Девојки имам три години дијагноза хашимото со хипо , само што ми ја воспоставија дијагнозата почнав со еутирокс 12.5 мг ( 25 на пола ) пиев околу 7 месеци и ми го прекинаа , од тогаш навака постепено качувам килажа што тигнав до 25 + .... бременоста ја поминав добро само 9 кг качив и после пораѓај ги симнав ама од тие 25 + неможам ништо да симнам и диети и нејадење ништо не ми помага .... некој совет за да се вратам во нормала некој поефективна диета зашто од сите симпроми само овој ми смета многу .. Последна контрола тсх беше 4.6 , а антителата за еден месец ми се симнаа од >1000 на 490
@naturallmess терапија со Еутирокс не се прекинува НИКОГАШ. Тебе ти е воспоставена и дијагноза хипо со хашимото (и јас сум така) и речено ми е дека до крај на живот се пие. Тоа една работа, друга работа, како тоа во бременост си била без терапија... колку само Господ ве чувал немаш поим. Тоа како што знам е најризично. Јас еве душа немам во мене да се видам со докторката за некој ден, бремена сум, знам дека ќе ми каже да зголемиме терапија. Тсх ми беше 1.9 пред две недели проверив. Килажата ја имаме и ние со терапија, побавен е метаболизмот и тешко се слабее, тоа прифати го. Ептен треба физичка активност и храна без глутен за да симниш нешто. Препрашај доктор за оваа работа што ти велам. Со дијагноза без терапија не бива таа работа
Првиот пат ми дадоа терапија кога бев бремена , го изгубив бебето во 14 та недела заради плацента и високи дидимери , после спонтаниот ми ја прекинаа терапијата , поминаа 18 месеци пак останав бремена и ја прашав докторката ( Оливера Арсиќ) за еутиоркс ми рече нема потреба , од страв бев кај друг доктор( Зоран Михајловски мултимедика ) и тој исто ми рече , па кај уште еден отидов ( др Мухамед сингилиќ му беше ординацијата ) и тој исто на крај и на приватно бев и таа докторка ( др. Габриела ) ми рече терапија нема потреба , тироидната ми функционира хормоните се во ред само антителата се високи .... со контрола секој месец истерав бременост бебето се развиваше супер само се породив 36 та недела
Штом 4 различни доктори биле согласни значи се средила кај тебе тироидната. Проверувај често хормони за секој случај. Такви случаеви како твојот има 1 во 1000000 среќничка си
Здраво феминки, си направив редовна контрола на тироидната бидејки мајка ми има проблем и нели наследно е па ја следам и еднаш годишно проверувам хормони. Сега прв пат испитав и анти-тпо и покачени се. Ендокринологот ми препиша само Селен и ништо друго. Инаку имам истерано 2 бремености топ, со мирна тороида. Совет дали да паничам и да одљм кај друг ендокринолог ...
Габриела и мене ми рече немам потреба за да си се шетам така 3 години и на крај да почнат отоци, паѓање на коса, пореметен циклус итн. Сега си пијам терапија, треба да закажам контрола. Ама штетите се направени. Килажата зголемена, умор, нервоза, анксиозноат.. да не редам. ТСХ кај некој со 4.6 како кај менр може да појави многу поголеми проблеми од кај некој со 10 ни да го осети. Не е мерило нивото туку последиците што ги остава.
Антитела ти се симнале само од еутирокс? Колку се останатите хормони, дали се во рамки на нормала? Витамини, диета, нешто?
