Во Србија без исклучок проверуваат тсх, т3, т4, плус вит д и вит б12. А кај нас молиш за обичен панел и се друго доплаќаш. Тумор маркери ако се има чвор задолжително, а кај нас одма на пункција.
Некој да не знае лек за несоница ? Хипо сум 5 год. на еутирокс и во последно време ужасен проблем е несоница а контрола имам дури наесен. Фалаа
Немам испитано преку крв дали имам недостаток на магнезиум и витамини не знам како ќе биде туку така да пијам.
Да се е во еден ден ако правиш лабораторија кај нив. Докторката не инсистира приватно ти дава опција ако сакаш и од матичен да си земеш државно да си испиташ хормони. Инаку мене со Ехо, лабораторија ме фати 50 еур.
И јас сум кај неа Само ехо и преглед 1200 ден Може е стручна тоа настрана мене многу ми е препотентна
Од кога тоа при лабораториски испитувања на ТСХ не треба да се пие терапија утрото? До сега секогаш сум пиела еутирокс па сум одела на боцкање, денес прв пат без апче?
Мене ми се допаѓа, баш затоа што не е срце душо, не ми се лигави ( мразм такви доктори) туку иде директ на темата. Нека ми е добар дијагностичар а за карактер ич не ме занима. Барем јас сум таков тип. Не сакам многу мазење и лигавење. @Sofi.ja од секогаш. Мајка ми е со години Хипо и секогаш пред да оди да испита не пие Еутирокс.
Сакате да кажете апче од коа ке се вратите а? Ја вчера прв пст сим заборавила да се напијам Кај ми е умот и ја незнам
Мене ми се на наткасна до кревет и одма штом се разбудам уште не станата пијам Еутирокс и после све по ред терам. И така пола саат треба да не јадеш и да не пиеш ништо па таман ми иде.
Јас до сега секогаш сум пиела апче па сум одела на боцкање Значи во заблуда сум била за вредноста на ТСХ
Никогаш до сега не ми го кажале тоа Вчера бев прв пат кај интернистот откако сум бремена,чекавме со гинекологот срце да слушнеме. И ми вика не пиј апче, мислев да не е поврзано со бременост
Софи и мене никогаш до сега не ми напоменале вакво нешто, дури кога сум прашувала ми викале ќе се напиеш. Четири години така испитувам. Е сега кога останав бремена кога бев на прва контрола во Јануари ми вика докторката имаш ли пиено и викам да. И она следен пат да не пиеш така треба да испитаме, и пак ми закажа по 3месеци што значи не е нешто страшно, ако било сигурно ќе рече дојди за еден месец пак. Да не е за бремени па само процедурава? Инаку вас бремените на колку време ви рекоа да испитувате хормони? Мене 3месеци многу ми се видоа, па тоа е само 2 испитувања во цела бременост, додека отидов бев 2ри месец.
Како бе на три месеци во бременост? Мене на секои 4 недели ми рекоа и до сега за трудници секогаш така било. Јас на три месеци сум идела пред тоа.
Јас во бременоста одев секој месец на контрола... Правила кои мораме да ги почитуваме: 1. Кога се прави лабораторија не се пие Еутирокс, 2. Еутирокс се пие на гладно, откако ќе станеме наспани (не да се напиете па пак да легнете), 3. По пиење на Еутирокс, не се консумира храна најмалку 30 мин-1 час, за кафе може уште малку да се почека заради тоа што кофеинот му смета на еутироксот.
Не се нормални кај мене значи, ем кај Пемовска бев и ми извади дури упут за во Април, а бев во Јануари. Ќе им се тутнам јас Март кој ги шиша.
Што терапија примаш? хипо или хипер си? Може ти се супер тебе сега хормоните, ама сепак трудна си. Оди си почесто,3 месеци е многу