Здраво до сите, поставена ми е дијагноза Хашимото со хипотироид. Терапија стандард, 25мг еутирокс. Е сега ме интересира мислење од некој со истиов проблем. Иако хормоните ми се во рамки на границите, антителата ми се прилично високи : анти тпо - 13.88 <3.12 и Анти тг 454<13.6 Дали некој може да ми каже постои ли начин да се намалат антителата во иднина. Докторката освен да намалам со шеќер ништо останато не ме упати. А како што истражив, пожелно е да се отфрли глутенот. Ве молам за дополнителен совет
За антителата, селен (200ug или 2-3 бразилски оревчиња) и цинк (10-15 mg). Се препорачува храна без глутен, иако кај мене конкретно нема некое влијание. Не се многу високи антителата, ќе се намалат за неколку месеци. Имав и јас слична таква ситуација.
Дали внесуваш суплементи? Витамин Д, магнезиум, Б12 и фолна (метилирани овие две)? Б-комплекс, вит Е? Зголеми малку на витамини за да добиеш сила. И болките ќе се поднамалат. Со времето како си? На ладно како се чувствуваш? Мене многу ми смета ладното, немам сила, имам треперење во раце/нозе и туширање со жешка вода помага многу.
Не можам да зголемам, доволно ми е ова, пијам Д 2000, б исто, магнезиум не пијам и фолна не, вит е пијам и рибино масло. Ладно не поднесувам ни јас, еве сега сум добро, недела и повеќе немам болки, пред циклус ми се јавуваат вајда хормоните ми лудуваат тогаш, ама ќе испитам и други работи, не можам моментално оти маж ми не е баш добар со здравјето и сега сме со него по болници и ми се смачи од доктори, ќе идам за некое време и ќе испитам дополнително.
Мене антителата ми се над 1000. Терапија не примам никаква, ништо не ми даде докторката, а тсх ми е ок. На 05.04 ќе правам контрола.
Може не ти се доволни витамини. Има B- комплекс од Солгар, за енергија. Содржат малку повисоки концентрации од другите вообичаени таблетки. Можеш да пробаш со нив. Секако, ова е само мој предлог (од искуство и малку знаење), но штом не се чувствуваш добро повремено, пробај да најдеш што ќе ти помогне. Можеш да земеш и гел алое вера, ептен ќе те подигне за 1-2 недели.
Тсх е ок, но ft4 е на долна граница. Најдобро е да биде што повисоко, од средина погоре. Може затоа ти се спие. Провери си и ft3. Tsh не е секогаш индикација за потреба од терапија, треба да се гледаат и слободниве хормони. Каде одиш на прегледи?
Фала на советите мила. Во ендомед бев, прв пат. Овие се рез од тогаш. Во април сум закажана во акус медикус.
@fana и кај мене антителата се над 1000, ама кај мене и тсх е многу висок. А и јас исто немам некои особени симптоми како умор и слично. Освен што малку ми е наопачки циклусот, ама тоа никој не ми го зема здраво за готово
Циклусот и мене не ми е најсјаен (последна на 18.01 и немам добиено), ама па никогаш не ми ни бил сјаен. На прсти можам да избројам колку пати ми дошло на 28-30 дена.
Мене точно навреме ми доаѓа, ама наопачки ми доаѓа и си оди. Еве, баш последниов пат рачунав, точно на 28 ден добив. Ама пред да добијам ми е хорор, две цели недели ми е живо мачење. Освен тоа со циклусот, друго ништо не осеќам од симптоми.