Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    2.311
    Пол:
    Женски
    Anti TPO може да бидат покачени и кај грејвс и кај хашимото. Кај хашимото се почесто покачени (90%), но и кај грејвс може да бидат покачени иако поретко. Вредноста на Тсх упатува на хипертиреоидизам, што по антителата веројатно е од автоимуна природа. Дали имаш некои други симптоми?
     
    На Simplicity му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Немам некои значителни симптоми, доста потам, периодов сум нервозна и анксиозна, брза промена на расположение - единствено тоа од симптоми (според што читав). Исто така во последно често чувствувам зашеметеност, вртење - особено во вечерните часови имам забележано (не знам дали ова воопшто е поврзано). Меѓутоа последниве месеци бев напната, така да може причината да е и тоа, не стриктно тироиднава... Не знам со сигурност.
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.573
    Допаѓања:
    43.055
    Пол:
    Женски
    А дали има некој што е задоволен од доктор на клиника? Сакам да одам државно на контрола за хормоните и антителата, искрено не ми се дава пак 100 евра или некаде дека е поефтино барем.
    Инаку кај мене нема никаква промена, буквално исто се осеќам како и пред терапија, ни исфрлање глутен ни апчињата сеуште не ми делуваат позитивно, уште сум поспана, млитава, без енергија, со анксиозност, паника, немирен сон, ужасни болку во коските...едино подуеноста ми се намали и немам веќе грутка кај грлото. Пијам и витамини ама се ми изгледа џабе, може е рано ама 4м скоро сум на терапија, повеќе промени до сега требаше да имам.

    Инаку многу јаки болки имам во коските, колковите, карлица, долгите бутни коски, не знам дали е од ова, некои ноќи не можам ни да спијам. Умот дури и на рак на коски ми оди или пак реума, не знам.
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.483
    Допаѓања:
    114.900
    Пол:
    Женски
    Ако имаш болки во коските мој совет ти е да провериш ниво на калциум и паратироидна жлезда. Таа го контролира лачењето на калциумот и неговото распоредување во телото. Другарка ми е оперирана од паратироидна жлезда, затоа знам што мака виде.
     
    На 1209 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Јас мислам тоа не е мала работа. Колку време си без глутен и на терапија?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.573
    Допаѓања:
    43.055
    Пол:
    Женски
    Скоро 4 месеци на терапија, без глутен скроз месец, предходно потклекнував некои денови, помалце јадев ама сепак јадев.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Терапија мислиш еутирокс? Тоа не знам дали влијае на антителата баш, глутенот би требало да покаже резултат, да се видат антителата. Мада може уште нешто да имаш автоимуно, ако не е целијакија, штознам што може да биде, тие автоимуните во пар идат. Имунолог да видиш?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.573
    Допаѓања:
    43.055
    Пол:
    Женски
    Можеш да ја прашаш другарка ти каде ги вршеше испитувањата за ова? На ехо немам проблем со тероидна вајда и тоа ќе се види ако имало нешто.
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.573
    Допаѓања:
    43.055
    Пол:
    Женски
    Немам целикија, нетолерантност имам проверував. Инаку да еуротирокс од 50мг.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.483
    Допаѓања:
    114.900
    Пол:
    Женски
    SmartSelect_20210209-211336_Chrome.jpg
    За жал не се гледа на ехо. Инаку секаде имаш во сите лаборатории.
     
    Последна измена: 9 февруари 2021
    На Biljarkata и 1209 им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.573
    Допаѓања:
    43.055
    Пол:
    Женски
    Имам камења во бубрезите и мочам многу често во последно време, баш од пред некој ден пијам увин чај мислев од бешиката е, покрај другите симптоми кои ги имам, немам повраќање ама ми се гади некогаш, е апетит имам многу, запек исто, мака мачам...може не е тоа ама ете не знаев дека постои морам и тоа да испитам значи. Фала ти.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @1209 бројче не се сеќавам добро, прележа ти корона?
    Иначе и јас имам многу болки во коски, мускули, зглобови...
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.483
    Допаѓања:
    114.900
    Пол:
    Женски
    Камењата во бубрег беа првиот симптом как другарка ми.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.573
    Допаѓања:
    43.055
    Пол:
    Женски
    Да, ама уште во Март лани, а боллите у коските се веќе со месеци, само последниве 2 некако ептен се засилени, особено навечер, предходно ме болеа вака ама по 14 саата на нога бев работев како келенерка и мислев нормално е, сега буквално ништо не работам, мислам пак сум на нога цел ден ретко се заседнувам ама сепак не е како боботење натаму наваму. Мускулите не ме болат, зглобовите да, оние на рамењата најмногу.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    AE3DD573-1FB4-4DE4-9139-B2D47E3DA38E.jpeg
    Ова е на 01.02 правено.
    C431534E-A068-4087-AB2C-73D5E73DE3E7.jpeg
    Ова е од денес резултат..
    Не ми е јасно.. Доктор ги виде, ама исто како да не ги виде. Ништо не ми кажа, не би ми дал терапија.
     
  16. Hyla

    Hyla Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво прв пат сум овде ја читам темава и би сакала да добијам мислење.Бев на преглед заради неколку симптоми при што резултатите беа следни хормони во нормала,благо зголемена тироидна и покачено АНТИ ТПО на 65 .Докторката ми дијагностицира Хашимото со тоа што ми даде терапија од 25мг еутирокс.Меѓутоа јас искрено не ја ни земав терапијата и има поминато некое време и сега нешто пак ме стави во мисла дали да одам кај друг доктор (овој пат на државно) пошто некако докторката ме помина за 3 мин и ништо друго не ми појасни,дури не ми ни кажа дека терапијата ја пиеш за цел живот.Тоа отпосле го сфатив кога почнав да читам насекаде.Е сега ме интересира пошто гледам дека овде се спомнуваат големи цифри на антитела(во споредба со моите) дали би требала да проверувам или можеби тоа може и да се регулира некако со исхрана,со оглед на тоа што од симптоми имам покачена килажа и опаѓање на коса.Кој доктор на државна би ми го препорачале?
     
  17. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    393
    Кога мене ме дијагностицираа со Хашимото, антителата ми беа 46 а таму каде што проверував границата беше до 60 мислам. Докторката ми кажа дека ова е почетна фаза на Хашимото и дека понатаму антителата ќе растат, бидејќи ако не било Хашимото тие ќе биле под 20.
    Којзнае што прават докториве...(facepalm)

    Јас моментално одам на државна кај Др.Синиша Стојановски, на патофиза.
     
    На Hyla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Не можам да најдам дали имаш пишано претходно во темава, мене ова не ми изгледа како за терапија, барем не за еутирокс. Имаш симптоми или како?
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Немам пишано, во друга тема за хормони имав резултат објавено. ТСХ не беше проверен, а фт4 изнесуваше 6,66 и затоа вчера повторно испитував. Интернист ми ги гледаше резултатите, и општо низок пролактин виде дека имам, ама онака беше незаинтересиран и не знам дали да одам на друг доктор.
     
  20. Кристина Хара

    Кристина Хара Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    534
    На колку време проверувате јазол и цисти? Јас прв пат бев пред година дена,кога и ми ги открија. Цистата 1 цм ,уредни хормони. Не знам зошто страв ми е да одам. Вака не осеќам тегоби. Можеби сосем мал притисок кога ќе притиснам на жлездата.