Ендокринолог ми гледаше тогаш ми рече во ред. Ама пред 1 месец беше то. Ама пак ќе одам обавезно. Само дали е нешто ептен страшно? Прв пат имам искуство со тироидна... А да нетрпелива сум во последно, нервозна, постојано ми смета нешто кај мм, си велам то од со бебе шо сум по цел ден, дека нервозата од то ми е..
Ништо не е ептен страшно, ама не мислам дека толкави антитела се прават преку ноќ. Штом имаш физичко чувство на кнедла, може не знае докторот да гледа. Се се средува, само помалку стрес. Спиј кога спие бебето, се друго може да почека. А нервозата на сама со бебе, на многумина ни е позната.
Фала мила за утехата, искрено во овие моменти многу ми значи. Ми даде тогаш и слика и дијаметри дека нема шанса да има нешто, ама па можи почеток беше. Како и да е, ќе одам обавезно. Нервозата на најслабо да е! Треба да почнам со само-грижата, секојдневно, а тоа и ќе биди од утре. Убава вечер имај си
Проблемите со тироидна ми се скроз нови,зато извините ако поставувам смешни прашања, но ме интересира дали нескафе влијае негативно врз антителата? Врз нивно покачување и слично? И дали има одредена храна што треба да се конзумира, а друга да се одбегнува? Секој совет е добредојден
Минатата година и јас се соочив со шок и неприфаќање. Од здрава-права, ми се појавува болест (некои доктори ја нарекуваат состојба, а не болест). Се дадов на читање, проучување што да јадам, што штети, итн...одма исфрлив глутен и благо. Но, да бидам реална, подобрување имав откако почнав да земам терапија, по околу 2 месеци. После 6-7 месеци, баталив се’ и почнав со нормална храна бидејќи не сакав да се лишувам од работи кои сакам да ги јадам. И советите од двајца доктори беа да јадам се’, без ограничувања. Бидејќи глутен содржат тестата и лебот, добро е да се намалат, а со тоа нема да имаш големи проблеми со тежината. Не јадам кикирики и брокула, карфиол бидејќи тие се препорачуваат да се избегнуваат. Јас пијам кафе, и моментално сум на УН диета бидејќи имам 5-6 кг вишок кои не можам да ги симнам после породувањето. Јадам по 2 бразилски ореви секој ден. Антителата од 500, се симнаа на 250, па на 120 и на последното мерење беа под 35. Ова е моето искуство, а ти одлучи како ќе правиш, но послушај и доктор/и. Се’ зависи од твојата состојба, како ти се чувствуваш. Ќе се среди, само дај си време. Како стоиш со тежината?
Знајш, сите исто ми рекоа, никогаш не биле настинати, здрави цело време и наеднаш ова туп. Од насобран стрес, акумулиран долго време... Шо е тука е... Интересно е шо имам симптоми и од едниот тип и од другиот. Како е то можно?? Имам тахикардија, а за Хашимото е карактеристична брадикардија.. И неколку други измешани симптоми. Иначе што можи да се случи со толку високи антитела?? Околу 500 пример? Со тежината сум супер, после породување иста килажа како претходно. За висина сум скроз нормално.
Јас сум со хипотиреоза и хашимото, откриено 11м после прв пораѓај. Како тебе сосема помешани симптоми имам... Тахикардии имам. Со тежина проблем сум немала (дури и слаба сум). Антителата никогаш 4год не ми паднале скроз, цело време ми се горе доле и докторка ми кажа дека од стрес највеќе рипаат, а во денешно време стрес секој ден имаме. И мене ми биле толку високи 600 и нешто, а имам пријателки на кои по 1000+ им биле. Безглутенска исхрана се препорачува. Селен да се пие. За жал ова автоимуно заболување многу често се активира по бременост... Од шок, промена во организмот обично бременоста и пораѓајот е како тригер. Јас без апчиња неможам... Иако и глутен не внесувам многу многу, на 2,3 пати сама експериментирав да не пијам по 2 недели еутирокс и тсх одма ми рипа и тоа е тоа... терапија за цел живот.
Абе мила, иста ситуација... УПМ! А ме интересира дали после годината можи да исчезне? Праев муабет со една пријателка и таа имала после пороѓај, ама после годината и се вратило во нормала. Иначе да, од стрес најмногу. Денес онака од ситуации низ дома со луѓе, кога ќе се изнервирав, несогласување со мислења итн одма осеќам како притисок на гушата и како да ме стега. А плус и пораздразлива сум ептен, нервозна. Се контролирам колку можам, ама хормони се во прашање. Фала за информациите.
Кога е веќе и хашимото во прашање, тоа значи доживотна терапија и без апчиња тешко. Пријателката најверојатно само tsh не и било во ред. Иначе ке ти се средат сите симптоми со терапија..
Со терапија нонстоп. Во бременост дури и се зголемува дозата. Може да се дои иако се пие еутирокс. Јас како што кажав пред 4г открив 11м после прв пораѓај. После 1 година од тоа втора бременост терав, нонстоп контроли правев и ми ја зголемија дозата. По пораѓај ми ја намалија. Автоимуно заболување е кога и хашимото имаш со покачени антитела, за автоимуните заболувања мора лек за цел живот... чести контроли и терапија. 4г веќе си пијам еутирокс нонстоп. Експериментирав како што кажав.. сама.. за да пробам дали можам без апчиња, но нема шанса, одма ми рипа тсх.
Здраво, веќе 3 години имам хипотироиза, мака мачам со килограмите и решив да почнам да вежбам и да бидам на кето диета. Летово вежбав но го немав овој проблем, но од вчера кога вежбав почна да ме боли делот кај тироидата, како да сум истегнала нешто. Денес цел ден исто чувство. Имал ли некој вакво искуство?
Здраво. На последниот лекарски преглед при ехо ми забележаа дека тироидната ми е нехомогена и лесно хиперплазирана(зголемена). На крвната слика резулатите се следни: - TSH - 2.49 - T4 - 9.01 - T3 - 104 - Anti TPO - 327 Дали сметате дека со правилна исхрана и сумплементација антителата можат да се намалат и задржат во нормала? Или неизбежно е со тек на време да ми излезат од контрола хормоните и ТСХ, па да морам да примам хормонска терапија?
Немаш напишано што си вежбала. Заболувањето на тироидата е најчесто од голем стрес, и се препорачува да се избегнува секаков вид на стрес вклучувајќи и напорни вежби. Најдобро би било да се вежба нешто релаксирачко без да го заморуваш телото, како јога, долги релаксирачки прошетки, возење велосипед, дигање тегови. Сами треба да си ја осетиме границата, да не се форсираме во што и да правиме.
Вежбам кардио, и добро ми е. Е сега, дали тие што имаат хипотироиза де потат помалку? Колку и да вежбам кардио, не се потам толку како пред да ја имам состојбава. Понекогаш дури и ич.
Исто и мене. Ако имате некој совет за како побрзо да се стопат кг, споделете. И дали некоја од вас користела некои топачи при вежбање, или пак L-carnitine?
По 50/60 мин кардио се смета за многу? Незнам како инаку да ослабам освен со секојдневна физичка активност, и режим на исхрана, а многу потешко ми оди за разлика од пред да ја имам состојбава...