Јас одев кај неа одреден период и иако ми ја имаше погодено дозата, сепак имав некои симптоми што не ми се смируваа и она ми викаше ова не ти е од тироидата (а симптомите апла тироидни). Не знам, верувам дека е стручна жената, ама па некако ми се потврди дека помладите ендокринолози повеќе ти се замараат, сакаат да откријат што ти е, зошто ти е... стариве си го имаат пројдено своето, сега бапни само еутироксче и таман си.
Така, и јас тоа приметив. Туку немам многу избор во мојот град нема ендокринолози а кога ќе дојде ред за Ск појма немам кој е најдобар па на него да одам. Последно слушнав за докторка во Систина (незнам име) ептен била стручна посебно за останување бремена со тироидна па така да може да ја пробам и нејзе да видам како ќе тераме.
“Јодин” на македонски е јод. Металите се определуваат во јонизирана форма. Од соединенијата на јод, калиум јодид е најчесто застапен и обично во однос на него (јодид) се прават определувањата во примероци. За конкретниов случај мислам дека се определува јодид.
Јас 10000 пати ти ја препорачувам др.Стефанка од Ремедика. Подобар доктор јас немам видено. Ислушува, прегледува резултати, советува, по пола час се задржувам кај неа и толку внимание ми посветува што и самата ме бодри и е позитивна дека ќе останам бремена. Детална е, сака сѐ што пречи за бременост да се испита. И мене ме стави на терапија и чекаме да дејствува. Пре задоволна сум од неа. Не губи време, хормоните се битни поготово за бременост, треба време да се средат.
Ti blagodaram mila, ke otidam kaj nejze najbrzo sto mozam. Fala ti za preporakata uste ednas dajboze da fakja pobrzo kaj site sto maka macime so ova
@Fontana Нема проблем мила и мене ми ја препорачаа и искрено само заради неа верувам дека ќе останам бремена Брзо се закажува тоа немај гајле, јас од денес за утре закажувам. Мачно е, поготово со хормониве, трчај само да проверуваш ама со соодветна терапија ќе се средат. Ако нешто те интересира пиши ми лп.
TSH 1.45 (0.55-4.78 ) FT4 1.06 (0.89-1.76) Вредностиве ми се нормални, а на ехо тироидната е "умерено зголемена" - цитирам од извештајот. Стварно не знам што може да е, а да не е поради хормоните. Од симптоми на хипер ги имам повеќето, едино преосетливост на студ од хипо. Докторов вика се е друго супер, а верапамил појаки од на баба ми ми препиша за срцебиењата. Ноќе скоро и да не спијам. Некој со вакво искуство, каде хормоните се во ред, ехото не е, а симптоми постојат?
Супер ти се хормониве вака. А за зголеменоста што ти кажа докторот? Причини? И јас имам така, умерено зголемена тироидна, ама мене и хормоните не ми беа во ред. Ако си во можност испитај и антитела, и побарај и второ мислење за тироиднава. Искрено, баш ме интересира зошто, и како може да се среди. И јас не добив некој посебен совет..
@Biljarkata @kravce ќе ги доиспитам и нив приватно, баш ме интересира. Пошто не ми е логично, ако нормално функционира, зошто е зголемена? А и по природа малку сум хипохондрик, плус и на цело ова "дежурање" периодов, мравка да е слон ќе ја сторам. Пошто будна мислам колку што треба и не треба. Ќе почнам перницава од мака да ја џвакам. Не знам и јас @kravce околу големината како може да се среди, д-р ми вика не е ништо страшно, сум немала јазли такви работи.
Јас имам таква ситуација, вредности во ред, зголемена без јазли.Ама и без симптоми. Има некоја врска со јодот, сеуште ја решавам мистеријата. Ако и антителата ти се во ред, ќе ми се придружиш во мистеријата
Извини не ти вратив, првиот пат беше ок ме советуваше се што треба, вториот 5 мин, и јас ќе ја менам.
Дефинитивно. Ај што е скапичка па и не те погледнува. Буквално во кола ме чека мм, за 3 мин завршувам како до дуќан по млеко да сум влегла.
@Cherry blossom89 ако не е проблем кажи ми колку е цената на преглед со тест за антитела и хормони? Јас мислев на државно да одам следно ама ако не е многу ќе одам таму.
Не знам драга, мене ми зема 2500 за ехо на тироидна консултации и терапија само ми одреди..за други испитувања засега јас немам потреба, така ми кажа докторката, така да затоа не ја знам и цената. Ако не, јави се информативно во Ремедика, ќе ти кажат. Девојки, да ве прашам..3 месеци веќе пијам Еутирокс 25мг. дури сега почнав да се чувствувам вознемирено, срцето забрзано ми лупа, од нив ми е? Вас ви се случува ова?
Може не ти одговара дозата, нека ти испита пак, не знам како без хормонски тест ти дала еуротирокс на база на ехо само нели е проблем тоа?
Ми ја даде оваа терапија зошто не можам да останам бремена година ипол и на база на претходни испитувања и со покачена тироидна над граница 4.70 ми беше а до 2 треба да е за бременост па затоа се одлучи за терапија. Нај мала доза е, до сега супер бев, овие 2 3 дена така почна да ми се случува