Дали некој ја прати Јадранкина отопина групата? Само мене ли ми е сомнителна? Женава се нафатира пари зад плаштот на наивна, добронамерна жена, се збогати за брзо време продавајќи увозни (кој знае од каде) рефусни суплементи, а јодот го раствараат во дестилирана вода... А додатоциве не и се воопшто евтини, а не се квалитетни. А увозните суплементи ги декларира како хрватски, што е доволно ако само ги пакува таму. Сигурно у нејзиниот подрум не синтентизира или како год да прави селен или магнезиум хлорид. "Лабараторијава" како што може да видите на крај од видеото... Денес добиле дозвола за наш пазар...
Ne ne pravat problem oni problem pravat praskite jagodite krusite kikirikite rodokvite zelkata spanakot sojata brokulite
Може да се пие. И кај мене утврдија субклиничка, но после 7-8 месеци од породување. Сеуште сум во шок и не можам да се помирам што почнав со еутирокс, а претходно никакви здравствени проблеми сум немала. Мене ме плаши што имам вртоглавици, ми варира притисокот (де висок, де низок), имам срцебиење, немам сила некогаш, трпеливост нула.......ти како си? Прв пат слушам за групава. На ФБ ја има?
Леле па јас во ова се давам ај праски,јагоди и круши помалку сега овој период ама останатото си го поткаснувам сега не секој ден ама пак значи да избегнувам. Благодарам многу.
Со се има врска исхраната. Има поборници на традиционална, фармаколошка медицина, ќе речат пиј еутирокс и нема врска исхраната. Има поборници на поприродна медицина и ќе ти речат внимавај на ова, она (брокули, зелка, кикирики). Поинформирани доктори се свесни за поврзаноста на глутенот и хашимотото, односно бидејќи хашимото е автоимуно заболување, се смета дека глутенот на некој начин го тригерира. Храна без глутен е реално напорна диета и финансиски захтевна, поевтино му доаѓа да се пие еутирокс. Луѓе тврдат (и на форумов имам прочитано) дека со исхрана хашимото антителата може да се доведат во нормала. Ама зависи каква е индивидуалната здравствена состојба- понекогаш и еутирокс си треба, исхраната може да биде само плус. Јагодите имаат пестициди, сојата е генетски модифицирана, хормонски несоодветна и треба да се избегнува.
За себе можам да кажам дека овој пат на своја рака ги прекинав еутироксот. Исхрана редуцирана. Имав една пауза диригирана од докторката, па ме врати назад. Ја забележав разликата. Еутироксот ме убива. Имам болки во коските, косата ми паѓа, ноктите ми се крш, циклус крш, ми се спие, стомакот ми се дуе, ми се јавуваат иритирани црева, тахикардии, напнатост во тироидата - тсх фантазија. Без еутирокс, коса ми расте, нокти супер, немам ниту еден симптом буквално, ама тсх рипа. Како во оваа јебена државичка да донесеме Т3? Проблемот ми е Т3, нииишто друго...
Не се секирај, и јас се од ова јадам па немам проблем. Пак ќе речам - се е индивидуално. Може. Еутироксот е само замена за природниот тироксин кој го лачи тироидната. Штом пиеш значи помалце ти лачи па апчето само го заменува.
Девојки.. јас имав проблем со забременување.. една година се обидувавме и ништо.. Испитав хормони и испадна дека е тироидната.. Намалена и е функцијата.. и сега гинекологот тврди дека тироидната прави недостаток на хормонот кој е клучен за забременување... Циклусот ми е нередовен и нема овулација.. Имала ли некој сличен проблем? А веќе една година одам на контрола кај интернист,недоволно информирани лекари ми рекоа можело и кај интернист... И тој од акал ми ја зголемува дозата..
Велат за бременост тсх треба да биде пониско од 2. Соодветен доктор за тироидната жлезда е ендокринолог, е сега ако нема во твоето место на живеење таков специјалист, тоа е друга работа. А кој каква доза ти зголемил?
