Znam deka site imame tirodna zlezda, familijarno sum so doktorinokolu mene. Koga kje kazam ima tiroidna mislam deka ima pronlem so tiroidna. Ne sum nepismena. Samo loso se izraziv.
Нема врска ти тоа што го зборуваш јас 9 години пијам еутирокс па тироидната жлезда на ехо ми е совршено здрава Знаеш колкава беше на сопругот тироидната жлезда на ехо пред да почне со еутирокс двојно поголема од нормалното сега е ок затоа престани да пишуваш оти еутирокс уште повеќе ја намалува работата на тироидната жлезда оти има луѓе на кој и те како им е потребен тој еутирокс
Не го разбирам баш прашањево, ама да се обидам да објаснам тоа што мене ми е познато. ТСХ е тироида стимулативен хормон кој е производ на хипофизата. Тој тсх ја стимулира тироидата да ги лачи хормоните т4 и т3. Ако тироидните хормони (Т4 и Т3) имаат нормални вредности, не гледам од каде дијагнозата за хипотироидизам. Еутироксот е вештачки тироиден хормон (хемиски синтетизиран) и служи за надополнување на хормоните кои самата тироида не постигнува да ги произведе. Кога има доволно тироидни хормони во организмот, вредноста на тсх се нормализира, односно нема зголемен тсх затоа што нема потреба засилено да ја стимулира тироидата да лачи тироидни хормони.
Треба да ти ја корегираат дозата на еутирокс поточно да ти ја намалат дозата и фт3 и4 ќе си дојдат во нормала
Многу убаво објаснето! Али мене со ТСХ 7 првично ми кажа ендокринолог дека сум хипо. И стигнав до 100 еутирокс сега ТСХ ми е под 1,а уз тоа добивам намалени вредности на т3 и т4. Па не ми беше јасно како од една стигнав до друга состојба. Фала во секој случај.
Треба ендокринологот да ти ја намали сега дозата на еутирокс и нез дали имаш испитано антитпо и антитг ако не испитај ги и нив ако се високи почни да пиеш селен
А витамин б12 имаш ли испитано и имаш ли испитано скриен шеќер во бременост он се праве од 24 до 28 Нед од бременоста ако не направи си и огтт тест
б12 не сум испитала до сега. А скриен шеќер ќе проверам наредната недела,во 24та недела таман. Фала ти премногу
Провери си витамин б12 а и скриен шеќер јас витамин б12 испитував летото на клиничка биохемија со упат од ендокринологот
...е ако де...да видиме до кога! мислиш дека го излечиле? привремено само ја смириле ситуацијата ! како и да е секој си кажува свое мислење, орум е ова,и зашто да престанам кога си кажувам свое лично искуство и не измислувам? зашто пак твоето да доминира како исправно? ... тоа е одлично и така нека продолжи, ама не се сите со таа среќа!
Постојат стотици истражувања за и околу тироидната, различни начини и методи на лекување. Јac како моја омилена би ги споделила овие страни овде: https://stopthethyroidmadness.com на Isabella Wentz, доктор ендокринолог која и самата има Хашимото хипотироидизам, содржи илјадници совети а има и фејсбук група на која може да поставиш било какво конкретно прашање и да добиеш совет. Има и многу други фејсбук групи во кои сум член каде има прекрасни совети и најразлични искуства. Секој одговара за сопственото здравје, така да ваше е дали ќе верувате слепо на вашиот доктор, кој не признава алтернативни решенија освен еутирокс, или ќе имате поширок видик па и сами ќе се едуцирате како да си го подобрите здравјето.
Темава заличува на антивакциналните и оние кои се лечат и гледаат во сонце. За лекување на тироидната жлезда има протоколи @LollySky разноразни алтернативи може да пробувате,ама не и да ги препорачувате, поготово не работи на нет,а Izabelа не е ендокринолог туку фармацевт,припаѓа во алтернативна медицина и прави добар бизнис продавајќи книги на нет за тироидната жлезда,е сега дали знае за болести повеке од еден специјалист тоа е прашање.
