И мене ме интересира истото. Инаку ми откажаа 1 или 2 дена пред контрола, но претходно се слушнав со докторката и таа ми кажа дека ќе се одложи.
Ти кажа докторката дали ќе треба нов упат или со постоечкиот? Мене ми закажува ендокринологот нареден термин после секој преглед. Преку матичната е скоро невозножно да закажам, ептен тешко се доаѓа до слободен термин.
Не ми кажа ништо во врска со упатот, најверојатно со иститот. Ама за следната контрола ќе се јават повторно. Каде одиш на контрола ти? Јас сум на Патофиза.
Оди во лабораторија Авицена Скопје , цена на еден хормон е 700,00 денари и побарај да биде испитано ТСХ и ФТ4 ,,,,, позз
Дали ви се случува нагла промена на притисокот? Последниве неколку дена ми се намалува притисокот (околу 90/60), а срцето отчукува околу 90 во минута. Ми се појавува вртоглавица, слабост во рацете и нозете. И многу ми е ладно. За кратко време притисокот се нормализира, вртоглавицата знае и да потрае, и по неколку часа како ништо да не било. Дали ова настанува од хормоните од тироидната? Инаку, хипо/хаши сум од пред една година.
Неколку дена исто се осеќам, вртоглавица, низок притисок, пулсот 80, и онака сум малаксана. Препишувам и јас на промена на времето ама не знам со сигурност, и јас сум хашимото.
Здраво на сите. Да се пријавам тука, па да си споделуваме искуства. Дијагностицирано ми е хипо/хашимото пред недела дена. Почнав со терапија од 25мг Еутирокс, па за две недели треба да накачам на 50мг и после месец на контрола. Моментално добро се осеќам, немам никакви проблеми, терапијата ја пијам редовно и добро ја поднесувам за сега. Сакав да ве прашам тие што сте во обиди за бебе или што веќе сте родиле. За колку време да очекувам да ми се доведе во ред, т.е. во пожелни вредности за бременост. Какви се вашите искуства, после колку време од примање на терапија сте успеале да забремените? Поздрав.
Со лесно во борбата за бебе! Ќе се регулираат хормоните за брзо време, неколку месеци, 2-3, најмногу до 6 месеци (кај мене беше така). Штом пиеш 25 еурирокс, претпоставувам дека не ти било тсх многу високо и навреме ти ја откриле состојбата.
Многу ми варираше во последните 3-4 месеци дур да се утврди дека има проблем. Почнав со ТСХ малце над горна граница - 4,92, за многу кратко без никаква терапија од хипо премина во хипер(тоа било типично за Хашимото) и имав прво ТСХ 0.35, па 0.159, за на крај да се спушти до 0,029 и после неполн месец кога пак проверив добив резултат 50.3. Не ми се веруваше ни мене, а уште помалку на докторката. Повторивме пак анализа со антитела со се, тоа беше сега на 6ти, ТСХ беше 30. Од следен вторник треба да почнам со 50 мг Еутирокс. Ти колкава доза пиеш и колку ти беше покачено?
Кај мене проблемов се појави после бременост, тсх беше околу 4 (4,1 и 3,9 во две лаборатории). Почнав со 25, за два месеци ми додаоа 50 два дена и 25 пет дена, и потоа уште едно покачување: 50 два дена и 25 плус половинка 25, пет дена. Се спушти тсх до 1,5, па се качи околу 3,5 и затоа ми ја додадоа половинката. После една година откако ми открија, се’ уште сум во шок и тешко ја прифаќам состојбата. Прави контроли почесто, ќе се среди.
Да, читав за тој постпородилен тироидизам, ама мислам дека немаш место за паника. На време ти е откриено и си пиеш терапија. Чим си износила здрава бременост тоа е супер, потешко е кога ќе се појави проблемот а тек сакаш да родиш верувај.
Женски здраво,имам хашимото се е во ред освен антителата кои ми беа 117 а сега по примање на еутирокс од 25 ми се повторно покачени на 145. Предлог што да правам?..
Jas bev na kontrola vo juli 2019 i trebase da odam na kontrola od 6 do 8 meseci vo den ponedelnik. Mislev da odam vo mart, ama radi koronava ne otidov plys neli gi otkazaa terminite. Koga ke se smiri situacijata ke odam na patofiza. Inace me vodi Daniela Miladinova
И мене исто ме интересира Леле да многу се согласувам мене ми е 140 антитела и општо сум видела многу хипо членови и на сите им кажуваат хашимото.Какво мислење имате вие? Ви благодарам Јас малку касно гледам се надевам сеуште сте активни.Како е сега ситацијата? И јас сум со иста дијагноза но веке 6 месеци антителата ми се исти не мрдаат од 145 Добри се навистина рачунај мене ATG ми е 368 Мене само антителата ми се вискои 145 и ми рекоа дека имам хашимото може да И мене истото ми се случува не многу често но ми се случува,почни со физичка активност искрено помага Ме интересира дали при хипотроидизам имате многу зголемена телесна тежина и кои продукти ги исфрливте.Нова сум имам дијагноза хашимото,а пијам Еутирокс од 25.
Кај мене антителата се 572.4 и имам дијагноза хипо/хашимото, од каде тоа дека треба АТПО да се над 1000 за да станува збор за хашимото? Дијагнозата се поставува земајќи ги во предвид сите резултати компет.