Здраво на сите. Сакам да ви го опишам моето денешно искуство во ПЗУ Ендомед кај госпоѓата Жанета Поповска Димова. Намерно напишав "госпоѓа" наместо "докторка" заради нејзиното крајно непрофесионално однесување и не заслужува да се нарече доктор, барем не од мене. Сигурно сте запознаени колку тешко се добива термин за преглед на тироидна преку матична/мој термин. Пред повеќе од 2 месеци при рутинска лекарска контрола ми беше посочено дека имам проблеми со тироидната, и при проверка на крв имав многу покачени анти-тела. Закажав термин преку матичната и единствениот слободен термин беше за 2 месеци во ПЗУ Ендомед. 2 месеци живеам во агонија и стрес, читам форуми и читам разни интернет страни за да дознаам повеќе за оваа болест бидејќи не можам да добијам стручен преглед и мислење од доктор. И конечно дојде денот за мојот термин во ПЗУ Ендомед. Но кога отидов во ординацијата бев исфрлен како куче со зборовите "Ако не си приватно и ако немаш симптоми и не е итно, не може да те примиме на преглед. И плус џабе ќе те прегледуваме кога оваа болест не се лечи." ... Јас разбирам дека поради состојбата со Ковид 19 докторите сакаат да се заштитат, ама каков е овој однос од лекар спрема неговиот пациент? Дали докторите имаат некаква педагошка-психолошка подготовка за однос спрема нивните пациенти? Дали ако бев приватно а не преку фонд ќе ме примеа на преглед? Бидејќи ги имаат моите податоци преку мој термин дали можеа да ми се јават на време да ми кажат дека не примаат пациенти преку фонд? Мене со овие зборови животот ми го направија уште по мизерен, наместо барем психички да ме смири прегледот кај лекар со давање на некој совет или слично. Значи чим оваа болест не се лечи, зошто да одиме на лекар кога може да се лечиме и советуваме преку интернет? На овој начин "докторката" Жанета Поповска Димова и нејзината медицинска сестра сами си ги погазија нивните дипломи и звања. И да напоменам дека бев со заштитна опрема (маска и ракавици) заради состојбата со Ковид 19 и не знам со што заслужив таков однос од докторката и медицинската сестра...
За ова однесување знам дека они и нивните колеги би се ваделе на ситуацијата со пандемијата, но би додала тука дека постои нестручност и незаинтересираност на самите лекари да помогнат. Многу пати ми се случило да ми утнат дијагноза и да ме трујат со погрешна терапија, не зборам за ендоктринолози туку општо за секакви лекари. За тироидната пробај да намалиш стрес, одмарај повеќе, исфрли тесто и преработена храна која ствара инфламација. Они само ќе ти препишеа вештачки хормони за пиење, тие не ја лечат тироидната.
Денес проверував тироидна и таму во лаб.кај што проверив ми рекоа дека воопшто не е добра функцијата на тироидната Едвај чекам да дојде утре да видам докторката што ќе ми каже. Еве резултати TSH 0.1 (0.38-4.31), тироксин 1,56 (0,7-2,2), Т4 141 (58-150)
Се извинувам што ви се мешам во разговорот, и јас имам проблем со намалена функција на тироидната (хипотироидизам) немам проблем со тежината, напротив слаба сум од 49 50 кг не сум се поместила. Но ме загрижува тоа што читам дека тие со овој проблем имале проблем со зачнувањето. Јас останав бремена лесно(пред 5 месеци но за жал имав спонтан абортус тогаш и открив дека го имам овој проблем, најверојатно сум го имала пред тоа а не сум знаела, не знам), сакав да прашам како е ситуацијата кај вас, ако не конкретно за вас, за некои што ги познавате до овој проблем дали имале некој проблем со зачнувањето?
