Искрено и не ни памтам кога последно ми направи ехо,првите неколку контроли кога ми ја открија и додека ми ја стави во нормала,после тоа одев еднаш годишно и само онака разговор со неа и крв..сега одам на 3 месеци оти ми се хормоните надвор од границата на нормалата поради бременоста ама пак не ме гледа на ехо..хипотироидна имам
Не се менува толку брзо структурата на жлездата така да еднаш до двапати годишно е сосема доволно. И антителата е доволно да се проверуваат на три месеци.
Здраво, ме интереса искуства. Сакам да проверам тироидна. Дали за во приватниве лаборатории ми треба упат од матичен или дали треба да закажам дирек во лабораторијата термин. Се двоумам за Авицена или Синлаб. Благодарам
Не ти треба упат ако одиш на приватно и не се закажува. Се плаќа 700денари/хормон а 1200 за антитела. Ако одиш со упат, не знам како оди процедурата и колку чини, ама мислам дека на државен трошок со упат од матичен можеш да испиташ само ΤSH
Ти благодарам Имам само уште едно прашање, дали треба да бидам гладна и јас користам Лоразепам, од страв би можела да се напијам едно сабалје но, дали е ок? Имам анксиозност
Не, за тироидните хормони не мора да си гладен и не пречи ако се напиеш лоразепам. На Facebook ја видов прееска промоцијава за лабораторија Рамус во Капиштец, па ако сакаш можеш и таму да испиташ, многу поевтино е.
Испитав и мислам дека е нормално. Утре ќе идам кај матичната за фт3 да ми каже што да правам за да го подобрам дека ми е на долна линија. Ова ми се резултатите: Тсх 2.88 (0.4 - 8.9) Т4 вкупен 87.93 (60.0 - 120.0) Фт4 тироксин 12.8 (9.5 - 25.0) Фт3 тријодтиронин 4.93 (4.2 - 8.1) Само да ви кажам дека јас се уште се сомневам дека тироидната не ми е добра. Имам премногу симптоми: замор, поспаност, тврда столица, промена на расположение, подуеност... Ќе ја проверам пак летово и на ехо ќе одам.
Со вакви симптоми можеби имаш целијакија/или нетолеранција на глутен. Вака резултатите ко за тироида се идеални.
Ах не ми текнало на глутенот. Едно време пазев, сега пак по старо... Фала срцко за советот, ќе го проверам глутенот.
Знаеш како се проверува, така? И ако имаш целијакија, нема тука пазам, не пазам. Со потврдена дијагноза цел живот тераш без глутен. Симптомиве не ти се за занемарување.
Ако планираш бременост тсх 1,6 е идеален. Ако не планираш, незнам кој и зошто дава терапија за тсх 3.6?
Не ,првично беше 6 и нешто Т4 испод нормала а на ехо атрофирана жлезда па почнав со терапија и се препородив Предходно 5 год со 4-5тсх пукнав од симптомите
Ако ти е вака во ред, зошто би ти намалиле терапија? Јас сфатив дека би сакала да ти ја намалат, извини ако сум разбрала погрешно.
Шонзнам логички ако со оваа доза тсх паѓа ако продолжам со иста доза би продолжило да паѓа тсх а тоа веке не ми треба треба да се одржава ова од 1.67
Мене ми падна многу така од појака доза. Дека бремена бев пиев поголема доза, се породив и продолжив со истата додека отидам на лекар... и ми падна 0 кома нешто, па ми намалија доза и се стабилизираше. Јас периодов сум под голем стрес, пијам 50ка 6 дена и еден ден само 75. Пред два дена проверив зашто имам голема нервоза, тахикардии, ми доцнеше и цикслусот, ме тресеше нешто како студ.. а не ми беше ладно, па резз ми се 6.21 (0.4-4.0). Не е премногу, ми беше пред неколку месеци и 17.. ама зашто вака ми рипа и покрај терапија Др ми вика до стресот е... антителата увек ми се високи, ни еднаш не ми биле под граница... Изгледа на два месеци треба да одам да ми менуваат доза