Јас потполно се согласувам со тебе мила за ова да не прекинува да не си игра играчка со тироидната жлезда да не прекинува со Еутирокс иначе на мене Др малку фалеше да ми го прекине еутирокс ама ради тоа што се спремав за ивф не ми го прекина за тие што викаат оти Еутирокс ја успорува уште повеќе тироидата тоа јас мислам оти не е точно оти ете кај мене не ја успорува јас цела бременост сега ја поминав со иста доза на еутирокс Др дури се чудеше што тироида сум имала јас цела бременост да нема потреба да ми ја зголеми дозата на еутирокс а не пиев ништо друго освен витамините препорачани од Др
Дали некоја од вас што има хипотироиза успеала да постигне идеална тежина пр. како што сте биле пред да ја имате оваа состојба и доколку сте постигнале дали може да споделите совети како? Кои диети сте ги држеле што имале ефект, на каков режим на исхрана се придржувате? Јас успеав да симнам 10 кг, но имам уште 10 за симнување и никако неможам да ги намалам со безброј диети
Ти благодарам, дали ти имаше добар ефект од избегнување јаглехидрати и пешачење? Јас цело време некој период кога не јадам јаглехидрати ќе ослабнам 2-3 кг и после тоа ги враќам одма ако само 1 ден пробам тестенини или сл.
Да да имаше ефект ама заедно со аеробик после аеробикот го откажав оти ми се покачи пролактинот од него но продолжив со тоа избегнување на јаглехидрати
Освен тоа избегнување јаглехидрати дали држеше некоја диета, јас пр.со кето изгубив 10кг ама овие уште 10 и со кето тешко ми оди...
Јас и за време на бременоста избегнував јаглехидрати и докрај на бременоста качив едно 6,7 кила само а по породувањето се вратив на онаа килажа како пред бременоста
...токму така, но не станува мрзлива штитната жлезда, туку напротив самата се „блокира“ за да не произведува Т4 затоа што по вештачки пат го внесуваме ЕУТИРОКС ( вештачки тироксин, Т4) па вишокот на Т4 ( нашиот личен Т4 од помалку лачење плус дополнителен од око дозиран во мг Еутирокс) исто така прави проблеми во организмот... и кога штитната жлезда се блокира да не ја врши својата функција на созавање на Т4 макар и во мали количини самите клетки во таа жлезда атрофираат и се претвараат во цисти или нодули, па со тек на време треба тој дел оперативно да се острани!
А од каде ти се овие тврдења? Прв пат слушам за ова. Другарка ми не пиеше еутирокс, не ни знаеше дека има тироидна па заврши со операција на чворови и цисти.
А што кога ТСХ е со нормални вредности а Фт3 и Фт4 се на долна граница? Зголемена доза на Еутирокс не е решение зошто така се намалува само ТСХ. Цел живот сум хипо со нормални фт3 и фт4,а висок ТСХ. Сега во бременост обратно.
Опасно е да тврдиш некои работи поготово што секој случај е индивидуален. Јас пијам 16 година еутирокс и немам ни цисти ни нодули,чворови и останати врагови. Зошто во бременост е екстремно важно тсх да биде меѓу 1-2? Зошто не ја оставаат без терапија. Сум била на патофиза и во Хрватска и потполно иста терапија даваат како и кај нас. Кој сака нека пробува со алтернативи но за играње и егзибиции ,не е.
nena2010, сите луѓе имаат тироидна. Се сложувам @Cosmi , многу луѓе имаат само чворови (јазли, цисти) кои не прават проблем и тироидната си работи нормално и само треба да се прави ехо повремено ради контрола, но во некои случаи тие јазли растат или се тиреотоксични т.е. лачат премногу хормон и мора да се отстранат. Секако, јазлите може и да се малигни.