И се јавив , не издржав. Ќе идам у вторник да ме види и на ехо. Ми рече у понеделник можам уште еднаш да проверам тсх и со оние резз што ќе ми бидат готови у сабота ( т3 и антителата) ќе одредиме терапија . Јас кај Синиша као ќе идев , на патофиза. Ама никако не можев да го добијам , па одлучив кај Билјана да продолжам. Подостапна ми е некако. Ми се допаѓа пристапот, бев кај неа кога ми го открија карциномот. Фала ти, Ми олесна малку
Нормално е прво пониска терапија да дадат, постепено ќе се смали. Еве го најдов мојот резултат од 2002. 48,48 ми бил. Многу е спремна таа докторка,јас Синиша не го бендисав баш.
Пред да почнеш со терапија провери? Сигурно ти било уште повисоко, и треба време за да се среди. И кај мајка ми беше слична ситуација, цел месец и плус без терапија откако ја извади, па тсх огромно (не се сеќавам точно колку), и требаше време да се погоди дозата и да се среди. Сега веројатно ќе ти ја покачат терапијата. Ама не се плаши, едноставно си треба време. Едит: го најдов резултатот пред да почне со терапија. ТСХ 100, ФТ4 9.22. Веројатно и кај тебе било мн. високо, не може веднаш да се намали.
Пред терапија ( пред околу 2 ипол месеци) ТСХ ми бил 105. Фт4 не сум имала испитано. Пак се слушнав со др Билјана. Ми рече да почнам со 125 мг еутирокс од утре сабајле и во вторник да се видиме. Гинекологот ( Поповиќ) ми рече и со Чедо да се видиме, ваљда ради пролактинот. И друго нешто сакам да споделам. Последниве 10тина години нон стоп сум со висока седиментација и леукоцити стално над 30мил. Два пати годишно одам на хематологија и таму ми контролираат некои параметри. Ми велеа наследно ми било као и имало луѓе што "без причина" си живеат со високи леукоцити. Од коа ја извадив тироидава леукоцитоте стандард ми се 8-9 мил. А седимен ми е мирна, како по книга. Зарем од карциномот е било и тоа нешто. Маж се нервира дури како порано не му текнало дека може да имам проблем со тироидата. Ајде, готово е веќе. Се недевам и ова ќе се среди со правилна терапија. Веќе почнав да размислувам и за бременост по НГ
Кај мене пред 4 месеци, ТСХ ми беше 8, Ф4 на граница горна, ми дадоа витаминска терапија со селен и на контрола да се јавам, после 3м направив контрола и ми се намалило ТСХ на 5,9, другото уште на граница и ми рече да пијам витаминска терапија уште, па ќе видиме пак за некој месец. Моментално се дебелеам како луда, многу внимавам на храна, не вежбам дома сум, ама внимавам на хранат и пак сум многу поправена, како балон сум. Се нервирам, ме прашуваат дали сум бремена. Посебно стомакот ми се издувува многу, од секаква храна, како да сум 5ти месец. Не знам веќе што да правам искрено, се осеќам тажно, безволно, ниту желба за средување, ниту за секс, ниту за ништо. Не можам да се натерам дома да вежбам...зимата бев 56 кг, што ми идеална тежина, сега сум 66 скоро, очајна сум. Не знам дали е од тероиднава, дали од витамините, дали од исхрана...стварно не знам што да правам веќе.
Smeni go endokrinologot baraj terapij a da ti dadat eutiroks tsh za zabremenuvanje se preporacuva da bide ispod 2,5
Не сум доктор по медицина, но ова ми личи на тироидната. ТСХ 5,9 е високо и си бара терапија. Оди и на второ мислење.
Не сакаше одма да ми даде терапија бидејќи другите хормони ми биле у нормала, ама ќе инсистирам да ми испитаат антитела(или што и да се испитува). Препорачајте ми приватен во Ск, каде можам да закажам и да завршам во еден ден, кај нас во градот нема саглам.
Тиреодијагностика. http://www.tireodijagnostika.com.mk/ И боцкање и ехо и разговор со докторката со едно одење. Можеш и Систина и Ремедика.
Асистентот е мн ретко на клиника воопшто. Сега е пратеник. Инаку мислам дека е најдобар од цел оддел нуклеарна на клиника.
@LadyR Не го спорам тоа. Одев јас кај него, два три пати до сега. Тој ме водеше и ми даваше терапија после операцијата. И за радиоактивен јод да примам и пет скен ми правеше.. Никаков проблем немав ни со закажување за контрола. Ама од кога стана пратеник за жива глава не можам да го добијам на тел. Затоа го сменив. Едит: Малце глупо прашање. Пијам 125 еутирокс. Може две таблети истовремено нели ( 0д 75 и од 50 )?[/QUOTE]
Да, не е зголемена само има нехомогена структура, ама уште си осеќам кнедла таму, првично ради тоа отидов оти осеќав гушење и како кнедла да имав таму цело време. Ништо ќе закажам тука во оваа амбуланта, да сум на чисто и да сум спремна кога ќе планираме бебе да не трчам тогаш.
Докторкава кога ја прашувам дали треба да внимавам на исхраната или да земам некои суплементи ми вика ништо, само пиј си го апчето... како бе така хахаха
@Bubce38 ме замисли сега и јас сум со висок седимент. Знам дека е од тироидната. Со години сум со висок седимент а се друго мирно, и кога отидов как Јосифовска ми вика, зашто матичната со оваа седиментација не те упати на ендокринолог порано?? Така да.. има поврзаност.
И мене исто ми има кажано, и оваа докторка и друга од патофиза. Единствено ендокринолог ми има дадено насоки за суплементи.
Мене постојано ми беше дупла , некад и тродупла покачена. Мм препишуваше на ХОББ-от, пкус и со забите нон стоп имав некои проблемчиња. Од кога се оперирав пупу све живо е мирно. Да не се заречам али еве, 4ри месеци неам закашлано, крвна слика идеална. Кортико неам примано од јуни месец. А порано на 3 месеци ме фаќаше. Еве ги и другите резз. Тироглобулинот требал да биде на нула. @LivingGlam нели добро е ова , или?
Антителата ти се супер, тироглобулин не го разбирам. Не се сеќавам да и' проверуваа на мајка ми. Некој друг ќе каже.
Уште вчера Билјана ми рече дека тироглобулинот требал да падне на 0. Иако ми рече дека кај некои пациенти подоцна паѓа. Ама еве, мојот скоро па 0 е . И да треба да е 0.0 мислам лесно ќе дојдеме и до тоа. Ова се претпоставки на мм. Ваљда у право е
1209, да си испиташ антитела, да видиш да не имаш Хашимото. Имаш висок ТСХ, тоа е хипотиреоза (намалена функција на тироидната), а таа многу често знае да биде поврзана со ова автоимуно заболување и со прекумерна тежина.