Дали може мислење за резултативе да ми дадете? Во септември тсх ми беше 21, и после 2 месеци терапија од 150мг еутирокс денес тсх ми е 0.071
Нестручно мислење- многу ти е силна терапијата, треба да ти ја намалат дозата. Ама на лекар да си одиш.
... од ХИПОтиреоидизам поради несоодветна јачина без дополнителна контрола на хормоните сега си во состојба на ХИПЕРтиреоидизам , но не спомнуваш во двата случаеви колку ти е Т4?
Кај мене ТСХ беше 30 и ми препиша интернист по 50 мг пет дена а два дена 75 мг. Контрола за месец ипол.
Ова ваљда пошо многу ендокринолози најчесто се водат по ТСХ. т.е регулираат терапија само по овој хормон,што е грешка огромна.
Здраво луѓе, морам да ги споделам резултатите па и среќата со вас. После 25 дена терапија тсх ми се регулирало, сега е 1,90 (за бремени во 2 триместар норма: 0,1-2,35). Многу ми олесни, малку се плашев дека и јас ќе заминам во 0.0...оти ми се чинеше дека јака беше дозата, ама ете добро проценила докторката. Друго е се во ред мислам. Т4 во нормата, ехо на штитна ок, и кај антитела вака е напишано <9 А нормата за мене е <51 Во понеделник имам визита кај докторката па ќе видиме натаму како ќе оди со терапија.
Нема многу мислења во темава за тоа па барам искуства... Дали некој пиел контрацепција со дијагноза Хипо+Хашимото?
Бидејќи терапијата (мислам на еутирокс) се пие на гладно, јас одам прво на боцкање, па земам апче, а потоа јадам.
Што може да се случи ако земаш поголема доза на терапија за тироидна од потребното? Пред да останам бремена пиев од 50мг и 75мг. Ми ја покачија на 75/100. Последен пат проверив во 5ти месец, пред 6 месеци, породена сум пред 2 месеци. Секако ќе закажам контрола, но ако некој знае да одговори,изволте
Изгледа, единствено може да ти се симне превеќе ТСХ. Направи си испитување што побрзо да се види до каде е и на контрола ќе ти регулираат доза. Мене во бременоста ми најдоа субклиничка хипертироидоза, и секој месец ќе правам испитување на тсх и т4 и ќе одам кај ендокринолог. А после бременоста изгледа ќе пробаме без терапија да оставиме да се регулира.
Јас продолжив со истата повисока доза од бременост и сега 3 месеци после породување проверив ТСХ под граница ми е.Одма ми намалија доза. Оди си на контрола обавезно.
До 5 ти месец идев на 3-4 недели, исто се движеше хормонот па докторот рече контрола по породување. Таман подпорасна малово и имам можност да го оставам на некој да отидам, после ќе си фатиме редот.
Незнам кај кого идеш ама не требало така да те води,без разлика дали исто се движел тсх,трудници мора да прегледуваат на 2 месеци,па и секој месец,ти сега веќе 5 месеци си без контрола нели? Оди провери сега и раат.