Извини, ама не е во ред да ме споредуваш со антиваксерите и други шарлатани. Ако инсистираш, најди барем еден пост кај што викам да престанете со еутирокс и да се префрлите на чаеви, баење и други тракатанци. Факт е дека ако на време се фати болеста може да се стави во ремисија, па ти колку сакаш не верувај. Голтај си еутирокс затоа што неговиот увозник држи монопол, не ни помислувај дека можеби можеш да внесеш cytomel, armour или други лекови кои ги има во цел свет и кои можеби подобро би ти делувале. Не се замарај со лечењето на основниот тригер на автоимуниот Хашимото синдром, терај како знаеш. Но не можеш на отворен форум да изигруваш цензор, луѓето имаат право да чујат и поинакви сознанија па сами да проценат што држи, а што не држи вода
...потполно се сложувам со тебе, Јод- клик! ...лечењето на хипотироидизам т.е. нарушувања на тироидната жлезда и во конвенционалната и во алтернативната медицина е безнадежно несоодветно затоа што скоро никој не го поврзува со нарушениот имунитет така да препорака на лекарите (најчесто) за лечење е само со синтетички Eutirox или био-идентичен тироиден хормон, а тие што се подржувачи на алтернативна медицина, лечење само со јод! ...за жал, во поголемиот дел од случаите ниту еден пристап не е ефективен ако се земе како таков едностран, навистина ние можеме да добиеме подобрување на состојбата од било кој ќе го одбериме или ќе ни го одредат, а и да има подобрување, тоа е само за краток временски период и неизбежно се враќаат симптомите или болеста напредува! ...сакале признеле или не хипотироидизамот е автоимуна болест и фактот дека конвенционалната медицина нема ефективни третмани за автоимунитет чист пример е примена на стероиди и други лекови за да го потиснат имунолошкиот систем во одредени услови со повеќе потенцијално штетни ефекти, како што се мултиплекс склероза, ревматоиден артритис и Кронова болест, но не и во случај на Хашимото каде би требало да се чека самиот организам да го среди автоимуниот одговор, а стопирањето на внес на јод само ја влошува состојбата на хипотироидизам... и се вртиме во круг! ... тоа што треба да го разбереме што имаме проблеми со хипотироидизам е дека ние немаме проблем со нашата тироидна жлезда, ние имаме проблем со нашиот имунолошки систем кој ја напаѓа тироидната жлезда и не само неа туку и други жлезди (полиендокрино автоимуно делување) т.е. антителата ја имаме не само кон штитната жлезда туку и кон други ткива или ензими како што најчесто се трансглутаминазата (целијачна болест), кон мозочно ткиво (невролошки нарушувања), вроден фактор (пернициозна анемија), декарбоксилазата на глутаминска киселина (одговорна за напади на паника, анксиозност и дијабетес)! ... и затоа кога ќе се зема во предвид „средување“ на нашиот имунитет со следење и додавање на сите витамини и минерали селениум, цинк, магнезиум што ни фалат или се во дефицит комбинирано со следење на внес на јод и движење на вредностите на тиреоидните хормони ќе речам ДА! тоа е правилен пристап на лечење на причината за ова состојба!
Јод да, ама можеби и не! Јас не сум начисто. Во клиничка студија (веројатно во Германија) 40 еутироидни пациенти со позитивни антитела (автоиумуно заболување на тироида) примаат дневни дози на јод од 250мг (бешто што се смета за мала доза на јод). Еутироидни значи дека имаат нормална продукција на тироидни хормони, ама антителата значат дека е активирано автоимуно заболување на штитната жлезда. Заклучокот на студијата е дека јодот може да го забрза автоимуниот тироидитис. W Reinhardt: Effect of small doses of iodine on thyroid function in patients with Hashimoto’s thyroiditis residing in an area of mild iodine deficiency, European Journal of Endocrinology (1998 ) Инаку мислам имам сретнато податок дека 80% од хипотироидизмот е од автоимуна природа, односно хашимото. Проблемот што јас го забележувам од искуствата овде, е што не се прават комплетни испитувања. Сите се крстат во ТСХ а не се испитуваат комплет хормони. И добивам чувство дека има случаи на еутироидни пациенти што се непотребно ставени на еутирокс. Докторите се доктори, ама ретко кој се вклучува во клинички испитувања, го следи напредокот во струката, следи што се случува во стручната фела во светот. Барем такво искуство имам. Сега само сакам да кажам- внимателно со јодот. Внимателно со било какви нагли промени, нагли високи дози хормони, нагло откажување. Толку знам, толку да споделам, ако може некому да помогнам, не да одмогнам.
Се сложувам, јодот е корисен за хипотироидизам предизвикан од недостиг на јод, но во случај на хашимото може да има контраефект и да го стимулира создавањето антитела со што болеста ќе напредува.