Јас не баш добро од аспект на косата односно останав без неа Шала на страна, дали од доењето, дали од тироидава имам 30% коса помалку. Би ми помогнал ли Алпецин шампонот? Или ако некоја друга има сличен проблем нека помага.
Се извинувам што се убацувам ко џокер у покер на темава, ама за шампонот Алпецин слушнав добри препораки и тоа баш од доилки, една мама ми кажа дека баш тој шампон и` ја спасил косата за време на доењето. Тргнав да го купам ама го немаше во аптекиве кај мене во населба, инаку изнесува околу 400 ден...на мм му паѓа косата и дефинитивно ќе му го купам. Проба и шампон од коприва, читав низ темиве дека го спречува опаѓањето на косата, ама него почна да му се прави многу перут па го прекина. Можеш и со шампон од коприва да пробаш.
Јас би ве прашала во која лабараторија и каде одите за проверка на тироидните хормони . затоа што секаде не се исти вредностите ? Поздрав и ако некој може да го сподели со мене проблемот за Хашимото кој има и какви симптоми чуствува?
јас одам во атик кор.ова со косава и мене ме погоди иако не дојам ,не знам зосто бев на контрола и хормоните во ред,може од друга причина.јас порано купував шампон керамине и ми помагаше,треба пак да го купам.поздрав
Денес правев анализа на крвта и во резултатот за тироидната жлезда пишува: TSH 0.01 а треба да е (0,47-5,00 ul/UL) голема катастрофа ми стои ова Утре треба да ги однесам резултатите кај лекарот...Знае некој отприлика што значат овие бројки?
Да ве прашам нешто, дали би знаеле да ми одговорите. Некои доктори ми викаат дека со исхрана без сол, може да дојде до пореметување на тироидната, бидејќи на организмот му е потребен јод. А други пак, дека слободно може да се исхранувам без сол, не му е потребна на телото. Дали знаете кога не дај боже би можело да дојде до некакво нарушување, за колкав временски период на исхрана без сол би се направило?
ми личи на хипертиреоза,во овој случај би требало да ти биде покачен т4 и т3 хормонот,зашто ако тсх е намален фт4 се покачува и обратно.имаш ли резултати од т4 и т3 хормоните и дали имаш некакви симптоми.поздрав
Јас би прашала ако нкој од форумгиките има проблем со хипотиреоза_хашимото дали има проблеми со тресење на телото-дрхтање,вртоглавици ,потење а при тоа пијам терапија Еутирох 75 и дали е поврзано со можноста за добивање шекер.Поздрав!
Пијам Еутирох од 75 3 год. а последната год ТСХ ми е околу 4 па ке падне 3,69 и така и не ја зголемувам дозата .Незнам имам гадење,дрхтање по целото тело и ме вознемирува неможам да стојам Позз
F3 хормонот ми е 11,25 значи нормален, двајца специјалисти го гледаа резултатот и неможеа да се начудат како е можно F3 да е нормален а ТСХ да е намален. Нели и Ф3 треба да е покачен ако ТСХ е драстично намален. И заклучија дека можно е ресзултатите нешто да не се во ред ( во приватна клиника ги правев) и ништо. Пак ке одам да ми земат крв
Нема врска тоа..и јас бидејќи ги пијам уште од мала па порано ми беше страв да ги пијам цели ги дробев скроз и така ги пиев, а сега цели
И мене ме интересира ова. Видов дека некој одговорил, ама ако може малку поопширно, зашто загрижена сум. Дали некој имал ваков проблем со лековите, и дали го решивте некако? После некое време се смирува?
самиот еутирокс како лек знае да даде такви симптми за тоа што е вештацки хормон но би требало да се смират после недела дена барем мене така ми акза лекарката ама кај мене ништо темаше реакција ни најмала и за тоа се чуден да не не ми делуваат дека ги дробам ама може ете организмот ми ги прифатил сепак најдобро е консуултација со лекарот
Мене на почеток кога почнав да ги пијам ми беше хорор. Многу ме болеше стомак,имав гадење и вртоглавици. Ми се потеа рацете, а и општо повеќе се потам него претходно. За замор и поспаност да не зборам. Е сега после 6 години пиење јас си ги имам уште истите потешкотии посебно вртоглавици и замор. Но со тек на време ќе се навикнеш така да си живееш, и ко нормално ти доаѓа. Е сега да нагласам дека све е индивидуално. Јас откако се разболев сум друга особа. И заборавив да кажам дека сум мнооооооогу нервозна.
Јас Еутирох го пијам4 год и од првиот ден откако се дружам со апчето мене ми е така .Ненормално потење а претходно не сум се потела,нагласена нервоза -апатија, вртоглавици ,гадење мегутоа докторите велат дека не е од апчето дека само правиме надополнување на хормонот.Незнам и затоа прашувам дали оваа реакција е само кај мене идругото се што проверив беше добро . Од колку пиете и кај кој доктор одите!
Не е возможно ова што го зборувате,па дури и во контраиндикации не го пишува тоа на еутироксот. Тоа е синтетички хормон,што значи и природно го лачи тироидата кога нормално функционира,па не ги чувствувате симптомите. Можеби имате анксиозност,не го исклучувајте и тоа како можност. А може и не ви е доволна дозата,треба да се зголеми или пак е преголема па не ви прија,ама во ниту еден случај вакво нешто не може да ви се случува. Јас пијам веќе неколку години и ниту еднаш не ми се има случено нешто такво.