Не,напротив. Нешто не си разбрала,ако не се зима редовно може да останеш стерилен. Единствен ризик е,ризикот од остеопороза,кој па ретко се случува.
Не е стерилен, сестра ми го користи веќе 10 години, и си роди две прекрасни деца. Не влијае на стерилност, едниствени последици што и се појавија е вода во колена, отечени зглобови.
здраво, да се придружам на клубот. имам констатирана хипотироидеа во 8 месец од бременоста. бев да проверам поради срцебиенје кое во последно време доста го цуствував и немозев да дојдам до воздух. резултатот ми бесе тсх 13 а т4 9,3 од долна граница 9. значи тхс покачено а т4 сеуште во нормала. заради бременоста пиев еутирокс од 75мг. пред породување со таа терапија ми се спустија вредностите на тсх 0,94 и т4 на 11,1. имав проблеми на породувањето најверојатно од состојбата но бебето си е во ред и со нормални вредности на тсх. се лечев на патофиза. е сега по породувањето неможев да стапам со никој во контакт да ми потврди колку треба да се зема еутирокс и кога да се дојде на контрола бидејќи бебто го доев па покрај за себе требаше да мислам и на него. од лекарите на патофиза не сум воопшто задоволна. помала грижа ни за куче скитник не би пружила а не на трудница во 9 месец и постпородилно. ми ја продолжија терапијата на 75мг кое на мое големо инсистиранје ја намалија на 50, а и со таа терапија имам пак добри резултати. Значи нивото на т4 никогаш не дојде под границата а тхс само се менуваше. сега ќе се консултирам со други лекари бидејќи симптомите ми се измешани и имам неверојатно чуство на жед. најлошо на патофиза е што одкако ќе ги земеш резултатите не се ни гледаш со докторот тој сам ти препишува а според мене треба со резултатите во моментот да ти изврши преглед и да ти одреди терапија. ќе ве информирам за резултатите за сега толку.
princessofthedark многу ми е драго што ја доби оваа битка. ти посакувам понатаму во животот да имаш што повеќе радосни моменти, особено со оглед на годините и храброста што ја покажа за истите. Јас ги прочитав сите постови сите страници и иако сум нова на форумов знам низ што помина. поздрав и честитки од мене.
мене на почетокот ми се јадеше многу ама метаболизмот станува побрз и нема ризик од дебелеење барем кај мене беше така. После некое време се нормализира апетитит
jas gi pijam samo 3 meseci i mn mie strav da ne pocnam da se debelam uste sega sakam da zemam edni kapsuli od zelka za slabeenje samo nezz dali smeam da gi zemam istovremeno
да ве информирам дека бев кај каранфилски и ми продолжи со истата терапија од 50 еутирокс. ми провери само тсх кое ми е 0,97 што е добро и на контрола по 2 месеци. е сега рече дека може се да се јаде и пие нема рестрикции и баш го прашав за брокули, зелка и сл и реше дека не важи за хипотироизам. е сега кој е во право кој е во криво незнам тој така рече. испадна дека има проблем со слабокрвност така да сега ќе се префрлам малку на тие теми. маценацебт ако откриес дали може да се користат таблетите од зелка пиши може нешто да искористиме.
jas treba da odam na kontrola kaj 15 mart i ko ke odam ke prasam ako ne ti se brza ili ako ucis ti pobrzo kazi mi isto i jas pijam eutiroks ama jas od 100
Па не знам дали има или нема,ама секаде го пишува ова. Читам истражувања од повеќе клиники низ светов и заклучив дека ние во Македонија сме маргинализирана група на која не и се обрнува внимание, ниту пак докторите имаат интерес да преземат нешто околу тоа. Се трудам да применувам она што си го читам,не очекувам да ми ги отвараат очите нашиве доктори,затоа што сфатив дека кренале раце од нас. Неговото е резултатите и апчињата и толку. Дали е хипо или хипер,не се препорачуваат од проста причина што се намалува апсорбцијата на еутироксот првенствено и многу доктори се држат до тоа. Еден просечен македонски доктор не би го знаел сигурно. Јас првиот пат кога отидов во државна,не ми ни текнува на името на докторката,која наводно била и професорка и амин,не ми ни кажа како треба да ги примам апчињата,па заглавив со поглема доза и поголем проблем. Пиев железо ради анемија,тогаш премалував,зошто,затоа што докторите не ми кажаа дека така еутироксот воопшто пак не делува...ете толку знаат. Читајте си и едуцирајте се сами како пропратно со терапијата,така најарно. Ништо не знаат,ниту ги интересира. Во Америка имаат и здруженија,невладини организации,се залагаат нутриционисти покрај докторите за правилна исхрана,кај нас куд кој мили мој,баш им е гајле. Абе шо ти е гајле,апни си таблетчето сабајле и мука немаш. Аха,немаш,така е тоа,а колку не се ни свесни дека го имаат овој проблем.
