Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.714
    Пол:
    Женски
    И јас пред 2 месеци ја извадив цела тироида. Исто имав папиларен карцином.
    Еве сега на 19 ти авг ќе одам на онкологија и ќе примам р јод една доза.
    Јодот обично се прима 2 месеца по операцијата.
    Дур убаво не се очисти организмот од тироксин.

    Не знам кој ден ти е од операција.
    Зборуваш?
    Голташ?
     
  2. geo_91

    geo_91 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки

    Опериран сум пред еден месец точно.
    Немам никакви потешкотии, раната зараснува супер, голтам и зборувам нај нормално.

    П.С Пред оваа операција исто Арсовски вадеше јазол од вратот со кој се докажа потврденото, па потоа ја вадеше и тироидната. Фактички правев две операции за една недела. Двете се супер.

    Какви се вашите искуства?
     
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.714
    Пол:
    Женски
    Јас месец ипол шепкав.
    Одвај почнав да зборувам сега скоро.
    Сеуште не ми е вратен осетот за вкус.
    Бидејќи не пијам терапија, еутирокс нели, спијам скоро по цел ден. Неможам баш нормално да функционирам, се осеќам преуморно.
    Раната и мене ми е зарасната скроз.

    Имаш закажано дата за јод?
    Секој месец мораш на патофиза да испитуваш хормонски статус.
    Кога последен пат мереше тсх, ф3 и ф4?
     
    Последна измена: 5 август 2020
  4. geo_91

    geo_91 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    За среќа после месец дена од опрацијата сеуште немам некој несакани ефекти освен што ми се јавуваат повремено ми се јавуваат трпки (како иглички да ме боцкаат по телото) и вкочанетос (можеби е недостаток на калциум треба да проверам). Не примам терапија бидејќи ке одам за една недела да ми закажат за јод. тсх, ф3 и ф4 испитувава последен пат пред операција и беа во ред, вчера ѓи испитаа хормоните пак па чекам резултати од патофиза.
    За тоа дали треба да на патофиза да испитувам хормони секој месец незнам, сеуште ми немаат ништо кажано.

    Јас веќе еден месец не примам никаква терапија (хормони) бидејќи ме спремаат за јод кој би бил некаде околу последната недела на август.
    По само една недела од операцијата јас веќе нормално функционирав, почнав да пешачам и возам велосипед, спијам по 8-9 часа и во текот на денот сум свеж без потреба за сон. Совет од Арсовски беше дека што порано почнам да јадам (голтам) и го движам вратот така побрзо ќе се опоравам, па тоа и го правев.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.714
    Пол:
    Женски
    А каде планираш јод да примаш?
    На државно?
    Оти ако ти е во план на државно си има процедура.
    Али еве , штом денес си испитувал, таман си.
    Ваљда си имаш др кој те води на патофиза.
    Зш поприлично споро се доаѓа на ред за јод.
    Многу време доцнеше последната испорака, а зборуваат и дека е дефицитарен.
    И Јас требаше крај на јули т.е до 4ти август да примам, ама еве 20ти ме најде.
    А има пациенти кои 4 месеци го чекаа.
    Потерај си работа со време ако одиш на државно.

    Инаку и мене повремено ми се јавуваше вкочанетост и тие трпките.
    Ама фала богу ги снема.
    Е јас немам сила за пешачам или да возам велосипед.
    Ама ваљда секој организам е различен.
    Мене да ме оставиш цел ден би спиела.

    Едит;
    И многу р'чам.:(
    Ти? Хрчиш?:)
     
    Последна измена: 5 август 2020
  6. geo_91

    geo_91 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки

    Јод на државно,

    Имам таму досие и доктор. Се надевам дека ќе биде се со време.

    Не ми рекол некој дека хрчам бар до сега
     
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.714
    Пол:
    Женски
    Супер
    Штом имаш досие ќе ти се јават за кога ќе си ставен на програма
     
  8. geo_91

    geo_91 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Да,да.

    Со нови информации после третманот :)
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. geo_91

    geo_91 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Bubce38 дали ти познаваш некој друг во ваква здравствена состојба?
     
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.714
    Пол:
    Женски
    Моментално кои поминуваат низ ова само двајца.
    Маж и едно девојче.
    Горе долу исти симптоми, слични ситуации имаме.

    А овака што се оперирани пред години и години знам појќе случаеви.
    Сите најнормално си функционираат.
    И сите истото го велат- после 4-5 месеци ќе подзаборавиш дека немаш тироидна. Демек многууу подобро им било од кога завршиле со јодот и почнале еутирокс.
    Најважно било само да се погоди дозата од терапијата со апчиња.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. geo_91

    geo_91 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки

    А овие што викаш дека се оперирани пред години и години се со иста дијагноза или тироидната им е извадена од друга причина?

    П.С Јас не познавам засега друг случај
     
  12. Sitchy

    Sitchy Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, да ми препорачате добар доктор за тироидна во некоја приватна болница
     
  13. geo_91

    geo_91 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки

    Здраво.
    Доколку тироидната ти е за вадење ти го препорачувам др. Андреја Арсовски од Ре-Медика. Јас вадев тироидна таму и се помина супер, а и закрепнав многу бргу. Операцијата чинеше 160.000 мкд.
    На одделение се лежи 2 ноќи.

