Добар и убав ден на сите. Ќе сака ли некој да ги разгледа резултативе и да ми ги протолкува? Ве молам,бидејќи интернистот ми вика супер се а мене ми изгледаат како да се на долна граница. Ви благодарам.
Имам хашимото хипотироидеа ми го дијагностицираа пред две недели ТСХ ми беше 10.5 антитела 509. Почнав со терапија еутирокс 50 а потоа прочитав се почнува со 25 најмала доза па сега сум во дилема дали може и со 50мг. да се почне?
Девојки имам хипертиреодизам пред месец дена испитав ми беше 3.75 тука некаде , имам вртоглавици премногу ослабив веќе не си личам на себе (нешто некоја доколку можи за здебелување да ми кажи) а пијам терапија 5дена еутирокс од 50 а два од 25... вие со хипертиреодизам како сте кои симптоми ги имате?
Ова 3,75 претпоставувам дека е резултат од ТСХ. Тоа е тиреостимулирачки хормон, кој што се лачи од хипофиза (дел од мозокот) и ја стимулира тироидната жлезда да лачи тироидни хормони (Т3 и Т4). Ако самата тироидна жлезда има намалена функција, автоматски предизвикува повеќе да се лачи ТСХ за да се стимулира тироидната да лачи повеќе хормони. Тоа е ХИПОтиреоидизам. Хипер е ако тироидните хормони се високи (Т3 и Т4), а ТСХ низок. Еутирокс е супституциона терапија, која ги заменува тироидните хормони. На тој начин доаѓа до намалување на ТСХ. Еутирокс се дава кај хипотиреоидизам.
Многу ослабена личи на хипер, тие со хипо се дебелеат. А што ти беше 3,75,, какви резултати точно имаше?
Да да јас имам испомешано некои работи се извинувам и ви благодарам❤️ еве ги овие се последните резултати
Знае некој што е тоа ПРЛ? На вториот резултат ТФ4 е во норма ама тој првиот е повисок од нормата. Кој резултат е постар или пред да почнеш терапија? ТСХ и на двата резултати е во норма, освен ако не планираш бременост, тогаш од некоја причина морало да биде 2.
Пролактин е прл. Да планирам бременост затоа почнав со терапија . Прв резултат ми беше тој каде што прл е 37.7 а вториот резултат е по една недела направен каде што е прл 62.86.
Па изгледа не работи терапијата. Скоро дупло повисок ти е пролактинот. И за Пролактин мислам бромергон се дава, не знам зошто те клукаат со тироидни хормони. Да одиш на ендокринолог, Пролактин и тсх се од хипофизата не од тироидата лачени.
Најверојатно поради левотироксинот, сега резултатите се добри, друго пролактин најчесто се лачи од секретирачки тумори на хипофиза кој се викаат пролактиноми, ( не се плаши pikabu) доколку го читаш ова можеби и не станува збор за тоа, али со терапија многу успешно се лекуваат. Други симпотми поради високиот пролактин кој ги чуствуваш ? дали имаш аменореја и галактореја?
Јас веќе еутирокс и бромергон ги пијам веќе 4 5месеци .. па имам доста симптоми тие што ги набројав исто и многу поспаност чуствувам немам енергија ама баш за ништо дали од апчињава дали од што ослабнав премногу незнам од 53 килограми дојдов на 39 КАТАСТОФА сум ...опаѓање исто на косата имам доста...