поздрав лилит. и јас го имам истиот проблем анемија со хипотироидеа и јас земав препарати и за двете и на мене не ми кажаа ништо на клиника ниту професорката ниту нејзините следбеници, а да и јас читам на интернет за еоа по цел ден. тоа е реалноста кај нас. никој ништо не го интересира од најобични општи матични лекари до професори по медицина. си ја префрлаат топката еден на друг а последиците ги трпиме ние кои ете ни затребала нивна помош. тоа е пред се НЕПРОФЕСИОНАЛИЗАМ и недоволно сакање на професијата која ја извршуваат. тргнувам од себе. ниедна лоша плата или услови не ме натерале да бидам непрофесионална до сега. зошто се тогаш тие толку непрофесионални. да не речам и животот ми беше на конец заради нив па никој не се ни обиде да ја согледа целата слика ниту да ја види историјата на состојбата. таква дрскост не ни сум можела да ја замислам ама ја доживеав. тоа е на интернет и сам свој доктор иначе отиде.
Мислам дека е можно окото да ти е пошироко отворено од другото од тироидната жлезда, бидејќи и сестра ми го има истиов проблем. Иначе јас ги испитував хормоните со упат од гинеколог, и добри ми беа сите освен тироидната која беше 4,25. Гинекологот и ми рече да одам на патофизиолог за он да ми каже дали треба терапија и сл. (и да испитам тх4 (или како се вика ), отидов прво кај матичниот за упат а он ме прати на интернист. Поради тоа трчање и фактот дека ми е ептен малку 0,25 покачена не отидов. Што мислите дали може нешто да искомпицирам или немам потреба да се малтретирам
minnie-e ако си трудна моја препорака ти е да одиш и тоа веднаш. Доколку не си истотака сметам дека треба да отидеш но да речам не со таква експедитивност. Мене Каранфилски ми рече дека правилно е тсх да е 1-2 и се што е изнад да не се цека премногу туку побрзо да се лечи особено ако има симптоми. А ако си бремена особено е важно за менталниот развој на плодот да е во граници на нормалното.
Љубам мене ме интересира дали тоа дека и отекуваат зглобовите од еутироксот на сестра ти и го кажал лекар? Јас имам проблеми со отечени зглобови а не се осудував да одам на лекар и за тоа (одам за триста други работи и преку глава ми е да трчам по клиники)
девојки на патофиза ли одите за проблеми со хтироидеа?? и јас треба да одам ме упати гинекологот заради некое гранично хипо ама имам информации(а процитав и на форумот) дека те прегледува доктор професор бла бла и после со резултатот ти даваат и терапија како на куче а не како на човек ....не се ни гледаш со лекарот он така гледа резултати и пишува терапија алоооо кај го има тоа !!!! се мислам дали да отидам во систина кај муратовска била мн добра ???? искуства
Да да, на патофизиологија. И не е како на куче прегледот кој ти рекол тоа, преглед ко преглед, не мора да значи дека ако одиш приватно подобар третман ќе добиеш..
И јас на Патофиза идам, не е до толку како куче, ама тука некаде е. Ако имаш некоја врска може поарно да поминеш, (како јас на пример, и резултатот ми го дава и објаснува докторот), а ако немаш врски колку што ги гледам луѓево, си ги зимаат резултатите од шалтер или им ги праќаат дома по пошта, и на самиот резултат си пишува што и како да правиш, која терапија и сл.
е тоа ти го даваат резултатот на салтер и не се гледас со лекарот е тоа веке е третман (како на куче) за никаде: денеска во светот се стреми кон индивидуализација на терапија и слично а овде ти пишува терапија без да се види со пациентот што воопшто ама вооопшто не е ок! кај е тука објаснувањето околу тоа дали и како да ги пиеш лековите , што може да дадат како несакан ефект , и слични работи кои би требало лекарот да ги каже !!!!! а што ке се случи ако со резултатот влезам кај лекарката ...ке ме избрка или како што знаат они да бидат одвратни и ладни (во дрзавна ) ....уф сепак ке одам на патофиза ама ке видам како ке биде многу скапо во систина ...да бесе нормална сума одма ке отидев