Фала многу за позитивниов пример. Мило ми е многу вака кога ќе слушнам, ептен ми давате надеж. Јас имам хипо во комбинација со хашимото, може малце повеќе ќе се помачам, ама не се предавам. Фала ви, стварно од ваквите примери многу подобро се осеќам.
Девојки утре ќе правам проверка на ТСХ и ФТ4, дали треба да си го испијам Еутироксот пред да ми земат крв или не?
Здраво на сите! Имам 21 година, веќе скоро година како открив дека имам хашимото и хипо, докторката се уште не ми има дадено некаква терапија, ми вели рано било да не ми е нешто моментално а упорно на 3 месеци правиме контрола и секој пат резултатот е повисок од што треба..ми препиша само селен да пијам. До лани немав никаков проблем со килажата, висока сум 160 и имав околу 52-53кг, навистина си бев складна но буквално преку ноќ накачив 10кг и се чувствував подуено како балон. Уште од пред 1 година и до ден денес си стојам на 62кг. Во октомври почнав со пилатес, до карантинов вежбав 4 пати неделно, а сега 6 пати неделно по 1-2 часа активно вежбање. Со килажа стојам во место! Имам промени на телото, позатегната сум малку но не колку што искрено очекував за волкав период...Едноставно тие неколку кила не се симнуваат никако..Навистина веќе не знам како да си помогнам, се трудам и со храна и со вежбање, количински јадам премалку за да имам волку кила. Внимавам да е што е можно поздраво, со повеќе зеленчук, не пржам, ја печам или варам храната. Леб и тестенини јадам 2-3 месечно преку сила, благо не, млечни производи освен кашкавал јогурт исто неколку пати месечно само. Веќе не знам што да правам! Ме депримира до бескрај фактот што нема напредок како што сакам, знам и свесна сум дека на нас со ваква дијагноза нема да ни оди слабеењето лесно, но вложувам труд, време и внимание а добивам едвај малку. Извинете на долгиот пост, не познавам никој во мое опкружување со ваков проблем па доколку некоја од вас одвои време да прочита и сподели лични искуства ќе и бидам многу благодарна! Секој совет ќе ми е добредојден
Освен килограмите, дали имаш некој друг симптом? Ти како се чувствуваш? Според мене, слушај ја докторката и добро е што не ти препишала веднаш терапија. Освен Se, можеш да земаш и други витамини: Б-комплекс, витамин Ц, Е, фолна киселина.
За приватен преглед, можеш во Тиреодијагностика. Докторката е смирена, ќе те ислуша, ќе те прегледа, ќе ти даде совети. За државен преглед, ти ја препорачувам др. Славица Шубеска од Ендокринологија, но тешко се стигнува до термин. Се надевам дека ти помогнав.
Па подуеност како што напишав, поспаност, тешко можам да се концентрирам и фокусирам на пр еве имам потешкотии со учење и памтење, замор, колку и да спијам никогаш не сум доволно одморена и енергична...Моментално најголем проблем ова ми прави кога треба да учам. Коса исто ми опаѓа. Главно тоа. Примам терапија достинекс за тумор на хипофиза и зголемена вредност на пролактин. Од памет овие работи ми текнаа во моментов.
Последен преглед во јануари: тсх 5,75 ; фт4 13,3 а фт3 не ми испитале. Не сум била на второ мислење иако веќе натаму ми оди одлуката. Имам закажано редовен преглед во мај сега, правам на секои 3 месеци, но некако докторкава ми личи неажурна па сакав да видам и на друго место што ќе ми кажат, но ќе видиме како ке испадне сега ради ситуацијава со вирусот.
За ТСХ 4, јас веднаш добив еутирокс. Напнатоста и уморот ми се намалија, косата веќе не ми опаѓа.....ок сум сега. Би ти препорачала да појдеш и кај друг доктор.
Штом имаш терапија за хипофизата, некој ти ја дал таа терапија. ТСХ со вредностите кои ги опиша не е алармантно, ако не сакаш бременост, а претпоставувам не сакаш. Како што разбрав, главен проблем ти се килограмите. Не знам како ти дијагностицирале хашимото, имаше антитела високи или како?
Да терапијата за хипофизата воедно и пролактинот ми ја даде гинекологот и ова ми е втора година како ја пијам. Ми рече дека со таа ќе намалам кога ќе посакам да забременам. Кога ми открија хашимото антитела ми беа >1300 а реф.вредност <60 (ова во авицена тест), а во јануари 129,5 за реф.вредност <34 (овој тест е на државна). Вака ги пишувам бидејќи гледам различни се, а јас многу не се разбирам да протолкувам... Да, главен проблем ми се килограмите, јас вака не изгледам нешто многу нескладна, но сепак си го гледам вишокот, најмногу околу стомак и бутовите. Но исто важни за пребродување ми се и заморот и ненаспаноста
A si bila li na endokrinologija za prolaktinot I za tsh I za antitpo I antitg jas na primer imam visok prolaktin nemam tumor na hipofizata imav I visok tsha antitelata mi se ok I za tsh I za prolaktinot odam na endokrinologija endokrinolozite se specijalisti za hormoni ne ginekolozite neznam dali imas ispitano vitamin d ako ne moj sovet ti e da go ispitas
Дада, заедно со другите хормони редовно го следиме и пролактинот, но и тој секогаш е повисок од што треба но не како што беше на почеток кога открив.
Инсулинот 9,77 (реф.вредност 3-17; вака пишувам бидејќи не знам на други места како е да имате претстава, јас ич не се разбирам.)