Потребна ти е редовна терапија со Еутирокс,со едно апче не се регулира туку со редовна терапија. Тсх треба да биде околу 2.во бременост.
Фала што ми пиша мила!!! Јас не знам веќе што е финтата, цела бременост пијам суплементи. Дека и со инвитро сме, прво година унапред фемибион 0, па од ко почнав со инвитро пијам премама, а сега баш овие Фемибион пренатал 2 ги пијам. Секој ден. Баш вчера не испив едно си реков од тие суплементи нешто да не се пореметило.
Ништо страшно. Му правиш бенефит на организмот и бебето. Како ќе ти речат лекарите,така прави. На своја рака не прекинувај терапија.
Јас не сум многу запознаена, затоа што мене пред 3 дена ми најдоа зголемено тхс...зошто, како - никој нема одговор и си пијам терапија. Мене ми рекоа и ехо на тироидната да направам и тоа испадна ок. Примам 4 дена Еутирокс 50, и 3 дена по 75. Има други членки што знаат повеќе
Имам проблем хипотиоридизам. Пред три години имав ТСХ 17. Веќе три години се обидувам во некои нормални граници да дојдам, но некако тешко иде. Почнав со еутирокс 50, па 75, па 100 некое време беше ок, па после морав да намалам комбинација еден ден 100 еден 75, сега повторно е покачено. Антителата се во вис од секогаш. Не сум од Скопје и од патофиза секогаш ме препраќаат на секундарен лекар во Велес. Но во Велес едносатвно немаат реагенси за да ги контролираат сите вредности и прашање колку им се точни резултатите... Почнав да одам во Атикор веќе година дена кај др.Каранфилски, но сепак веќе ми е многу за плаќање и сакав да ве прашам за предлог каде да идам? Ендомед имаат слободен термин тек за три месеци?! Срце клиника искуство? цена? Ви благодарам
Искрено вака лек нема туку доживотна терапија јас пијам веке 8 години и сме сите жени дома со терапија јас појам 200мг дневно. Моја препорака остани си на парофиза или можеш ина ендокринологија најсоодветни се поздрав
Здраво, мислење за овие вредности дали се високи? Во декември 2018 тсх - 4,08 за реф.вредности 0,25-5 фт4- 13,21 за реф. вредности 10,6-19,4 во март 2019 тсх- 4,45 фт4- 13,06 во јули 2019 тсх- 1,70 фт4- 11,59 Лани ноември правев ехо на тироида и е се во ред.
Изгледа многу добро, ништо не фали... како успеа да го симнеш тсх? Смени нешто во исхраната или терапија некаква?
Енци кои вредности се добри сите или овие последните во јули што ги правев? Патем, проверував шеќер, скриен шеќер, тромесечен и шеќерот ми беше накај горна граница. Др. не ми даде никаква терапија затоа што рече не сум била за терапија, но со негова консултација секако периодот од март до кај јули кога ги правев последните испитувања пиев siofor 1000mg тие се за шеќер, јас пиев по пола на ден. Па ваљда од нив ми се има спуштено тсх-то затоа што ништо друго немам променето во исхрана ниту пак пиено. Мене не ми е јасно како некои членки пишале дека тсх-то го држат под контрола со апче да е до/под 3, а мене ми е 4 па и 4,45 и ми велат дека нема потреба од терапија?!
А бремена си? Ако да, тогаш првите два резултати ти било малку повисоко од нормата тсх, а третиот ти е супер. Јас сум во слична ситуација (само тсх ми е 5.2 или 5. и ми дадоа терапија со еутирокс. Бремена сум. Да не бев, веројатно немаше да ми дадат еутирокс.
Тогаш немаш гајле, сите три рез. ти се добри. Само мислам дека е убаво околу 2 да биде тсх, на пример за забременување се смета дека е поволно. Ама генерално си била во нормата во сите случаи. Немаш што да се грижиш. И јас пред да забременам имав еден резултат со тсх 4.1, и ништо не ми дадоа и сепак забременив.
@papillonP да се цитирам самата себе од пред некое време и да додадам- тсх варира од час во час, два пати дневно да го мериш различни резултати ќе имаш. Штом ти се резултатите во рамки на нормални вредности, тироидата ти е ок.
Здраво дали уште некој има бенигно цистична дегенериранодозна струма и што точно значи, како се лекува и дали е опасно?