Денес бев на рутинска контрола за тироидната, имам хипотиреоза едно 7-8 години, исто толку години пиев Еутирокс поради намалено лачење на тироксинот...последно бев на контрола во октомври месец, и денес ме прашува докторот како пијам терапија, бидејќи често ми ја менува, и ми чита од картонот за терапијата од претпоследниот пат, и ми вика вака пиеш, јас велам да, и ми вели зошто ме лажеш? Ми ја прочита терапијата која ми ја даде последниот пат, вели вака требаше да пиеш, и му признав нормално дека неколку недели пиев апче а неколку не, и тоа како ќе ми текнеше така правев... почна да ми превртува очи и да цццка со уста, и во картонот напиша дека одбивам терапија, почнав да се правдам, и ми вели ќе видиме дали си за правдање, што ќе покаже крвта сега... И за прв пат добро размислив, од утре ќе си ги пијам редовно апчињата, знам дека секој организам е различен, ама јас тука што читав дека многумина не земаат терапија, дека било штетно, па тироидата ќе станела уште повеќе мрзлива и што не, и дека странство земале апчиња кога над 10 ќе им отиде тироксинот и скептична бев за земањето.. А од тоа не земање апчиња од тироксин на граница или под граница често, последниот пат ми беше 6,4, колку ќе биде сега, не сакам ни да помислам Јас решив да не се правам повеќе дека знам од докторите, а вие како сакате, може ова не е ништо, само сакав да споделам со вас.
Рама бе,за ќотек си, зошто играше играчки. Не си го тестирај организмот. Нека се стабилизира тсх на 2 и уживај. Над 3,5 или ти се спие,или си анксиозна или дебела.
Праксата во Сад е поинаква.Американските лекари ја имаат ставено границата до 3 ,бидејки утврдиле дека над 3 повекето пациенти имаат одредени тегоби. Идеалниот е секако меѓу 1-2 препорачан во бременост без разлика на симптомите.
Зaрaди симптoмите штo ги имaше нaпишaнo искoментирaв. 3.6 беше пoследнo мoјoт и вели дoктoрoт -oк е. Симптoми никaкви. Ниту дебелa, ниту aнксиoзнa, ниту ми се спие.
Не може тоа "јас тука што читав" да ти биде оправдување, кога сто пати ти напишаа различни членки да не си играш со терапијата. Никој, ама никој друг нема одговорност освен ти. Убаво што си му кажала на докторот, сепак поинаку доаѓа кога тој ќе те предупреди а не некој од форум. Не си играј.
Може погрешно се изразив, не реков дека лично мене некој ми рече да не земам терапија, само кажувам дека општо многу имаше такви мислења овде, јас ионака бев скептична за апчето дали да земам или не, ама читајќи коментари и искуства овде уште повеќе станав скептик...и затоа споделив како бурно изреагира докторот за да знаат и другите, затоа реков дека треба да почнеме да не се правиме дека знаеме повеќе од докторите @Bubce38 Си станав утрово и почнав да слушам, зедов апче, и ќе продолжам, едвај го чекам новиот резултат, знам дека ќе ме освести тој
Денес бев во 8ми Септември да испитам тероидна,но не ми кажаа кога резултатите ќе бидат готови.Ако знае некој да ми каже за колку дена ги даваат...Фала