Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мене ми рече само со терапијата ќе се среди. Ама година дена терапија, пак со иста големина е. Сега зголемив на селенот, баталив бразилски ореви, се префрлив на суплемент само. И глутенот го исфрлив. И ќе видам еве, мислам и сама можам да напипам дека ми е малце поголемка. Смешното е што пред да се дијагностицирам, не толку блиска особа ме сретна, ме виде и од нигде никаде ми рече тироидна да проверам. Сега кога си го враќам филмов сфаќам колку воочливо било

    Има опција да се проверу јод во организам? Не сум запознаена.
    А девојки, за хашимото се одбегнува јод. Бетадин вагиналети дали се во ред?
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Се проверува јод преку урина, 24 часа собираш се што ќе помочаш. Има и други методи ама кај мене не ги работат.
    Ама, да повторам, тоа со јодот е цела наука. Засега имам стигнато до момент дека мора да се елиминира хлор и флуор, кои се халогени и како такви компетитивни со јодот, т,е. го истиснуваат. Значи паста без флуор и вода без хлор, И вода од пластика не.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mihaela2020

    mihaela2020 Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    здраво женски неодамна ми рекоа дека имам цисти на тироидна жлезда па ми рекоа да одам да ја проверам,некој совет плус?
     
  4. Stella.09

    Stella.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, денес земав крв за да испитам дали има тироидна, т.е како лачи истата па ако има некој што може да ги прочита резултатите сакам мислење дали е во ред? IMG_20210128_224317.jpg
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Во ред се.
     
  6. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажете дали во Скопје, Ендомед, се добри за испитување на тироидна?
     
  7. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    393
    Не можам веќе со симптомиве!
    Луѓе има денови кога буквално не можам да станам од кревет, не можам да одам до тоалет или да си наполнам чаша вода. Толку сум изгубена, дезориентирана, ништо не памтам, не можам да водам нормален муабет со други луге, се губам. Аман веќе;( Повеќето денови (откако сум на терапија) ми се супер, ама секогаш е 10-15 дена сум во ред, и после ете ти 2-3 дена кај што сум тотално нефункционална, не можам кафе да си направам од што сум врзана за кревет. Зошто??:(
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Глутен внесуваш? Хашимото имаш?
     
  9. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    393
    Да, имам Хашимото.
    Ме ставија на безглутенска исхрана месецов така да некои 20тина дена немам внесено глутен. Искрено не осеќам некоја којзнае каква промена. :(
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    А некој напредок со симнување антитела немаш?
    Внимавај на тоа што го купуваш како безглутенско, мк.производи не се баш за верување.
     
  11. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    393
    Имам напредок, на последните 2 контроли ми беа спуштени во граница. Всушност се беше во границите, ама тироксинот ми е секогаш на долна граница, а последно ТСХ ми беше 3.8 (знам дека не е покачено, но сум приметила дека кога ми е околу 2 се чувствувам најдобро).
    На контрола сум за 2 недели, ќе видиме како ќе е тогаш:|
    Фала за советот за глутенот, ни на крај на памет не ми беше дека е можно да прават превари нашиве. Баш ќе си ги проверам сите намирници.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.811
    Допаѓања:
    4.283
    Пол:
    Женски
    Примаш терапија? 3,8 е височко. Може затоа така се чувствуваш. Внесуваш суплементи? Магнезиум, Б6, Б-12.....Б-комплекс.....Имаш проверено железо и феритин?
     
  13. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    393
    Проблемот е што моето досегашно искуство со ендокринолозите е ужасно. Буквално само ТСХ гледаат, и со ништо друго не се замараат.
    Конечно претходниот месец најдов доктор што ме ислуша, ми објасни се детално, и ми кажа еден месец да сум на безглутенска исхрана и да проверам витамин Д и Б12. Ми кажа и дека 25мг. е бебешка доза и можда ќе треба да се накачи, ама прво да завршам со другиве работи, па за две недели на контрола и ќе видиме. Баш неделава треба да ги испитам и да направам општа крвна слика (вклучено железо). Ќе им кажам да ми испитаат и магнезиум и феритин. Фала на советот!
     
