Јас прв пат кога отидов (тоа беше пред едно 5,6 години), првиот преглед беше отприлика вака: Отидов кај докторот, ме прашуваше за симптоми, ми мереше пулс, гледаше дали ми се тресат рацете , ми мереше килажа, и ми го пипкаше вратот дали ми е отечен .После ме гледаше на ехо да види дали е воспалена жлездата или евентуално дали има некои јазли на неа, и после ме прати да ми извадат крв и да ми испитаат хормони. Е после тоа, после една недела кога беа готови резултатите, ги виде и ми даде терапија, па заедно со резултатите бевме кај една докторка која беше нешто како шефица таму на патофиза, за и она да ја одобри терапијата. Е веќе од следниот пат, т.е. откако веќе ќе си имаш одредено терапија, на секоја контрола нема да те тинтраат толку, ќе ти пишат на ливчето што-како и чао-пријатно. Но сепак на секоја следна контрола пред да ти извадат крв, мора да влезеш кај докторот, и тогаш ќе си имаш шанса да си кажеш што те мачи. Не ти се испалти да идеш на приватно, и да плаќаш, резултатите се сегде исти. Те удавив малце, ама сакав да ти објаснам отприлика... Поздрав
фала мнооогу ! ке отидам на патофиза кај некоја професорка ми препорачаа , сепак е многу 2500 денари за ехо и плус 1000 за преглед во систина !!! ке отидам па ке видам како ке биде .....за недела дена дај боже да биде се во ред па да не мора да одам често поздрав
Рајна немораш на патофиза и јас прв пат на патофиза отидов и не бев задоволна, моја препорака ти е да отидеш на ендокринологија подобро, па ако ти се чека(бидејќи се чека повеќе од причина што има гужва кај неа па може да ти закажат за после 2 месеци пример) отиди кај Професорката Бранкица Крстевска, а ако не ти се чека можеш и кај друг лекар. Дефинитвно на ендокринолгија е подобро отколку на патофиза, но изборот е твој.
девојки да ве прашам дали некој имал сличен проблем како мојот откако почнав да пијам еутирокс 25 ми доцни менструалниот циклус еве веке ке дојде 3 месец како не ми е дојдено како што треба само два три дена како да назначува дека ке дојде и пак ништо а пред да почнам да ги пијам циклусот ми беше точен како швајцарски часовник и покрај тоа што имам полицистични јајници... во вторник имам закажано на гениколог (не сум бремена правев 2 теста за бременост и двата негативни ) ме гази нерва и брунки на лицето тука таму ми излегоа инаку бев кај борислав каранфилски задоволна сум сега крајот на март сум на контрола
веке закажав кај мицевска или мицева , не знам точно на патофизиологија па ке видам како ке биде, ако не сум задоволна секако ке отидам на ендокринологија кај професорката што ми ја спомна(фала многу на советот). една пријателка на мајка ми имала проблем и ми ја посочи оваа професорка на патофизиологија па ке видиме што ке се случи
Во последно време почнаа да ми се потат дланките а имам и тахикардија(иако тахикардијата ми е одмана) :денеска целден ми треперат рацете посебно левата, меболи грлото и ме гуши кај граидте .Це плашам од хипертиреода. Можно ли со овие симптоми да имам или е последица на стрес?
да ,тоа се симптоми на хипертиреоидеа ама нема да знаес се додека не ги испитас хормоните и не те видат на ехо,затоа мој совет-на проверка
jas lani bev na lekar za tiroidnata zlezda da ja proveram i toa kaj d-r zaneta-endomed si zakazuvas na tel i pregledot e so upat i sino kartonce za 80 den..ona ti dava potoa da pravis krvna slika na hormoni vo idadija pa so rezultatite kaj nea..nema guzva i ubavo objasnuva..inaku se naoga nad trafic prodavnicata kaj stara rampa..
Девојки помош :/ добив денес резултати од крвна слика и вредностите се следниве: TSH 10.77 (0.27 - 4.20). FT3 3.4 (2.0 - 4.4). FT4 0.7. (0.93 - 1.7). FT3 ми е некако нормална,ама другиве?!?? Совет од поискусните,ке пукнам до понеделник дур отидам на лекар...
нешто не е во ред со мене вратот ми потече како пред тоа жлездите што ми беа потечени и ми се врти и ме боли многу ама врска неам што не е во ред со мене незнам што да правам сеа ...
утре е сабота освен дежурен нема ништо друго а мене не ми е работава за чекање. иии сеа волку лошо никат не ми било
Епа и дежурниот е доктор. На секоја клиника има дежурен што може да ти помогне. Секако дека не е за чекање,но не гледам друга алтернатива.
ќе морам да идам ... иначе волку бледа не сум била у животов, устата ми испука и ми крвари, очите ми се крвави, ми се врти многу, ми се повраќа, цело тело ми трне, деснаво рамо неможам да го подигнам од болка, вратот ми потече имам подочнаци огромни и јака главоболка се на се ми е мн тапа
Издржи ја ноќта и утре прво нешто,на лекар,а рака на срце можеш уште сега штом толку ти е лошо.Секако ќе те примат и ќе ти помогнат. Напиј се нешто против болки,штом те боли телото. Можеби си настината,па од грлото и вратот,крајниците.
неам жлезди извадени ми се така да не би можело да бидат крајници потечени не би требало да потекува така ... Докторката на патофиза ми вика дека нема шанси да се рецидиви зашто сум пиела доза радиоактивен јод како за човек од 200 кила а иам 41 кило... А моите нема шанси сеа да ме однесат на лекар така да ќе мора да чекам до утре и обавезно ќе ви пишам што ми кажале. Ако станам утре мислам ...
Крајниците извадени ти се?! Па ако ти се извадени сите жлезди нема основна причина да отекуваш. И не знам зошто мислиш дека при ваква состојба твоите не би те однеле. На крајот на краиштата фати такси и оди. Да дојдам јас или друга феминка да те носи,тешко тоа,така шо преземи нешто. И од кај глупиов муабет,ако преживеам. Така се умира знаеш...
Како успеваш со сите овие симптоми на пишуваш уште во темата ? И зошто да не те однесат сега твоите, нема логика муабетот , затоа и постојат тие дежурни лекари, за вакви итни случаи како твојот, ако е реален, се разбира.