Препорака за приватна ординација и за хормони и за ехо со можност резултатите да се добијат истиот ден.
Здраво девојки јас ви се придружувам. Хипотироидка, па сакам да праам неколку прашана во врска со Хипотироидата и начинот на живот од пред некој ден земам 50 мг еутирох. Колку време треба да помине да реагира и да биде се во нормала? 1.Дали ке ми се врати во нормала силата за вежбање? 2.Дали пиете алкохол со лековите? 3. Дали ке ми се врати концентрацијата за работа и учење? Рес хумана Зависи кој регион во ск си
Мин. 3, или 4-5 месеци за да се стабилизираш. 1. Да, но ќе има променливи периоди кога ќе снемуваш сила, па пак ќе се враќа, и се така во круг. 2. Да 3. Да. Генерално, квалитетот на животот ќе ти се промени и нема да биде се’ како претходно. Барем кај мене е така.
Здраво..Почнав од денес да примам терапија (Тироксин) бидејќи ми е намалена функцијата на тироидната . Дали некој се соочил со негативни ефекти од лековиве што се земаат ? Малце ми е лошо и се осеќам како да немам воздух , како да ми стои грутка кај грлото а проблемот е тоа што мислам дека ми е на психичка база . Ме фати страв кога ми кажаа за дијагнозава и сега само мислам да не ми се деси нешто од апчињава
Ќе бидеш во ред, не си сама, многу сме. Мислам дека од едно апче не можеш да имаш такви контра ефекти. Не се плаши од лекот, ќе ти помогне за состојбата. Ако ништо друго, благодарение на него ослабев, и се вратив на некоја нормална тежина.
Здраво.. незнам дали прашањето е за тука.. Имам хипотиероидизам-хашимото веќе 4год. Моментално сум бремена 31недела, земам терапија еутирокс-75мг.Хормоните се во ред(редовна контрола, секој месец). Прашањето ми е, плодот си расти се, само не се дебелее-како да кажам, точно за неделите димензии, но многу слабичко. Јадам се, протеини, витамини...., но нема подобрување. Докторите ми велат се е во ред, само многу слабо. Незнам што да правам,како да го здебелам. Јас мислам има време до 40недела, ама тие на секој преглед само тоа го потенцираат. Дека од тироидната жлезда не се дебелееме. Јас претходно многу се дебелеев, а сега многу малце. Дали имате некој совет,во смисла на јадење, некој природен продукт....некој со сличен проблем?
Здраво☺️ Сакам да прашам да ми препорачате добар доктор за тироидна жлезда поточно ехо Докторката што ми го следеше израстокот е на породилно и сега барам препорака за нов доктор. Пријатна вечер.
Anti tpo под долна граница какво значење имаат во резултатот? Другите параметри во граници, читам до сега ама конкретно не наоѓам, некој со повеќе знаење да ме упати некако
Добредојдов на темата. После лутање, проверки.. Испадна дека имам екстремна нефункционалност на тироидната жлезда. Сигурно и претходни не била во ред ама сега приметив кога ми опаднаа сите вредности и опаднав цела Терапија 100мг. Лтироксин. Ова дека во Германија живеам затоа вакви таблети. Холестеролот ми беше со вредност 400. Се мислеа дека имам заматен црн дроб. Ама на ехо се покажа се во ред. Сите органи се во ред. Белким ќе живнам од терапијава
Е да, висок холестерол е врзан со хипо. И тоа скоро го дознав. Покрај терапијата сепак пробај и диета за детокс. Само хипо или и хашимото имаш?
Може има некој назад пишано, дали знаете која приватна лаб. у Ск испитува само антитела на тироидната? Пошто државно нема термини, тука кај нас можам хормоните да ги испитам само ама антитела не испитуват, а треба и за нив контрола. Кај таа што бев предходно само пакети има, ехо, хормони и антитела и ме кошташе 100 евра и не можам пак да давам толку за комплет кога реално неам потреба.
Како што разбрав имам и хашимото. Пак ќе речам ова ми дојде ново денес. Имам закажано на радиологија па таму ќе дознаам повеќе. Да детокс обавезно. Инаку по колку време делуваат таблетите? Кога има резултат?