@Viiiiip ми звучи на овулација. Само еден ден трае? Ако е еден ден, до максимум два би рекла дека е овулација,штом гинеколошки се е во ред. Се чувствувам како да ми смета еутироксов. Не знам дали постои такво чувство ама така ми е, не знам, како да не е нешто во ред. Ми иде да земам да ги фрлам Контрола имам месецов, ќе испитам да видам што се случува
Некако не ми личи на овулација. Бидејќи да како светло црвено почнува неколку часа, но потоа следниот ден е кафено, па кремаво.. и така менува бои едно 3-4 дена. И еве сега ми е нормално. Ќе го прашам ендокринологот сепак следнава недела кога ке одам на контрола
Да ми препорачате нешто за хашимото со хипотироидизам како суплемент, покрај основна терапија Еутирокс од 50?
Селен, б12, цинк, д3, магнезиум. Сумплементи со добар состав. И безглутенска исхрана. Секако прво консултација со ендокринолог.
Е, тоа со глутенот... Мислам дека имам потреба од нешто такво. Арно ама, исто мислам и дека многу тешко ќе можам да се хранам така. А овие како посебно да ги земам, веројатно, витамините? За Д знам дека е подобро да испитам колку имам , па да ми одредат колку да земам. Другиве може секој ден, селен, цинк и магнезиум.
Мене глутенот ме гушеше буквално. Од коа сменив исхрана покрај антителата, и хормоните ми се во нормала. Пробај. И кефир дополнително. Заборавив да пишам. Најдобро домашен, со габа да си правиш. Иако доста ендокринолози ме убедуваа дека нема шанси вака да се намалат антитела. И те како можат. Може цел витамински статус да си провериш, покрај д3. Па, со ендокринолог ќе направите комбинација за витамини.
Ох,ох,ох... Значи и гушење/стегање може од глутеееееен... Ме просветли, две недели имам некои такви стегања во грло.
Здраво феминки,дали ќе може некој да ми ги прочита овие резултати? Инаку имам и потешкотии со дишењето,(short breath),умор, скоро секогаш забрзан пулс,понекогаш,несоници,а и циклусот знае да ми биде неправилен понекогаш(некогаш ќе ми подрани,некогаш ќе ми дојде на време)...Дали треба и некои други хормони да проверам или нема потреба? Инаку резултатов е од почеток на годинава..февруар-март негде..ако тоа има врска или значи нешто
Резултатите ти се сега невалидни, поминато е доста време и треба да ги повториш штом чувствуваш потешкотии. Зошто ти правеше во март? Дали тогаш исто чувствуваше потешкотии?
Да, и тогаш чувствував тегоби,како да ме стега нешто околу вратот, и пулсот,онака ко и сега... Но почна короната и се закомлицира се..и заради тоа толку време помина..а вака ок се? Или има мали отстапувања? Сега ако ги повторам ќе се разликуваат? Дали по симптомите кои ги набројав ќе знае доктор да ме упати што понатаму да правам?
Ок изгледаат. fT4 може треба да е малку повисоко, но сепак е во границите. Доктор најдобро да ги види, и овие и нови да си направиш.
Феминки, ги имам симптомите на ЗГОЛЕМЕНА ФУНКЦИЈА НА ЖЛЕЗДАТА (ХИПЕРТИРОИДИЗАМ) плус фризеркава примети дека ми е ослабено и влакното од косава, дали тоа претставува симптом? Ке ја испитам приватно во Дарон околу 1500 ден
Си зборевме предходно у порака за ова ама ете и сега се јавувам, мене исто како да ми сметаат, ете месец дена ги пијам ништо се нема сменето, дури некако и полошо како да се осеќам од предходно. Ама јас мислам дека глутенот е проблем, на почетокот когс ми кажаа за состоојбата почнав да внимавам и се осеќав подобро, последните две недели не внимавам, така ми се погоди пред да дојдам тука, а сега па овде дека неам кујна функционална и не можам сама да си спремам јадење не внимавам воопшто, јадам леб, јадам глутен, јадам и други работи, деновиве осеќам појачани симтоми, издуваност, гушење, главоболка како мозокот да ме жеже, постојан умор, несоница...имам контрола кога ќе си дојдам па ќе видиме. Планирам да си почнам исхрана со план, само така ќе можам да контролирам што и како јадам без имплисивно да готвам или јадам што ми дојде при рака. Ама у глобала не се осеќам убаво.
@1209 јас пројдов контрола, во ред ми е, малце пак зголемивме доза ама во нормала ми е тсх. И со тежината сум некако во константа откако почнав со еутироксот, не можам да се пожалам. Само си имам јас паники со анксиозноста и понекогаш така си се гушам сама од себе од мисли, па си наоѓам дијагнози, може неповрзано со хормоните. Нефункционална Кажете ми, малце што ми е зголемена тироидната, не треба да ме паничи нешто дополнително нели? Мислам, така ми рече др, ама ете стручно жири од фемина искуства
Ме утепуваат симптомите луѓе... Веќе не сум ни сигурна дали ми се од тироидната. Може ли тие што имате замор или некои когнитивни симптоми да ми кажете што точно ви се случува?
Замор, треперење во рацете (дланките), треперење во долен дел на нозете, главата како да ме притиска, вратот, телото смрзнато, без сила сум. Магнезиум малку помага и жежок туш, ама пак е тешко. И лани овој период имав исти симптоми, еве оваа година повторно. Дали можеби промените во температурата влијаат.....се обидувам да дознаам. Веројатно и храната има влијание, со безглутенска храна ми е подобро, но ич не сакам ограничувања..... Кај тебе кои се симпромите?