Преку матичен провери си побрзо за да не одиш до специјалист одма. Јас така правам ако осеќам дека не е океј нешто, бидејки сум со дијагноза можам tsh преку матичен да проверам. И мене по бременост ми смалија, па после извесно време ми зголеми, па скоро пак ми зголеми...
Прво проверка правам кај матична, дека ми е во маало. Ако е тсх повисоко, зимам упат за специјалист и од ново ме праќа се комплетно проверувам, па после терапија од него. Иначе имам тахикардии, стрес и обавезно ми касни мензис. Особено по мензис знам дека тсх е преку граница.. А по бременост кога ми беше јака дозата, не ми текнува какви беа симптомите, ама ми беше под 0.4...
Добро луѓе, меѓу другиве проблеми што ме западнаа, имам и чешање на кожата. Значи бев на дерматовенеролог, брисот од кожата ми е ок,кај матичниот нели,кај Жанета ендокринологот,..одговорот е кожата ти е сува од штитната жлезда.Чаре? Мачкај се. Абе уште прегорено моторно масло не сум ставила на мене.Еден период експериментирав само со сода бикарбона се миев ,мислев дека е од лосиони,сапуни ама не е ни до тоа. Капак и стегањето во грлово ме убива,и вака напната од чешање и од стегање ќе си пукнам.Има ли некоја сличен проблем со кожата и со кнедлата?
Со кнедла имам и јас проблем. Ама тоа секогаш се случува кога не ми одговара моменталната доза на еутирокс. Секогаш испаѓа или помала или поголема доза да ми треба во денови кога осеќам кнедла во грло. И тогаш сум повеќе нервозна.
@lunicka незнам дали земаш некои суплементи преку храна, омега 3 на пример, маслиниво масло во салата, лосос, зголеми внес на свежо овошје и зеленчук, некако од внатре да се хидрираш. Сигурно немаш дерматитис како дијагноза? Ако имаш автоимуно пореметување на тироида, дерматитисот е можен придружник.
Значи матичен може да даде упат за тсх. Јас одам на ендокринологот и наредна контрола, тој ми закажува, а не матичен. Стрес имам и јас, ама и умор, во нозете и рацете. Ги чувствувам тешки, како да не можам да ги подигнам. Почна и притисокот да ми се качува, имам вртоглавици. Мачно многу со тироиднава.......
Може да ако си внесена во систем дека си со дијагноза хипо или хипер да ти го провери тсх. И оди преку фонд и тоа, но само Tsh хормонот. Бар до сега само тсх проверувам, а мислам ми има кажано дека другите хормони неможе.
Последните резултати ми беа во граници на нормала, т.е.ништо екстремно ниско или високо во границите...приметувам само кога пијам нешто за смирување ,тогаш ми е ок. Можно е,ако дерматитисот нема видливи знаци,зашто ме прегледа и ништо не кажа такво нешто. И не земам суплементи освен магнезиум...а знам дека треба..
Направи проверка и на д3. Може и недостаток на д3 да даде сува кожа... Јас по препорака од ортопедот на децава мои си зимам чат пат 10 капки вигантол. А д3 ми беше малку под долна граница еднаш кога проверив. Под нашево сонце многу луѓе се со недостаток на д3...
Јас чувствував кнедла долго време и повеќе не ја чуствувам откако си ја средив исхраната. Јадам прежно зеленчуци, јајца, риба, овошје во помали количини, семки, јатки, јогурт, грав, млеко, путер. Оризот, тестото и повеќето преработени јадења со многу состојки на амбалажа целосно ги исфрлив. Пробајте и вие вака, таблетите се вештачки хормони, не ја лечат болеста. Дури и тироидната ми е малце смалена, од стрес и инфламација ми се зголемува.
Да си ја средиш храната, пишале членки погоре. Повеќе свежа храна, помалку процесирана, суплементи селен, Б, Д3, омега. Пробај да смениш на некој период, види дали ќе има разлика. Инаку имаа право погоре за Д-то, и јас зимно време мака мачам со кожата, кога повеќе, кога помалку.
Некоја поискусна АнтиТПО 495 а нормала највисоко до 35 треба да е. Т4 е 11.5 од 11.5-22.7 ТСХ 6.5 од 0.4-4 Мислења? Ако има некоја врска дојам бебе, веќе го почнувам 8миот месец. Плс хелп
Ти како се чувствуваш? И тоа е многу важно. Многу слични резултати имав и јас во ист период како тебе, доев и јас. Мене ме ставија одма на еутирокс. Бев многу нервозна, со срцебиење, нетрпение....Мислев ќе помине, но за жал останав со терапија, но ми се подобри состојбата. Се смирив и се вратив старата јас, трпелива и смирена.
Иди на лекар,нуклеарна или ендокринологија. И за време на доење треба да биде тсх помал. 1-3 идеално.
@Mimmi39 Растревожена, нервозна, имам и срцебиење, најважно без енергија, лесно се уморвам. @Biljarkata Не. Не сум била на никаква терапија за тироидна. Ехо бев пред еден месец, кога прв пат имав забележано мала грутка при голтање. Тогаш и крв и ехо во ред беа. Докторот ми рече се е во ред. И тоа добар доктор, со долгогодишно искуство. Ги имам резултати од тогаш, пак ги гледам, се нормала. Ама АнтиТПО не е испитувано. Само Т4 и ТСХ. Од каде ли дојде бе .. @Cosmi Да да ќе одам утре. Нејќам да карам ама ќе карам овој пат.. УПМ!!!!!!
Спиењето, па со малата и не спијам баш нешто, испрекинт ми е ритамот.. Ама забележав дека не можам долго тс нормално да спијам како порано. Можи навика е од со малата. А чувствувам умор преку цел ден
Обично се случува после бременост, стрес, неспиење, истрошен организам. Високи се антителата, а велиш и грутка чувствуваш. Имаш ендокринолог кај што живееш или интернист те гледал? Ендокринолог ти треба.