Антителата се симнаа за време на бременост , пследна контрола што ја направив 35 та недела беа 495 , докторот рече се случувало и така , тогаш стандардни пренатални витамини пиев , сега пред една недела правев исто си стојат антителата само сега и диети и постење и се пробав ама не ја бива други витамини не зимам .... Единствен проблем кој излезе беше намалена лактација и тоа многу , уште среќа ја одржавам ама пролактинот беше паднат екстремно и во бременост и после пораѓај ( со другите две деца без проблем на ексклузивно доење сме биле ) со ова бебе мораше да вклучиме дохрана, ми кажаа одма кога се породив дека хашимотот кај малку случаи може да намали лактација или скроз да ја снема ..... тсх 2.6 максинум до 4 се качувало до сега
Ќе се самоцитирам, затоа што може на некој ќе му е од корист моево искуство Не добив никаква терапија поврзана со тироидната, само Достинекс (за регулирање на пролактинот), па повторно ќе одам за 1.5 месец на контрола (со проверен пролактин, TSH и TSH R ab - за да се види дали има почеток на Гравесова болест). Во извештајот ми стои дека тироидниот хормонски статус оди во прилог на субклиничка хипертироза без симптоми. П.С. Каде обично ги правите испитувањата, дали во некој приватна лабораторија или во државна? Доколку не е проблем да ми препорачате (затоа што конкретно за TSH R ab се јавив на неколку места, и по одговорот имам чувство како прв пат да слушаат за тоа - дури во едната лабораторија ме убедуваа дека е обично TSH. Јас не знам точно ни што е разликата, меѓутоа ми кажаа да направам TSH и TSH R ab - така да од тоа сфаќам дека се 2 различни испитувања). Доколку некој има правено, би ми значело доколку ми каже каде го правел. Фала П.П.С. Дали TSH R ab е исто со Anti-TG (ова го гледам почесто во лабораториите)?
Ако си во Скопје оди во Биотек, Авицена, Рамус, СИНЛАБ .. се ќе ти кажат и објаснат убаво. А можеш и на тел да се консултирас.
Јас само да ве посоветувам обавезно ехо да си правите. Во ред хормони испитување, ама обавезно барајте и ехо.
Дали во Скопје има лабораторија каде што можам со упат од интернист да испитам хормони и антитела за тироидна, НО резултатите да ги праќаат на маил, а не да се оди лично до таму?
Девојки изгледа ќе се вакцинирам со спутник вакцината,е сега прашањето ми е-Дали некој има искуство со хаши-хипо и примил вакцина и како ја поднесол?Дали е безбедна за овој вид состојба.Ви благодарам
Здраво. Имам упат од интернист за хормони на тироидна тсх и не знам што друго. Прв пат проверувам. Треба да одам во Јане Сандански. Ништо не го разбрав д-р. Прашањето ми е од колку часот треба да одам, каде точно? Не треба никакво закажување само упатот? И дали да одам сега како е со гужви ако знаете? Д-р ме праша дали Јане или Букурешт ама знам во Букурешт вакцинираат Ковид па реков Јане. Да не згрешив не знам каде е подобро? А ако одам на приватно која е цената? Фала многу.
Јас ги правам со упат на клиника, бидејќи многу поефтино доаѓа, околу 700 денари, додека пак приватно кога правев на почетокот ме фаќаше добри неколку илјадарки (сега најдов една потврда за два хормона 2000 денари, не можам да најдам некои од другите сметки). Е сега ова TSH R ab не сум го испитувала, а на резултативе од клиника на листот има едно поле A-TSHR, па можеби е тоа? Најдобро да се распрашаш да не ти дадеме погрешна информација
Оди рано сабајле, гледај до кај 9 ч. да ти земат крв. Не ти треба закажување, ќе почекаш ако има некој пред тебе. Доволен ти е упатот. Не си згрешила и јас таму имам испитувано, ок си е. Влези од главниот влез и има шалтер за информации, таму распрашај се, ако добро се сеќавам(одамна бев) мислам како лабараторија беше пишано и дека беше на 1 спрат ама прашај за точно
Колку најрано можам да одам? И што значи тоа, земаат крв и после треба да одам по резултати? Кога? Сигурно е ок туку сега ме плаши не знам дали таму има пункт за вакцинирање против Ковид па да има гужва. Викенд работат или не? Фала ти многу
Мислам 7 почнуваат, ако сакаш ептен рано биди 7ипол, тогаш веќе се почнати со работа. Ти земаат крв, и колку што се сеќавам можно е истиот ден после 13ч. да се готови или евентуално следниот ден. Можно е сега со ситуацијава да праќаат на маил кај тој што ти го издал упатот, во случајов интернистот. Сега со вирусов може е променето, и верувам праќаат на маил, прашај додека ти земаат крв. Не би требало да е таму бидејќи сепак и на обични пациенти треба да земаат крв да не ги мешаат со тие што имаат ковид или што се за вакцинирање. Јас кога бев кај матичниот, на сосема друго место беше за тие со ковид, сѐ си е посебно. Викенд не работат. Нема зошто