Имам бенингни јазли,од двете страни,ми препорачуваат вадење на цела тироида,а јас сакам да ја спасам од вадење со друга алтернатива.Дали има спас да ја намалам на било кои начин?Со терапија хормоните ги регулирам,хипо-хаши сум,без нив тешко.Чаре????
Да проветував,ми беа 250,па 500,па последниот тест пред коронава>1.000,од тогаш не сум отишла.Леле каша попара сум.
Супер ти е. ФТ4 колку е? Не е погрешно да си направиш и ехо, многу често кај структурните промени на жлездата, хормоните се ок.
Барав за тироидна жлезда на форуми и најдов овде, јас сум машко имам 25 години и имам тироидна жлезда, од 2015 година пијам Еутирокс, на почетокот повеќе лачеше жлездата ама откако почнав да ги пијам апчињата ситуацијата се подобруваше и до ден денес е добра и хормоните редовно прво на 6 месеци првата година па после на 1 година ги проверував. Ги пијам насабајле на гладно и пола час не јадам. Но, пред да ги пијам апчињата бев послаб ама со тек на време почнав да се дебелеем повеќе, а работам физичка работа од тогаш и сега. Дали од апчињата има некаков ефект во дебелење? И уште нешто, дали Еутироксот може да се прекине на неколку дена или пак месец? Бидејќи јас ја прашав докторката кај што одам и матичната исто така и ми вели дека тие се пијат цел живот. Имате ли вие направено одреден прекин со не пиење на апчињата и дали состојбата потоа повторно ви се по влошува? Благодарам на одговорите.
Пиете ли селен вие со Хашимото? Др. ми кажа 150mcg дневно, со помалку од ова ништо не правам. Што функција има селенот у ова?
Не знам што функција има ама има. Не мораш ни да го пиеш како суплемент, 3 бразилски оревчиња дневно ќе бркаат работа. И тоа супер доктор си нашла штом ти го кажал тоа.
Селен е за намалување на антителата а со тоа и хашимотото. Каде беше на лекар и каква исхрана конзумираш?
Феминки ако може одговор. При недостаток на јод дали освен терапијата со еутирокс од 100 може да се користи и дополнително јод? Или апчиња едни кои што ги видов Тироси (спирулина и јод) или пак премногу би било? И нешто да препорачате дополнително покрај терапијата
Извинете може е глупаво прашањето, но која е разликата кога одредат дека имаш хипотироидизам наспроти хипотироидизам хашимото? Со други зборови го викаат хашимото или?
За да имаш хашимото треба да имаш автоимуна реакција т. Е. високи антитела. Хипо можеш да бидеш и без хашимото.
Јас колку што сфаќам хипо значи намалување на работата на жлездата и се пие еутирокс.Јас го имам тоа и плус хашимото-високи антитела што ми ја напаѓа жлездата и имам јазли.Толку сфатив