Ги читам коментарите за Д3 витаминот; многу го запоставуваме, ретко кој го проверува, а посебно кај автоимуните болести е во дефицит. Мора да го проверувате, и нешто што не ни кажуваат, кога пиеме еутирокс, треба да земаме и Д3 таблети или капки, затоа што хормонот влијае на појава на остеопороза, односно губење на коскената маса, чувство како да се ронат коските, болест без симптоми, тотално подмолна. Кај мене почна со болки во грбот и како некој да ми ги ренда коските додека одам, бев на скенер за густина на коски, покажа напредна остеопороза. На 40 години, коските како на 70 годишна баба. Чекам дензитометрија, што ќе покаже посигурно до каде е работата и се надевам дека скенерот кај што ме дијагностицираа им бил расипан Важно дека се изначитав за Д вит. на сите можни јазици и останува тоа дека е одличен за се', затоа проверете го Д вит. и пијте барем доза за одржување, 1-2 капки, зашто еутироксот е однадвор добар хормон, ама уствари е многу препреден
Јас испитав и ми е на граница.. Пијам Д3 витамин на др.волтс мислам од еурофарм. Си ги препишав самоиницијативно бидејќи знам дека неможе да штети Дали има одредена доза која треба возрасен да ја прими во тек на еден ден ? Мислам дали си информирана, бидејќи до сега не сум се консултирала со ниеден доктор па да не треба да зимам поголема доза....и дали знаеш дали се пие и во лето ?
Мене ми рече докторката да бидат барем 1000 IU (интернационални единици) на ден, обично во една капка пишува колку има, зависи од која фирма е вит., си пишува на упатството. Е сега која е доза за тебе, само како превентива (да не ти глумам докторка ), прочитај си повеќе или прашај си доктор. За лето, мислам дека ние што имаме дефицит, не ни го апсорбира ни во лето од сонцето, така што и тогаш е пожелно, само помала доза.
...дали зелените оревчиња имаат ЈОД??!! оревчето не го создава Јодот, тоа треба од некаде да го впие т.е. од земја, т.е. од водата... дождовна вода? не би рекла... вода од водовод, при вадење? не би рекла, оти со години веќе не се јодира водата за пиење од водовод , мислам...од каде тоа оревче би имало Јод? ако сме едемско подрачје ( зборуваме за екс ЈУ простор), нема јод во земјата, нема во водата! ...нема ниту растенијата што растат од таа земја и вода,( дури и морски плодови не се доволни) и да се увериш однеси го оревчето во Институт на Јавно здравје како мостра, ќе видиш колку ќе бидеш непријатно изненадена! Јас таков сличен тест направив со Солта за готвење да видам дали јас воопшто внесувм јод преку јодирана сол при исхрана, мостра од дома што имам сол, хималајска, морска, мостра од ресторан каде понекогаш ручам, мостра од работа каде некогаш јадам...се разочарав, ниедна мостра од сол немаше јод во себе, солено ДА, Јод НЕ ! ..од тогаш сол веќе НЕставам додека јадењето се вари ( под дејство на висока температура јодот се губи од солта) секогаш посолувам „тазе„ сол пред да јадам,.....друго сменив, да солта ја чувам на темно и во темна тегла никако во соларник на трпезарија во кујна (под дејство на светлината јодот се деактивира во солта)... веќе не применувам морска сол, таа има природно јод но во трагови кои не се доволни и самата морска сол како обичната сол исто дополнително се јодира, така да други олигоелементи не ми се потребни, а и самите големи кристали од морска сол ми пречат во посолување, така да останав на крај да применувам само австриска сол која Алкалоид ја увезува, пакува и гарантира јодираност (нив им верувам дека солта ја јодираат) и тоа секогаш купувам најмало паковање од 250 г, за да би се потрошило побрзо и да купам ново пакување со посвежа јодираност! ова промена, без ништо друго внес, ми го промени ТСХ _то, и ми го спадна од 8,5 на 4,5 (Т3,Т4 во нормала)! * ви споделив едно мое искуство!
Сама по себе солта и не е баш здрава....нели три бели смрти се сол шеќер и брашно...зарем нема друга алтернатива освен со сол?
...доколку можеш да си дозволиш финасиски, најдобар внес што ти треба! ...најдобра формула за трудници до 4 месец! ...од 4 месец до крај на бременоста! ... доколку не можеш да си дозволиш предходниот Фемибион, една комбинација од Јод и Фолна доволно да си „покриена„ !
