Не разбирам зошто би била преуморна, симптомите на хипер се баш обратно од умор колку што знам. Високи тироидни хормони може да индицираат хипер-тироидизам ама ТСХ е невообичаено смирен, немам ум да помогнам со совет
Ептен е збунувачки резултатот, матичната и рекла да не е грешка од лаб, а гинекологот и рекол тсх е супер, другииов и да е моментално покаченз тсх ќе изрегулора и ќе го намали и другиот....не знаеме ни ние, ќе чекаме ехо и ќе повтори испитувања...
Девојчиња ако може мислење. Веќе 4 години имам хипотироидизам со хашимото и примам еутирокс. Но пред 2 недели бев на контрола на Патофиза кај докторката што ме следи, ме виде на ехо, ми кажа дека состојбата си е иста како и контролата во месец Јули 2020 (жлездата почнува да атрофира) и ми земаа крв за проверка на хормоните и антитела ( за антитела немав направено проверка можеби 1 година). Ми стигнаа резултатите, ТСХ не е страшен и ми намалила докторката терапија, но ме плашат резултатите на антителата. Што мислите за нив? п.с. во меѓувреме треба да почнам со постапка за инвитро па ми е страв нешто ова да не искомплицира
Според мене, ок се резултатите. Не би требало да имаш проблем при ивф. Дури и одлично е што тсх е околу 1. За антителата ќе припазиш на храна и земај селен и цинк. Само, не ми е јасно како почнала да атрофира жлездата, а состојбата е иста од минатата година? Значи не е иста ако почнала да атрофира....така? Што ти кажа минатата година? Што ти кажа за атрофирањево?
Почната е да атрофира од поодамна не е од пред 1 година . Антитела немав проверено скоро година дена, можеби грешка си ме разбрала. Инаку за антителата не се премногу виски особено thyroglobulin-от?
Ахааа....епа ок. Мислам дека тој процес оди бавно. Добро е што нема промени. Анти-ТПО не е страшно, а за другиве, според референтните вредности, изгледа дека се доста покачени, но искрено, не знам што значат овие антитела. Но, не може многу да се направи со нив. Колку се толку, не ги мисли. Земај си ја терапијата и внимавај на храната (верувам дека тоа и го правиш штом си пред ивф).
Па да но не сум на безглутенска исхрана , најверојатно ќе треба да пробам со неа. Ти благодарам на одговорите
Не мора да бидеш на безглутенска исхрана, само поднамали глутен. Многу протеини и зеленчук. Успех во постапката!
Гледам почнаа да се копираат мислења од минатиот век, па си ја зачитав темава од почеток Сесил или некој, искуство со леков или да го кажам препаратов?
За што станува збор?Јас имам јазли и ме советуваат да ја вадам цела...Не знам дали има друго чаре?Ти благодарам
Istrazuvajki na net naidov na Ajurveda centarot vo Skopje I dosta iskustvata od luge koi se izlecila od razni bolesti, pa Sega neznam zatoa prasuvam mislenje od nekoj
Што е ова Ајурведа? Пак на некој му текнало од витамини и масла што можеш да ги најдеш во секој маркет и аптека, да направи религија и да лажи народ?
Мислам дека е обратно, од религија од пред исус, да направиш можеби-медицина. Кој ќе го знае Не @bonbonka немаме искуство, и по 2 недели ќе немаме искуство, да имаше некој ќе кажеше досега.