    На Biljarkata и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  14. cutepanda5

    cutepanda5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да испитам тироидна, па се двоумам помеѓу Е-медикал и ПЗУ Срце, кои би ми ги препорачале? :)
     
  15. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Здраво :) Прв пат доаѓам на темава, и се уште не сум многу запознаена со целава тематика. Многу сум збунета ради се што прочитав досега... Првично испитав пролактин, испадна дека е повеќе од дуплиран (над референтната вредност), па ми кажаа да проверам и TSH. TSH испадна 0,03 (референтните вредности се 0,4 - 4,0). После тоа следеше испитување на Т4 и Т3 (тие испаднаа во граници на нормала). Исто така испитав Anti TPO Ab чија референтна вредност е < 2 , а кај мене беше 56. Докторот (гинеколог) којшто го виде резултатов ми спомна дека Anti TPO Ab значело Хашимото (што искрено, во моментот ништо не ми значеше, затоа што немав појма што е). Исто така ми беше направено ехо, ми кажаа дека тироидната е во ред.
    Закажав преглед кај ендокринолог за 3 недели, меѓутоа би ми значело ваше мислење околу сево ова. Збунета сум заради тоа што прочитав дека Хашимото оди со хипотироидизам, а кај мене TSH асоцира на хипер, а од друга страна хормоните се во ред... Дали имате слично искуство?
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Не знам точно кое антитело што кажува, ама има и хипертироидизам со автоимуно заболување, само што тоа не е хашимото туку грејвс .
    https://www.medicinenet.com/graves_disease/article.htm
    Ова чисто да знаеш како се вика заболувањето.

    Можеби гинеколог тоа смее да не знае, ендокринолог не смее да не знае.Пиши што ти рекол ендокринологот, ко ќе одиш таму, ако сакаш. Пролактинот сам по себе не е страшен, релативно лесно се регулира во случај да планираш бременост.
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Фала ти, и јас баш го гледав ова. Многу информации ми дојдоа наеднаш, мислев на тоа дека моментално немам никакви симптоми од тие што се наведени за Graves, иако тоа најверојатно не е ни некој сигурен показател... Ќе пишам обавезно што ќе ми каже ендокринологот, ќе ја следам и темава почесто. Инаку, закажав во „Срце“ на ендокринолог (таму ми препорачаа). :)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Хипер е многу поретко од хипо, јас искуство немам ама чисто теоретски- не мора веднаш да имаш симптоми, не мора ни да значи дека некогаш ќе се појават. По дефиниција можеби влегуваш во категорија на субклинички хипертироидизам, ама можеби. Субклинички е инаку кога тсх не е во нормала, ама тироидните хормони се во нормала и може само да се следи без терапија. Е, треба да се најде начин да се симнат антителата, тие го прават проблемот, а дали се симнуваат со иста елиминациона диета како кај хашимото не би знаела.
    А кој ти правеше уствари ехо, кога не си била на ендокринолог?
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Ехото ми беше направено од страна на доктор по нуклеарна медицина. Тој не ми спомна воопшто за испитување антитела, тоа беше отпосле на иницијатива на гинекологот, затоа ме посоветува да одам на ендокринолог (може станува збор и за "префрлање" од еден на друг доктор заради нивни приватни причини, стварно не знам). Ама самото тоа што не ми беа спомнати антителата од другиот доктор, и ми кажа само да следиме во иднина како ќе биде, на некој начин ме тера да му верувам, ајде да речам со резерва...
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @Simplicity мислам дека не се нешто многу зголемени антителата за да биде Хашимото. За антителата терапија е вообичаено селен, цинк.. Најдобро ендокринологот ќе ти каже
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.