Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Па ништо страшно, мене обично ми е така кога сум напната, под стрес, неколку дена и поминува.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Фолна обична не метилирана, ја пијам бидејќи планирам бременост.
    Маката е добра и за имуниот систем а и за ендокринолошкиот.
    А зошто би исклучила витамин Ц? Мислиш дека е можно да е подобро без него?
    Ашвагандата исто така прочитав дека е добра за тироидната.
    Генерално се сложувам дека пијам премногу суплементи и ми е преку гала бидејќи нема ефект.
    Оваа докторката ми рече да земам Келп капсули кои содржат многу јод..... ама се сомневам дека јодото е добар за Хашимото и не ги купив.
     
  3. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Мака земам бидејќи ми кажаа дека помагала за бременост и сегде пишува дека делува благопријатно за хашимото.
    Не знам дали ашвагандата содржи јод нигде не можев да најдам но сегде пишува дека помага за хипотиродизам и општо нормализирање на ендокриниот систем.
    Q10 земам 100мг на ден.
    А што мислиш за витаминд Д? прочитав дека имал клучна улога кај Хашимото
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Дотерај го ТСХ после планирај бременост.
    Ц не треба да исклучиш, сум го превидела, ама се ова екстра, ашваганди, маки, јодови- елиминирај. Па ќе видиш дали има ефект.
    Не може од ништо никаде да скокне тсх при терапија, има нешто погрешно во миксов.
    А хашимото имаш или само хипо, не разбрав, извини.
     
    На kravce и Norah Jones им се допаѓа ова.
  5. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    687
    Сте прочитале до сега за поврзаноста на Епштаин-Бар Вирусот и тироидните болести?

    Мононуклеозата е предизвикана од истиот вирус, тој спаѓа во групата на херпес вируси.

    Дали сте прележале некогаш мононуклеоза или сте имале симптоми на истата? Можеби сте ја прележале без да знаете?

    Кога ќе си направам ретроспектива, од мала ми се појавуваат херпеси на уста кога сум под стрес, а неретко качувам и висока температура проследена со болки.

    И сега како возразна се обидувам да избегнувам стрес за да не ме гуши тироиднава.

    https://thyroidpharmacist.com/articles/epstein-barr-virus-and-hashimotos/

    Ако е ова вистина, треба ли да се лечиме со антивирални лекарства?
     
  6. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Ми рекоа дека укажува на Хашимото според антителата ама било рано со сигурност да се утврди.
    Сега ми текна, се што променив од последниот пат е тоа што додадов коензим кју 10.... (И нормално, 4 дена што полнав да пијам еутирокс 50-ка). Сега читам дека хипертироидните имаат дефицит на овој коензим, а хипо го имааш вишок, па се прашувам зошто да се внесува уште толку ако е така? дефинитивно ќе елиминирам јодови, не ми е јасно зошто оваа префалена докторка ми рече да почнам да пијам Келп на база на јод....
     
  7. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Содржи ли коензим Q10 јод? нигде не можам да прочитам
     
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Така и си мислев, дека ги земаш за бременост, односно за подобрување на ј. клетки. Но, во случај на проблем со тироидната жлезда (хашимото и хипо) би ти предложила да бидеш внимателна со мака и ашваганда. За мака имам читано дека не се препорачува, а за ашваганда има поделени мислења. Не треба да се внесува и јод.
    Сите други суплементи се ок бидејќи се добри и за тироидна и за ј. клетки. Фолната замени ја со метилирана фолна, можеш да додадеш омега-3, Q10 можеш и повисока доза (200-400 мг, тој е антиоксидант), и секако да внесуваш и вит. Д. Многу е важен и за тироидната и за бременост. Препорачана дневна доза е 2000 iu и мислам дека нема да имаш штета, туку ќе ти користи. Секако, можеш да си направиш анализа и потоа ендокринолог да ти ја одреди дозата.
    Можеш да дополниш и со б-комплекс и Б12 (метилкобалт амин).

    На прашањето подолу..... Q10 е Q10 и нема јод. Исто како што вит. Ц е витамин Ц.
     
    Последна измена: 16 јануари 2021
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Сме прочитале. Повеќе автоимуни се претпоставува дека се тригерирани од вируси.
    Не треба да се лечиме со анти-виротици, пошто овие болести се евентуално последица на вирус во минатото, односно штета што ја предизвикал вирусот. Вирусот веќе го нема, не можеш со антивирални лекови да лечиш последица:?:
     
  10. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    687
    Како што прочитав, штом еднаш се заразиме, вирусот цел живот ни останува во телото. Се реактивира кога сме под стрес.
     
