Женски здраво. Има ли некој специјалист што многу се разбира од хормони како пролактин, тсх, инсулин. Имено сакам во бременост по ажурно и по често да ги следам хормонове. Би било добро да работи со фонд, ако нема таков нека биде и на приватно. Државна ми се гледа комплицирана со термините, мецварењето и чекањето. Фала
Здраво женски.. Само што ги зедов резултатите, но утре сепак ке одам на доктор пак да ми ги прочита.. ТСХ - 4,16 тоа е мислам во ред фТ4 - 11,05 мислам дека и тоа е ок Anti TPO - IgG - 2.50 тоа не е ниско ? Фала ви
Здраво девојки, дали сметате дека вредност на тсх од 0.77 е премногу ниска. Јас сум хашимото и година ипол како сум со еутирокс, пред 4 месеци кога бев на контрола тсх ми беше 8 и ми ја зголемија дозата на еутирокс 75 и пред некој ден испитав на своја рака чисто да проверам зошто се обидуваме за бременост и испадна 0.77.
Како се другите хормони? Јас останав бремена со ТСХ = 0.0013 никаде го немаше, ама другите беа во ред фт3 и фт4... Сепак најдобро е да се движи околу 2-2.5
Уф добро е, се збунив и си реков ке одам во пон, а во понеделников сега земав упат.. тоа пон нели Божиќ. Па 8+ дена ке се поминати, си реков една недела да не трае само... Фала ви.
Ама вака.. бев со термин кај интернист, па интернистот ми даде за на клиничка биохемија упат за крвна слика и тсх хормони.... термин на тоа нема, упат за крв зимање ми е само..
Пијам Еутирокс 4 години. На извештајот ми стои хипотиреоза. Бидејќи ми варираше ТСХ , ми се менуваше и терапијата. Цело време ТСХ се движеше околу 2, за кога посакав да останам бремена, после 6 месеци неуспешни обиди кога направив испитување ТСХ рипнал на 7.7. Докторката- интернист повторно ми ја покачи терапијата. На последна контрола во ноември ТСХ 2 и нешто. Гинекологот рече ова е супер , нема да спречи бременост. Во декември добивам позитивен тест и бета од 76. Отидов кај гинекологот сестрата ми рече кога ќе има срцева акција да одам и кај интернистот да кажам дека сум бремена. Од друга страна ме праша дали внесувам доволно јод? Реков никој до сега ништо не ми кажал за јод (а ова ми е трет интернист откако пијам терапија) Дали јас со мојава дијагноза треба дополнително да внесувам јод, а ако да на кој начин? За ехо беше рано да се види бременост, требаше на 4ти јануари. На 1ви јануари прокрварувам, на гинекологија ми рекоа дека е биохемиска бременост. Гинекологот рече дека штом настанала бременост ТСХ сигурно е добар,инаку не би имало. Кога прашав за причините за биохемиска ми рече дека не може тироидната да го убие плодот. Се прашувам дали после се ова јас треба да посетам ендокринолог? Кој треба да ме упати кај него, за малку повеќе внимание да се посвети на тиродината жлезда?
Еве јас 2години пијам еутирокс.Тсх ми беше цело време висок. За кога дознав дека сум бремена да ми биде под 2. И тоа се заради тоа што конечно ендокринолог ми препорача внесување на јод. Исто и пред да забременам пиев селен.Јодот кај тие што се хипо игра многу голема улога,кај мене ем помогна да забременам и да спуштам ТСХ,ем да ја одржам истата.Оди некаде приватно и следи хормони почесто. Ти посакувам среќа