и за тебе и за плодот.Додека вредностите не се идеални,не се препорачува бременост од многу причини.Така што поубаво почекај и консултирај се и со гинеколог и со ендокринолог.
Јас имам 24 години и имам намалена функција на тироидната жлезда. 3 Години постојано ме болеше грлото , бев малаксана и со мн ниска концентрација. Матичниот лекар цело време ми даваше најразлични антибиотици но немаше никакви резултати и јас постојано бев болна. Се побунив затоа што мене тоа баш и не ми беше нормално, ме испрати да направам тестови за алергија, а тој доктор ме упати да си ја проверам тиоридната жлезда. Прво кога ми кажаа дека имам циста и намалена функција ме фати паника, посебно кога почнав на интернет да читам дека се лечи доживотно и кои се последиците. Почнав со еуротирокс 50 мг и веќе ги пијам 6 месеци и имам подобрување. Мачно ми беше на почетокот секој ден сабајле да пијам апчиња ама сега ми е дел од секојдневието и не ми е никаков проблем. Сватив дека сепак можеби и не е толку страшно
Имам коментирано на оваа тема но, еве повторно! Пред 4г мајка ми се разболе, односно постојано се чуствуваше малаксана, и се тресеа рацете и имаше огрокмна потреба на благо. И сето тоа го одовлекуваше околу пола година каде што конечно се реши да отиде во Битола да се испита. Откако и пристигнаа резултатите почна да ја прима терапијата, но се случи нешто неочекувано, мајка ми била алергична на тие апчиња. После двс месеци замина за Скопје каде што примаше јод кој бил радиоактивен (спиеше во посебна соба заради здрачењето) и од тогаш некако подобра е и да ги пие Еутирокс, но на секое одење на котрола и се зголемува дозата Иначе секоја контрола ја прави во приватна амбуланта кај Гордана Стефаноска Балабаноска(не ме фаќајте за збор ама мислам дека така се викаше) и еднаш јас бев таму и ми вика знаеш дека болеста мајка ти што ја има е наследна и би сакала да те насочам ако осетиш и најмал синтом веднаш да ми се обратиш...Ова го напишав бидејќи оваа болес е наследна и било пожелно доколку еден од родителите е заболен да се испитаат и децата со цел спречување на истата!
Пред неколку месеци почна некаква промена на очите - црвенило, отоци на очните капаци, солзење, чувство на песок во очите, трахикардија и тресење на рацете. За секоја ситница се нервирав и ме тераше на плачење. Првичните симптоми ме тераа да мислам дека е некаква алергија, затоа што во текот на денот сето тоа се смируваше. Меѓутоа, кога бев до Охрид, некако сето тоа доби поголем замав. Веднаш се вратив и отидов право на испитување на тироксинот во лабараторија. Се показа дека е многу висок ( > 6,00 ). Ме праќаа на патофиза, но знаејки од претходни информации дека многу се чека, денес имав закажано во приватна здравствена амбуланта. Докторот го виде резултатот и тироидата ми е хипер. Ми препиша ТИРОЗОЛ и од денес ја почнувам терапијата. Ми кажа дека тироксинот за отприлика месец дена со лекот ке биде во приближно нормални граници, но потоа ке треба да земам други лекови за контрола на тироксинот. Покрај овие таблети, ми препиша и таблети за заштита на срцето, за да не испадне дека едно се лечи, а друго се пореметува. Исто така ми кажа дека терапијата на лечење на тироидата трае годинаипол до 2. Поздрав!
Кај мене всушност се појави прво забрзано чукање на срцето , кога бев на болница да направам проверка се беше во нормала, ми кажаа дека најверојатно е до стресот. По година повторно ми се појави забрзано срцебиење и бев повторно да направам проверка. Овој пат ми открија хипотиреоза. Многу ми беше чудно бидејќи немав никој од симптомите освен тоа што бев омалаксана. Ете веќе месец дена ги пијам апчињата, денес правев повторно контрола, веќе ми се нормализира тиреоидната, но се уште срцето ми чука многу брзо. Имал некој сличен проблем? И најстрашно е што докторите воопшто не се ни загрижуваат ниту пак те упатуваат негде да одиш. Па , решив самоволно да направам и комплетна проверка на срцето, се надевам дека не е ништо сериозно.