Сега ги немам проверено предходниот пат правев испитувања пред три месеци ми беа во ред освен тсх кое ми беше покачено и антителата на тироидната останатите хормони ми беа во ред. Дополнително земам селен и Д3, а немам пробано до сега да го избегнувам храна со глутен интернистот не ми напомена дополнително на исхраната да внимавам
Идеална вредност на тсх е околу 2, можеби помала доза на еутирокс ти треба. И т3, т4 да се проверуваат, какво е тоа третирање без проверка на хормоните кои треба да се регулираат.
Како да не ти одговара баш дозата, премн ти се симнал тсх за три месеци, ти ја намалија ли барем сега дозата? @Biljarkata и мене докторката не ми бара т3 и т4 на контрола, само тсх. На своја рака си испитав само еднаш годинава. Почнувам да мислам дека проблемитесо грбот, коскиве, ми се последица на хашимотово и пак осеќам дека нешто не ми е во ред, се подув, а не сум баш нешто здебелена, се ставив на режим
Војна водам со доктори. Виш ми лак, утре на контрола. Ќе видиме дали многу или малку ќе се карам. Со глутенот како си? Со антитела тироидни како си?
За антителата ми рече што да ги гледаш вредностите, само да се нервираш. Како, некогаш ќе се симнуваат, некогаш ќе се качуваат... И за бразилските ореви, ми рече подобро суплементи да користам, зошто не се знае точно во тие два, три ореви колку селен има, а битно било дозата селен да е 150секој ден. Ја па сега од 200земав, ми се смачи да комбинирам две три од 50,100... Глутенот лани го откажав, па пак го почнав и еве тек сега почнав да го откажувам пак. Овој пат се надевам засекогаш Ајде со среќа утре
Ве молам за помош. 12 месеци сум на терпија со Еутирокс 25, бидејќи планирам бременост а ТСХ беше 3.2 докторката ми рече да зголемам доза односно 3 дена во седмицата да пијам Еуторикс 25 а 4 дена Еутирокс 50. И ми рече на контрола за 1 месец. Отидов на таа контрола и ТСХ наместо да паднеше од 3.2 се качил на 8! Што е работава ве молам за мислења
Хашимотов хипотироидизам имам јас. Антителата ми се високи мене, од тоа ми се покачува хормонот. Лани кога паузирав од глутенот се чувствував многу полесно, како да не бев толку отечена. Работата е што кога го оставив глутенот, јас тогаш всушност и почнав со еутирокс, и од сегашна гледна точка не знам што допринесе за добро да се чувствувам. Еве пак се ставив на режим, овој пат за озбилно. Влечам здравствени проблеми подолго време, и се сомневам на глутенот, па да видам што ќе се случи кога ќе ми се исчисти малце организмот од него Не знам што е проблемот кај тебе, хипотироидизам имаш? Ехото како ти е? Суплементи нешто примаш? Јод да не земаш?
На исто место ти беше правена анализата на крвта? Едит: Јас со антителата повеќе не се замарам. Дали ми биле 1000 или 875 ,сеедно. Еутирокс ќе си пијам и тоа е,за овие 18 год.знам дека над 3.5 тсх не ми е добро. 1-2 е најдобро. Инаку на еднокринолигија и на патофиза Т3 го проверуваат. Порано не беше така.
не е утврдена Хашимото рано било да се констатира, но според антителата изгледа ќе е Хашимото. Јод не земам не знам дали треба.... земам, магнезиум, цинк, селен, вит ц, б6, фолна, ашваганда, мака
во ист ден со разлика од 15 мин правев анализа за ТСХ, на едно место покажа 7.9, на друго 6.6 ама секако е покачен бидејќи пред да ми се зголеми дозата од еутирокс 25 на 50-ка, тсх ми беше 3.2
Зошто земаш мака? Која и е функцијата во врска со тироидната? Ашваганда нели содржи јод? Колку Q10 земаш?
Многу имаш измешано, не можам да проценам кое од ова има јод. Фолна каква, што? Кога ќе се зголеми внес на јод, тсх скока за да го испроцесира вишокот на јод... Плус, за маката мислам имаше нешто, дека луѓе со тироидни проблеми треба да ја одбегнуваат Ништо претерано не е добро. Јас би исклучила се, освен селен, мг, Б6 и цинк. Плус еутироксот. Пробај така 1-2 месеци па види
Да прашам- пред да ми земат крв - се напив апче (терапија, Еутирокс). Резултатот ми беше супер. Грешка направив ли што испив апче? И, дали е можно да чувствувам притисок во брадата и горе кај шо завршува вратот, некако ми е затегнато и имам нагон да правам тикови - да тегнам,.
Не ми е јасно зошто пченката се смета дека е безглутенска храна, а сегде пишува дека за Хашимото е лоша, притоа напоменувајќи дека за Хашимото е потреба безглутенка исхрана. Не разбирам, ве молам за мислења. Ако е така, какви тестенини/леб можеме да јадеме ако имаме Хашимото?
Ова дали таблетата се зема пред или после крв ми е вечна дилема, мислењата секогаш поделени..а ова што осеќаш затегнато и како притисок од тироидната е.