Јас одам на интернист.. една година веќе. Ми земаат крв,на ехо ја погледне жлездата и ми ја зголемува дозата.. ама нема намалување на тсх,туку се покачува. Беше 6,3.. пиев Еутирокс од 50, после 2 месеци се покачи тсх на 8,7 и ми рече земи си Еутирокс од 75 пиј.. а читам дека треба да се препише терапија соодветна,некои пијат преку викенд појаки,а преку неделата послаба доза . Затоа си закажав за во јануари на ендокринолог во Скопје,докторка Татјана некоја..
И што кажува тоа гледањето на жлездата на ехо, имаш нарушување или е нормална структурата? Гледам претходно и за јод си прашувала. Ако имаш хипо од типот хашимото јодот само може да ја влоши состојбата.
Мила значи вака јас многу многу во врска со тироидната не сум запознаена и овде пред некој ден прашував неколку работи во врска со неа.Во однос на твојот проблем иста сум и јас, со полицистични јајници без овулација имам диспаланс на хормоноте FSH и LH и по нивно испитување најпрво се воспостави дека неможам да стигнам до овулација и исто така не редовен циклус.Решавам стерилитет 6 години каде што цело време проверував TSH и никој ништо не спомна ни илјадници доктори што ги поминав по клиникиве зборам за државни па и приватни. Кога почнав да се спремам за инвитро да собирам документи и матичниот ми вика ама TSH е вика високо околу 4 ми беше мора вика да се намали.Од тука на интернист тој ништо ми вика во границите на нормалата било , ама мене ме копкаше нешто и закажав на ендокринолог и истиот ми вика мора да биде под 2 за да дојде до резултат, и така почнав со 0.25 еутирокс, кога ги собрав документите за инвитро отидов кај докторот што го правев инвитрото и тој ми рече пред се тироидната прво под 2 па потоа одиме со постапка. Малку долг пост напишав ама сакав да ти кажам да си најдеш добар ендокринолог и не губи време.
Ми кажа дека немало чворови,такви работи, нормална била,само нивото на тсх постојано се зголемува. А за Хашимото ништо не ми е спомнал, не знам ни што е тоа? А пијам редовно јодирана вода ..
Епа мене сега ми го кажаа тоа,после една година контроли кај интернист. Сега закажав на ендокринолог во Скопје, се надевам дека ќе се воспостави точната доза на Еутирокс, а не од акал да ми ја зголемува интернистот.
Ќе се среди јас во октомври ја симнав до 1.5 со тоа што во вторникот отидов на контрола ми се качила на 3.12 ама некако ме копкаше и во средата повторно проверив ТСХ во друга установа 3.92 знам дека референтните вредности им се различно ама некако ме фати паника викам за неполни 24 часа се качила.Исега си пијам поголема доза 0.50 ма да читајќи по интернет забележав дека не е шала.
Мене ми е највеќе проблем зголемената тежина.. и постојано се нервирам во врска со тоа.. и заради бременост. И кога читам дека луѓе со години пијат еутирокс,ептен се разочарувам
Знам мила и јас качив на килажа ама летниот период си ставив некој режим благо само еднаш во неделата, леб само тонус 2 до 3 кришки и повеќе на овошје и салата многу за ручек компир и тестенини избегнував и мислам тоа доведе до резултат и тоа го практикував до октомври е сега по што почнав се да пикам јадам и шо треба и што нетреба мислам дека повеќе е и од тоа. И самиот ендокринолог ми рече леб тестенини и компир избегнувај најлоши се. Кажи ми со холестеролот како си зошто и тој делува на тироидната да си знаеш.
Не сум проверила,никој не ми посочил. Абе колку се нервирам нема доктор ко што треба,да те упати на правилно место..
Знам за доктори не ми кажувај косава во вис ми се крева.Да си провериш крвна слика, види холестеролот како ти е и стави се малку под режим . И види со тироиднава што како, мојот матичен гинеколог отиде сега во пензија и ми е многу жал ама многу добар доктор знаеше некој пат да заплеска ама оправдано али само тој уште на почеток зборам пред 6 год ми виде преграда во матката и тоа на 2д ехо а после тоа до 2017 никој ни на 4 д неможеа да ја видат што на крај се воспостави дека има преграда.Има доктори ама ретки се и додека дојдеш до нив ќе помине време.Дома на своја сметка шала си правев уште кој не ми ја виде во државава (извнете за ова последново) .