  11. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    докторката упорно ми вика да земам Јод ако планирам бременост без разлика на Хашимотото. Ама ми нема логика. Нели од јодот ќе се покачи ТСХ а со висок ТСХ нема шанси бременост
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Колку ти беа антителата?
    Има разлика помеѓу хипотироидизам и Хашимотото, за хипотироидизмот мислам и јод препишуваат, и маката и ашвагандата може да се пијат. За Хашимото се лоши. Маката е гоитроген, тие ја намалуваат работата на тироидната, која и така намалено работи. Еве просото на пример е безглутен, ама воопшто не се препорачува за тироидна.
    Не дека глутен не се препорачува за Хашимото, туку бидејќи е автоимуно, обично се претпоставува дека иде со уште едно автоимуно, најчесто поврзано со гастро системот. Ама не е случај кај сите. Глутенот го има во пченицата, јачменот и рж, па се што е направено од ова, ако има болест поврзана со глутенот, треба да се избегнува. Пченката, хељда, овес, ориз...тие немаат глутен.
    Да не земаш и нешто железо во блиску време со еутироксот. Оти тоа може да му ја намали функцијата.

    Лаички вака би рекла да маката и ашвагандата да ги оставиш и да видиш како ќе биде. А докторот што ти рече за ова дека ти се покачени сега?
     
    На 1209, Norah Jones, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Чудно звучи, не се разбирам во вируси.
     
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    И дека кога напаѓаат антителата свој орган (автоимуна), всушност го напаѓаат скриениот вирус во тој орган. Така читнав, колку е веродостојно не знам, имам уште за читање. Читав и за артичока, дека е одличен антиоксидант кој делува антивоспалително. Има ли по Мк такво чудо? Јадел ли некој?
     
    На faye и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Не можам да проценам дали си сериозна, ама ако рота може да тригерира целијакија, има смисла. Ама па како, глутенот ли го храни вирусот?:?: Одамна не сум читала, треба да загреан столче изгледа. Дајте четиво8-|
    Немаме тема општо за автоимуни?
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Еве колку ми биле антителата. Ако Хашимото се утврдува само преку хормонален статус и преку антитела зошта мојата докторка ми вика нема потреба да проверуваш антитела а од друга страна ми вика не можам да констатирам дали е Хашимото или само хипо.
    Сегде на интернет напиши корн за хашимото сегде пишува дека не смее да се консумира. И јас размислувам вака нели нема глутен зошто е забрането ако е тогаш какви тестенини и леб смееме?
    Железо не земам.
    Докторкава и денес упорна ми вика да земам Келп на база на јод иако може имам Хашимото бидејќи сум планирала бременост. Ама нели така само ќе се влоши ситуацијата. Ќе земам се ќе оставам
     

    Прикачени фајлови:

  17. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    687
    Веројатно поради тоа истиот вирус го поврзуваат и со други автоимуни болести како мултиплекс склероза, артритис и слично.
    Артичока сум пробала во странство, не сум сретнала тука. Во Италија е многу популарна. Баш ќе разгледам дали има негде.

    Еве и некои други растенија што би можеле да помогнат: ѓумбир, лимон, папаја, калинки, целер, магдонос, боровинки, малини, аспарагус, лук, куркума, кокосово масло, коријандер, грејпфрут, кељ, марула, роткви, кајсии, спанаќ...
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.574
    Допаѓања:
    43.066
    Пол:
    Женски
    Јас прележав мононуклеоза како млада, прва средно бев, никогаш не ми текнало да го поврзам со ова. Беше многу болно и мачно лекување за мене.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.574
    Допаѓања:
    43.066
    Пол:
    Женски
    Не ја слушај, мене од јод антителата ми отидоа увис, оти ми препишаа без да ми ги испитаат демек да не ми дадат терапија одма за хипо, ама ме заебаа скроз, полошо ни стануваше со секое земање на јод. Не знам која ти е докторка ама воопшто не личи како да знае што збори, како нема да провери антитела, се сомнева на Хашимото, а ти вика да пиеш јод, нема никаква логика и многу несериозно од нејзина страна, јас би ја променила. Пченка може да се јаде, не знам дека си прочитала на нет дека не е добра за Хашимото ама јас колку што успеам да најдам инфо не е штетна, плус фали уште тоа да не јадеме.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    па само напишав дали со Хашимото треба да се јаде пченка и сегде излезе дека е храна која треба да се избегнува. Докторката е Јасмина Зафировска,
    Она вика демек ако планираш бременост тогаш мораш јод без разлика што може имаш Хашимото....
     

    Прикачени фајлови: