бев на лекар прееска и ми дадоа инекции за да спадне отокот и ми кажаа од понеделник да идам на паофиза тоа беше цел муабет со докторката ... Е затоа не ми се ни идеше на лекар за џабе буквално
Бев на крвна анализа за тироидна жлезда и резлутатите беа во ред. епа тогашзошто ми се тресат рацете и ми се потат???????
Освен потење и тресење на рацете некој друг симптом немаш? Можда ти е само некој стрес или нервоза.. Би требало матичниот да знае кај да те упати.
Refused извини сега ти го прочитав мислењето со симптомите...сепак побарај си од докторот понатамошни анализи,да види што е... Или па ти си знаеш,дали си во последно време изложена на поголем стрес...
Па можам да кажам дека континуирано сум под стрес ама сепак сакав сама да проверам, не сум барала упат од матичниот, бидејки мајка ми имаше хипертиорида и сакав да се проверам, да спречам, но резлутаите се во ред. Сепак ке одам кај матичниот за упат на ехо. А кој е поточен ехото или крванта анализа?
Јас мислам дека е крвната слика најдобра и најбрза.. Дај Боже да ти е само ради стрес.. Сепак оди барај совет од доктор.. Поздрав и пиши што си направила
Мили,прашање до вас..значи имам пресилна тахикардија,ме боли цела лева рака заедно со рамото ме боцка позади кај плешката.имам немир ненормален у мене ко да ме стиска нешто во гради,нервоза голема ко да имам не можам да спијам и не можам да дишам и тоа се се дешава подолго време,ехо на срце правев се е во ред освен аритмија..ми рекоа дека да си ја проверам тироидната жлезда..е сеа да ве прашам дали тие болки се симптом на заболување на тироидата??
Ај ве молам ако може некој да ми каже каде точно се наоѓа Атик Кор кај грчка амбасада( но не знам ни тоа каде е) хитно е, мајка ми треба утре да оди
Може да е тироидата,а може и да е анксиозност (што е и поверојатно.тироида не фаќа само срце,удира многу и на физички симптоми,како кршлива коса и нокти,сува кожа,гојазност,поспаност итн итн).
Здраво девојки, Веќе пола година си пијам еутирокс, сега хормоните ми се во ред, но антителата ми се покачени. Нормално е до 60, а мене ми се 1000. Дијагноза ми е Hasimoto Thiroiditis. Ме фаќа паника дека нема да ми се врати нормална функција на тироидната. Имате ли некој совет за исхрана, знае ли некој малку повеќе да ми објасни малку повеќе за овие антитела. (а-тпо а-тг) Инаку само ТСХ ми бесе покачена на 6,99, Т3 и Т4 ми беа нормални. После 6 месеци успеав и ТСХ да ја нормализирам до 2,7. Однапред благодарам
И јас имам дијагноза Hasimoto Thiroiditis и пијам веќе 5 години и повеќе Еутирокс 25. Ова заболување т.е.оваа дијагноза е автоимуно заболување. Антитела се создаваат кога во организмот има некое воспаление. Нашата дијагноза значи дека антителата на тиродната жлезда не ја препознаваат самата жлезда, и го напаѓаат и уништуваат сопственото ткиво. Значи во превод, организмот сам себе се напаѓа. Тоа е автоимуно заболување. Затоа и ти се толку покачени антителата, исто ми се и на мене, но со терапија постопено се намалуваат, и жлездата се опоравува. Мене на почетокот жлездата ми беше како сунѓер, целата со дупчиња од што ја нагризувале антителата, но после некоја година пак ми се врати во состојба како пред да се разболам, и сега површината на жлездата ми е рамна и мазна. Сакам да ти кажам да не се плашиш, да си ги пиеш редовно апчињата, и се ќе се среди. Инаку ќе мораш да го намалиш стресот, затоа што тој најмногу влијае на состојбата. Ќе си јадеш овошје и зеленчук, ќе внесуваш повеќе витамини, млечни производи. Избегнувај цигари, алкохол, и помалку житни производи, бидејќи глутенот кој што го содржат неповолно влијае на жлездата. Поздрав, се надевам ти помогнав
јас кога ја открив хипертиреозата најпрво бев да проверам што е со срцето,зосто имам тахикардии и аритмии,матицниот ми даде упат за на патофиза и тогаш дознав дека причината била тироидната.значи провери хормоните и така ке знаеш,ако имаш нешто барем со време да почнеш да го лечиш.
од ова факултетов немам време да ви пишам ... Како и да е бев на патофиза влегов со врски и готово јас испаничена метастази имам незнам што, собрав докторките и ми направија ехо 3 докторки ме гледаа за секој случај да не се пропушти нешто и на крај испадна дека плунковите жлезди ми биле потечени, од причина што во вратот немам ниедна жлезда нема ништо и коа сум била настината тоа бактерии немало кај да се соберат и се воспалиле плунковите жлезди ... И добро сеа ми спадна отокот инаку како Англиски булдог бев во лице. Среќа не е тоа што мислев
Јас имам едно прашање. Денес бев на испитување на тироидната жлезда. Лани кога правев испитувања на хормоните на 3 ден од циклус, Т4 беше малку над горната граница (не сум сигурна за точните вредности, не ми се тука резултатите, ова по сеќавање), па од пред 6 месеци имав закажано за денес. Ме прегледаа на ехо, и докторката ми кажа дека жлездата ми била малку помала од нормалата (во димензии), но структурата на жлездата била во ред. Ми земаа и крв, тие резултати најверојатно од понеделник ќе ги добијам. Исто така кажа да го проверам пролактинот. Следната недела треба да закажам на гинеколог за редовна контрола, па планирам да и кажам на матичната да ми даде упат да ги испитам сите хормони. Инаку, ја читав темава, видов што симптоми имаат оние кои имаат проблем со тироидната, јас немам ништо од тоа, освен главоболки, кои обично се како резултат на замор, воспалени синуси, стрес, и што уште не..... Искрено, почнува да ме паничи ова дека ми е помала жлездата....Имал некој вакво нешто?
нема зашто да се паничиш, Ќе видиш кога ќе ги земеш резултатите ако има потреба ќе пиеш таблетки ако не нема мислам не е ништо страшно, ќе видиш за кога ти е закажана контрола ако има потреба. А тоа што жлездата ти била помала не значи ништо, не се нервирај
Мама си го има овој проблем,баш пред некој ден ги зема резултатите и добри се.И закажале за на 1 Јануари 2013 и да не пие апчиња.Може ли целосно да се оздраве од тироидната жлезда?