Всушност трите вида на бела смрт се шеќер, бело брашно и млечни производи (лактоза). Кај мене се покажа комплетно точно за шеќерот и глутенот, а што се однесува до лактозата, проблем ми ствара само свежото млеко, немам проблем со преработките (јогурт, кисело млеко, кефир, ајран, сирењe, кашкавал).
..кој те излажа дека солта не е здрава сама по себе? ако нема сол во организмот како клетки ќе го регулираат балансот со водата во телото? дали знаеш дека ТОКМУ ОВОЈ БАЛАНС МЕЃУ ВОДА И СОЛ укажува на здрав организам да работаат мускулите, бубрезите....вопшто сите клетки? цитирам: ,,....Др. Жак де Лангре, писателот на книгата „Скриените моќи на морската сол“, потенцира дека морската сол, заштитена од сонцето и правилно чувана, може да биде прашање на живот или смрт, здравје или болест и нејзините елементи се од суштинско значење за правилно функционирање на организмот, рачно собраната морска сол не само што го одржува организмот во живот, туку и ги неутрализира токсините и бактериите и ги стимулира функциите на сите органи..“ ПРЕСОЛУВАЊЕ, преголем внес на сол во органзимот, не значи дека солта не е здрава?? навиката на секојдневно пресолување е нездрава, а не солта КОЈА Е НЕОПХОДНА во одредени количини секојдневно! ...дали ја знаеш приказната кога трите ќерки биле прашани колку го сакале својот татко - кралот и тоа споредбено љубовта со пример ?најмалата трета ќерка, кога кажала дека го сакала својот татко толку многу повеќе од солта!??... слична приказна,но со исто значење на ВАЖНОСТА НА СОЛТА! ... на многу места во светот децата од мали учат за значењето на солта преку приказни, зошто овде кај нас едукативно уште од градинка не се делува, не знам! ... дури и на поголема возраст едукативно преку филм се делува за значењето на солта која е важна за сите растенија, животни и човекот! ... се потрудив да најдам краткометражен филм (се надевам дека модераторите нема да ми замерат во моите напори да укажам за важноста на солта која со добра јодираност значи здравје со правилно функционирање на штитната жлезда) ... а не пишуванки во Нет портали без цензура, солта била бела смрт....глупости!
... вештачкиот внес на Вит Д дали во вид на капки, дражеи, таблетки,перли, секогаш е на последно место, секогаш прво применувајте - сончање! АЈДЕ ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ! 1. неговото височество „ сончев витамин“ Д : преку изложување на сончева светлина, ултравиолетово зрачење со бранова должина од 290-320 нанометри продира во непокриена ЧИСТА кожа (без крем, помада или други вештачи нанесени слоеви) и го претвора кожниот 7-дехидрохолестерол во провит Д3, кој пак станува витамин Д3, облакот, смог, содржина на меланин на кожата и сончање се меѓу факторите кои влијаат врз изложеноста на УВ зрачењето и синтезата на витамин Д, нема ефект УВ зрачење за Вит Д низ стакло, наочари и затворена просторија! совет? 5-30 минути изложеност на сонце помеѓу 10 и 15 часот најмалку два пати неделно на лицето, рацете, нозете или грбот доведува до доволно витамин D (достапен во две форми D2 (ergocalciferol) и D3 (cholecalciferol). 2. телото го препознава природниот Вит Д чија биолошка искористливост е максимална и најкорисна и затоа на второ место е исхраната богата со Вит Д, тука спаѓа животинската исхрана како говедско месо, свинско месо, пилешко, мисирка и јајца може да ги зголеми нивоа на витамин Д во храната од два до 18 пати - една чаша млеко содржи околу 3мг витамин Д, - 100 гр џигер содржат 1мг вит Д, - 100гр лосос има 11мг вит Д - едно јајце има 1мг вит Д - една чаша сок од портокал содржи 0,5мг вит Д Серумската концентрација од 25 (OH) D е најдобриот показател за витамин Д статус во ткивото на телото, <30 nmol / L (<12 ng / mL), некои се потенцијално изложени на ризик за несоодветност на нивоа кои се движат од 30-50 nmol / L (12-20 ng / mL)....доволно ниво ≥50 nmol / L (≥20 ng / mL) 3. доколку треба да се реагира побрзо поради многу ниски серумски вредности докажани на 25 (ОН) Д и веќе загрозено здравје се применува трета опција на вештачки внес на Вит Д ( форма Д3)! ... недостатоците на хранливите материи обично се резултат на диетална несоодветност, оштетена ресорпција во цревата(Вит Д е растворлив во масти, тие што имаат проблеми со ресорпција на масти, Целијакија, ќе имаат проблем и со внес на Вит Д) и ограничена сочева светлина доведува до недостаток на Вит Д што ги знаеме последицити рахитични кај децата и остеомалација кај возрасните, ... во 2011 година, The Endocrine Society издаде клинички упатства за витамин Д, наведувајќи дека пожелната серумска концентрација од 25 (OH) D е> 75 nmol / L (> 30 ng / ml) за да се максимизира ефектот на овој витамин на калциум, коска и мускулен метаболизам за зголемување на серумските нивоа од 25 (OH) D над 75 nmol / L (30 ng / ml), најмалку 1.500-2.000 IU / ден на дополнителен витамин Д може да бидат потребни кај возрасни и најмалку 1.000 IU / ден кај деца и адолесценти. ...се уморив !
