Жени, ве молам за совет... Од како се породив, открив хипер функција на тироидната жлезда. лутав наваму-натаму по доктори, сите со различни ставови и мислења, на крај некако со 6 месеци пиење лекови ја средив тироидната, постепено намалував доза и на крај скроз исфрлив лекови. Поминаа година дена како не пијам лекови, редовни контроли си правам и тироидните хормони ок. Е сега, трудна сум. Знам дека сега можат пак да полудат и свашта нешто да се деси...ама незнам каде да отидам на контрола? кои доктори вас ве воделе за време на бременост? Постои ли некој ендокринолог што баш се бави со тироидни хормони во бременост? Само да не се збуните- не бев хипо, туку хипер и пиев Тирозол.
Јас одам кај Др.Даниела Донева во 8 ми септември и пред во и по бременост.Имаш секогаш предност пред сите и сум задоволна.Јас сум хипо со хаши,но ги води сите состојби на тироидата.Секое добро
Дали сметате дека е потребно да се пие терапија Eythirox 0,05мг, 6 месеци, при нормална функција, нормална структура на тироидна жлезда, но присутно мало зголемување? Слободен Т4 е 13,8, ТСХ 3,17. Антитела ми кажаа дека ќе се испитаат по 6 месеци од терапија. Некако сум скептик бидејќи функцијата е нормална.
Здраво Од 2015 ми е поставена дијагноза на хипертироидизам и состојбата ми е во нормала ама дека пијам тирозол. На последната контрола докторот ми предложи операција ако сакам поквалитетен живот. Би била благодарна ако споделите мислења/искуства за доктори хирурзи овде и надвор од државата.
Devojki TSH mi e 2,6.Kolku treba da bide, za da se ostane bremena? Mene mi se site hormoni vo normala. No ete, me interesira za Tiroidnava, dokolku ima nekoja granica.
Зголемено потење, тахикардија, несоница, нередовен менструален циклус, нарушување на метаболизмот, негово забавување...опаѓање на косата, склоност кон дебелеење и слично... @Balon4e Тука девојките имаат пишувано дека околу 2 е идеалната вредност на Тсх за да се остане бремена
Јас забременив со ТСХ = 0.001 имам јазол на тироидната, и не знаев дека ми е толку низок.... Забременив од прва, и родив здраво и право бебе, еве ја 6 месеци е и вика : Баба....
@Balon4e, кога го правев ивф, тсх ми беше 3,14 мислам, месец пред тоа 8 и нешто Мислам дека не е страшно ако не е идеално околу 2 или 2,5 Многу други фактори влијаат.. Тсх тебе ти е одлично, не се секирај
Вака. Многу се поправив во последните неколку месеци и решив да проверам тироидна жлезда. На резултатите ми покажа дека Тсх ми е 5. Другите вредности мислам беа во нормала. Докторката ми препиша терапија со Левотироксин од 25мг. Ги пијам околу месец и не гледам никаква промена, чак и забележав оваа недела дека уште повеќе сум поправена. Закажан имам термин за контрола на 29, арно ама заминувам од државава на 24. Дали да се јавам директно кај докторката на болница да и презакажам или треба пак од кај матичната да барам термин Знам дека немам воопшто време. Што мислите дали е нешто загрижувачки? Одам во друга држава и на почеток незнам како ќе биде со здравствено за таму да си се проверам.
Мене за тоа ниво на TSH воопшто не ми дадоа терапија на патофиза, така што нема потреба да се стресираш, стрпи се и во странство гледај што поскоро да се провериш - а доколку не те држи место секогаш можеш приватно да појдеш на преглед...
Луѓе ве молам за совет и појаснување. Денес испитав хормони и не знам да се снајдам..... ве молам за помош. Што ми е проблемот, искуства и слично. Однапред благодарам