T4 ti e dobro. Tsh varira vo tek na den. I tsh ti e blizu do granica. Dobri ti se rezultatite. Vodi se po ft4
Не мора да значи дека спонтаниот бил од тироидната. Спонтан абортус се случува многу често. Како ти се хормоните? Примаш терапија? Ако тсх е добро (околу 2), би требало да постигнеш бременост (ако и се’ друго е во ред). Има многу такви бремености во темава.
Точно, не е дека 100% е од тоа спонтаниот, ми рекоа природна селекција, но кога се случи нешто такво секогаш бараме причина и се обвинуваме себеси што не сме внимавале на некои работи. Јас кога дознав дека сум бремена и при испитување одма на крв дознав дека го имам проблемот, тогаш тсх ми беше 442 што е премногу, одма почнав со терапија, за 10 дена резултатите беа одлични дури околу 2 ми беше, но изгледа касно откирив, јас не ни осетив дека имам нелој проблем, когс ги видов резултатите се радував, отидов на ехо и ми рече плодот е мртов, јас околу 2 недели сум била во мртоб плод без да знам бидејќи немав ни крварење ни болки, добро е што не е дошло до некое труење и затоа постојано мислам дека е таа причината. Инаку да, примам терапија, пијам еуторикс секој ден (ми рекоа цел живот ќе ги пијам). Моментално не знам какви ми се резултатите бидејќи поради состојбата не сум проверила, последен пат имав контрола во Декември и беше ок. Многу не обрнував внимание, но пред некој ден читав многу имале проблем да забременат поради таа "болест" па ме стави во мисла, но како што рече ти има и многу други што иако го имаат тој проблем па се бремени и со терапии се се средува.
Многу ми е жал за загубата. Имав и јас спонтан абортус и многу добро го знам чувството. Ќе се среди се’ со терапија, бори се за бебе.
Да, 99% спонтаниот ти го има предизвикано проблемот со тироидната, не си грешка. Добро е познато дека нетретирана тироидна, за жал најчесто доведува до спонтан. Но немој никако, значи никако, да се обвинуваш за тоа што се случило. До негде и подобро што организмот сам направил селекција и решил да го отфрли плодот, бидејќи освен спонтан, проблемите со тироидната предизвикуваат и проблеми во развојот на плодот. Сега примаш терапија и ќе забремениш повторно немој да се грижиш. Само прави почести контроли на тироидната за да бидеш сигурна дека е во соодветни вредности кога ќе забремениш. Чим еднаш си успеала да останеш бремена, ќе останеш пак. Проблем да забременат имаат најчесто тие што не пијат терапија и не ја држат под контрола. Познавам многу жени кои со терапија си родиле здрави прави дечиња. И јас од пред неполн месец имам откриено хипо/хаши, немав скоро никакви симптоми, барем не некои изразени што можев да ги препознаам. Ама за среќа го открив проблемот и сега сум со терапија. Сакам да забременам, ама докторката ми кажа додека не ја ставиме вредноста на хормоните во нормала да не размислувам за бебе. Така што ќе чекам да ми даде зелено светло и ќе биде се добро, знам. Мора да сме оптимисти, многу е важно.
Ти посакувам најбрзо сѐ да е во нормала и да се израдуваме и ние. Јас од среда почнувам со контроли, најпрво ќе одам на гинеколог бидејќи требаше пред 1 месец да одам да видеме што како, но баш тогаш настана овој хаос со вирусот и ништо не направив. Исто и ендокринологот ми рече во јуни на контрола, но ако останам бремена уште тој ден на му се јавам, да направам контрола и со резултатите кај него за да одма ми препише соодветна терапија. Така да, нов месец нова надеж, едвај чекам да слушам дека сѐ е во ред и да почнеме со работа хаха
Ќе биде ич да не се секираш. Ќе се израдуваме и ние многу скоро. Во меѓувреме ќе си бидеме поддршка едни на други и ќе ни биде полесен патот до целта.
Ic da ne se sekirate i jas imav hipotireoza i rodiv zdrava kerkicka eutiroks pijam veke 10 god i tsh vo bremenosta go kontrolirav na 4nedeli I se bese ok