Значи јас цела година погрешно го пијам, а не ни прашав дали смеам кафе одма, ни па истражив или па упатсво да погледнам. Бруки. Да не прочитав овде, немаше ни да знам. Си претпоставив оти е ок, пошто на контролите после си беше ок резулатотот. Фала ви женски што отворивте дискусија. И јас од утре ќе станувам порано да го пијам, па после ќе си продолжувам да спијам уште еден саат, па ќе станам за кафе. Мислите така поарно ќе да е? Оти сум од оние што без кафе испиено, не можат да функционираат.
Колкава ти е дозата, може не ти одговара. Јас не сум имала таков ефект од еутироксот. Консултирај се со докторот
Најважно е дека резултатот ти е ОК. Најдобро е да причека 30-тина минути, но не е страшно ако се направи повремена грешка. Зарем растворањето на апчето и неговата апсорпција трае точно половина час? Не верувам дека точно може да се одреди тоа, зависи од условите во желудникот. Докторите така препорачуваат, за да биде сигурно дека хормонот се апсорбирал целосно и циркулира во телото со целата внесена доза. Некои дури велат и 1 час да не се јаде. Секое тело е индивидуално.
Почетна доза од 25 мг, сега скоро почнав да примам терапија. Баш ќе прашам на следна контрола. Тенкс ❤
и јас сум тазе дијагностицирана, исто примам терапија 25 мг. Првиот месец сите симптоми ми исчезнаа (најизразени ми беа невиден умор што ме врзуваше за кревет, brain fog (не знам како да го кажам на нашки) ама овие два до степен да не можам да се освестам со денови, и паѓање на косата. Вториот месец полека почнаа да ми се враќаат, со тоа што на пример уморот ќе ме разбудеше еден ден и следниот веќе ко ништо да не било. Значи така, во текот на месецот 4-5 пати ги имав симптомите ама на најјако. Бев на контрола после 2 месеци и ми рече веројатно треба да се зголеми дозата, ама резултатите беа одлични, се си дошло во граница и докторкава ми вика тегобите не ти се од тироидната. Како бе жено не ми се.... И така сега си останав на 25 мг. па ќе видиме за неколку месеци пак.
Здраво. Сега само што бев на ехо на тироидна . Докторката на нодусот лево ми најде изоехоген од 0.85 ЦМ. Ми рече дека не било ништо страшно , на левата страна ми се насобрале повеќе клетки на ткивото . (Малце полничка сум) . Дали имал некој со ова искуство? Ми пишала- Уреден паренхим и димензии на тироидна жлезда (со мал изоехоген нодус лево) Таа вика ова е природно , нормално ткиво ама искрено ме замисли. Ве молам кажете искуства и мислење. Ви благодарам.
Веќе една година сум на еутирокс поради инвитро. Тсх ми беше 3.6 а препорачуваа да се спушти најмалку до 2.5 или најдобро под 2.. Прво пиев од 25, после комбинирано со 50. Сега повторно резултатите од тсх ми се еднаш 2.5 еднаш 3.3 испитани во еден саат разлика. Докторката ми рече дека е нормално да има таква варијација. Направивме ехо и се виде мал нодус на десната страна.. Таа ме смируваше дека не е ништо страшно, мало било може ќе го снемало да следиме. Читав по темава искуства и не знам што е правилно, дали да чекам до следен преглед како ќе биде или да одам на второ мислење..
Мене ми откриа на левиот нодус 0.085 цм .. и таа и матичната ме убедуваа дека не е страшно , 80 % од луѓето му се појавувало , може и да го снемало а и такво да си остани цел живот .. и јас сум исплашена
Мојот е поголем, 1.6 На претходното ехо пред една година немаше ништо. Ако некој знае од што би можело да се појавуваат, и на што треба да се внимава би било добро да сподели. Докторка ја прашав, ама како да го прескокна одговорот, само ми повтори дека може ќе го снема..
Нормални се варијации на тсх, хормонот варира во текот на денот во зависност од активностите на кои е подложено телото. Затоа велат дека тсх не е некој релевантен хормон за дефинирање функција на штитна жлезда, или барем не би требало да е единствен што се следи. Зошто се појавуваат нодуси и мене ми е мистерија, не сум седнала да си го сработам домашното и да истражам. Добро потсетување за мене- да си го сработам ова за домашно. Ако најдам разумно и издржано објаснување ќе споделам.
Да, и докторката рече дека биле нормални варијациите, само спомна дека кај мене не би требало да има толку разлика бидејќи испитувањата беа на нешто помалку од саат разлика, со мирување помеѓу нив.. Ама тоа го препишавме на некоја вознемиреност, можеби од самата ситуација. Кога ќе напишеш домашно дај да препишам, оти уште за ова ако земам сама да барам неколку пати ќе се умрам од сите дијагнози што ќе ги сретнам.
A eutiroks piese li pred da ti zemat krv za tiroidata mene mi imaat kazano oti eutiroks ne se pie pred da. se zeme krv za tiroidata
Овој пат конкретно немав пиено, и резултатите се горе/доле исти како кога имав. Изгледа како да не ми менува дали имам пиено или немам..
Еутирокс се пие наутро на гладно ( буквално ми се до кревет, со шише вода, пред да станам прво апчето па се остало). 1 саат никако јадење и кафе пиење. доколку пиете железо мора да има размак 4 часа од еутироксот до суплементот. Ова не важи за Ц витамин. Еутироксот не е играчка, убаво распрашајте се како што се пие.
Вчера баш истражував за ова и една студија вика дека ако се зема пред спиење има подобра апсорпција, и подобри резултати без несакани појави: https://www.thyroid.org/patient-thyroid-information/ct-for-patients/vol-4-issue-5/vol-4-issue-5-p-7/ Сепак, услов е 4 саати да не се внесува ништо јадење/пиење (особено НЕ храна богата со калциум и железо) пред да се испие лекот пред спиење. https://www.endocrineweb.com/conditions/hypothyroidism/morning-still-best-time-take-levothyroxine Јас бидејќи на сабајле (еден саат после Еутирокс) пијам кафе со млеко, јадам доручек што најверојатно ќе содржи нешто млечно и на крај пијам магнезиум+калциум, изгледа цела година џабе го пијам Еутирокс, бидејќи се препорачува 4 саати Најдобро ќе биде да се пробам со вечернава варијанта, па ќе кажам искуство.
Мене др. Синиша на Патофиза ми кажа дека ми се формирал од акутен стрес ( почина татко ми ) но и генетска предиспозиција кон стварање на нодуси (тетка ми по татко е оперирана, братучед ми, нејзин син има исто нодус). Макар што јас мислам дека ми е од стрес. Тироидната најмногу реагирала на стрес, и ми кажа да избегнувам стресни ситуации, ако можам де