Баланс не е ако за кратко време внесеш поголема количина на сол. Затоа и претходно прашав дали има др.алтернатива зошто сол секако сите внесуваме. Јас на пример трошам доволно сол и имав тсх 15. И само прашав нема потреба од се и секакви изјави- фала
За 3-те бели смрти уште пред 12-13 години имам чуено. Ако сега нешто имаат сменето или додадено тоа е др.Не ми ни беше поентата за "смртта". Фала во секој случај на забелешката
Ок е, терминологијата не е ни толку битна Кога ми се јавија проблемите со тироидната (хашимото+субклинички хипо), пробав да преминам на здрав начин на исхрана, па во основа на препораките се вртеа тие три работи како проблем, не само за нашава состојба туку општо, како проблем кај сите луѓе. Е сега, конкретно автоимуната природа на болеста се должи на некој тригер, според многу извори т.н. пропустливи црева, односно дигестивен систем кој не ги апсорбира правилно хранливите состојки поради некоја причина. Кај хашимотото на пример, глутенот е главен виновник за тие воспалителни процеси во организмот кои поттикнуваат автоимуна реакција. Освен глутенот, кај некого има и по нешто друго, затоа е добро да се проба т.н автоимун протокол одреден период (еден вид строга диета), па потоа постепено да се воведуваат сите видови храна за да се види што точно го иритира организмот па тој создава автоимуна реакција. Како и да е, и јас должам. Конкретно за јод, најдобар природен извор се морските плодови, алгите, веројатно и друго ама немам за тоа читано. @Meckicja и некои други феминки земаа келп на пример.
Да, супер за храната, иако баш кај нас морските плодови може да имаат повеќе жива или кој знае друго што, отколку Д витамин или Омега 3. Ама сончање во зима како, оваа година ни во Маврово немаше?! Конкретно јас сум на лето 2 месеци на езеро и се сончам секојдневно во препорачаното време, кога ќе се вратам дома, Д вит. ми е пак во инсуфициенција . Значи има нешто кај автоимуните, што спречува синтетизација и тоа е, мора вештачки да надоместуваме. Ама јас сум повеќе за други фирми, Health Aid, Jamieson, не овие од сликите
И јас користам мултивитамини баш од Jamieson Многу ми беше ослабен имунитетот, плус анемија, па и Haemovit oд Health Aid пијам. Се сложувам потполно, и мене овие две фирми ми се најсигурни.
Знам @Meckicja , ти благодарам. Членката @Fillia прашуваше за природни извори на јод, па бидејќи јас лично не сум земала келп, и го препорачав бидејќи знам дека вие го употребувавте
Zdravo, Bi zamolila nekoja clenka sto ima operirano jazol poodamna da spodeli iskustvo kako se cuvstvuva posle izvesen period. Dali povtorno se pojavile jazli, dali prima terapija, dali brzo trae oporavuvanje, nekoj problem posle operacija i sl. Moze i LP. Blagodaram odnapred.
Ова ептен поучно и малку се нервирам што и мене докторката ми кажа дека јодот за Хашимото бил токсичен!! И сега Јод или Еутирокс, како да ги ставиме на вага? А дали воопшто може да се провери јодот преку крв како другите минерали? Извинете што ме мрзи да прелистувам наназад, нека цитира некој ако веќе сте пишувале за тоа.