    Поздрав.
     
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.714
    Пол:
    Женски
    Да да
    Баш со папиларен карцином.

    Кај тебе што покажа биопсијата после вадењето ?
    Во капсула беше останат карциномот?
    Кај мене , за среќа Да, и нема метастазирано. Истото го видовме и недела дена пред самата операција. Правев КТ со контраст на врат, бели дробови, кичма и глава. Све беше чисто, се гледаше дека карциномот е во капсула
     
  15. geo_91

    geo_91 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Пред операција правев КТ со контраст на врат, бели дробови, кичма и глава и беше потенцирано дека има мали зголемени јазли на врат, а во останатите делови не се гледало никакви промени и се било ок. После вадењето покажа дека од извадени 5 јазли во 3 има присуство
    Има отидено само локално до најблиски јазли на тироидна кој се извадени во тек на операцијата.

    П.С благодарам за сите информации
     
    Последна измена: 6 август 2020
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.714
    Пол:
    Женски
    Супер.
    Сега и јодот коа ќе го примаме ќе бидеме ептен сигурни дека сме потполно здрави.
    После јодот ќе треба само еден пет скен на цело тело да се направи (аман, кој ќе се нервира за термин:sweat:) и деф таму.
    И ќе си почнеме со еутирокс.
    Контрола ќе си правиме на неколку месеци.
    Ма супер ќе бидеме.

    Само психички да се држиме.
    А гледам и ти си ко мене. Добар си(y)
    Ние друже сме победници :clap::dance:
     
    На geo_91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. geo_91

    geo_91 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Во животот има добри и лоши моменти и мора сите да ги поднесеме онака како што треба.
    По одреден период ова ќе биде само несакано искуство. Остани позитивна, немој се оптеретуваш околу тоа премногу (има кој да го прави тоа верувај ми) и најважно храни се со многу овошје и зеленчук. Јас моментално пијам алое 99 % гел и плус цеден сок од млада пченица која ја одгледувам сам (која се докажала кај многу случаеви како број еден суплимент за оздравување).
    Јас познавам луге кој ја имале оваа болес (не баш на тироидна) но сите се победници.

    Поздрав. :clap:
     
    На Meckicja и Bubce38 им се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.324
    Допаѓања:
    170.714
    Пол:
    Женски
    Алое пијам и јас.
    А каков е тој сок од млада пченица?
    Свекор ми има цела нива засадено ама изгледа пченка е тоа:(:^)
    Фактички класчиња за варење што се.
    Леле за жив срам , све ги мешам.

    Кажи ми како да го правам тој сок.
    Ќе најдам јас од мои луѓе и пченица.
    Ако е онаа што се дава во брашнарите имаме и таква
     
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не се работи за бременост во мојот случај :)
    Јас мислам дека глутенот ми делува лошо, јадам храна со глутен, а треба да го избегнувам поради хашимотото:tmi:
     
  20. geo_91

    geo_91 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Па тоа не се класчиња за варење туку пченица (жито) онаа ситната за леб.

    Па јас купувам од маркет од онаа пченица која е во ќеса спакувана.
    Истураш 1/3 пченица во размер со водата во садот (јас користам пластични садови од сладолед итн). Се разбира претходно ја миеш низ 2-3 води. Потоа така ставена во вода го покриваш садот со крпа и стои 16-24 часа. По поминатото време ќе забележиш дека почнала пченицата да р'ти. Ја цедиш од водата и ја замотваш во хартија (тоалет ролна за раце) и така стои уште 12 часа. Потоа се зема пченицата се става настрана од садот во кој стоеше. Садот се полни со земја и пченицата се нафрла одозгора и повремено се прска со вода да остане влажна. На 4 ден веќе ке се гледаат зелени листови и ке почне да расне брзо потребно е да ја вадиш еднаш во ден (наутро) и навечер само да ја напрскуваш одозгора. Препорачливо е 2-3 дена пред берба да постои надвоор на сонце да се добие повеќе хлорофил. Треба да достигне висина од 12-15 цм. и тогаш се сече со ножици 2 цм од корен (околу еден грст пченица) го ставаш во блендер/соковник со малку вода и 3-4 коцки мраз кој помага при блендање. Од кога ќе се изблендира се зема газа и се прецедува цел сок, мора да се прецеди за во газата да остане дел од пченицата кој што нашиот желудник неможе да ја свари. Сокот се пие наутро 3-4 пати неделно. Една сеидба се користи максимум 3 пати, потоа се посадува нова пченица па препорачливо е да имаш повеќе садови посадено во различни временски интервали за да имаш тековно за сок.

    Доколку имаш нешто друго нејасно само изгуглај ''сок од млада пченица'' и ќе најдеш како се одгледува дома и како се прави сокот.

    Поздрав.
     
    Последна измена: 6 август 2020
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.